Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтано породување или со царски рез?

Дискусија во 'Бременост' започната од Cka, 30 јули 2017.

?

Каде и како се породивте?

  1. Природно, во приватна клиника

    100 глас(а)
    17,6%
  2. Природно, во државна клиника

    211 глас(а)
    37,2%
  3. Со царски рез, во приватна клиника

    118 глас(а)
    20,8%
  4. Со царски рез, во државна клиника

    158 глас(а)
    27,9%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Скоро 3 години по царски, по дифолт е царски за втор пораѓај или ќе ме убедуваат за природно вториов пат?
     
  2. Slonce91

    Slonce91 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2019
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Сетрами остана после 6 месеци бремена после царски, па немаше никаков проблем, се породи во 39 недела пак со царски, брз грижа тоа си е зараснато. Само убави мисли и да си ја смениш докторката :)
     
  3. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    До докторот што ќе те пораѓа е. Јас сум со прв царски, воопшто не стана збор дека вториот мора царски да е пак. Докторката рече ќе видиме од детето како ќе се постави/спушти, како ќе тече отварањето, ќе се даде шанса за природно секако доколу е и моја желба.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Ќе пробуваш природно?
    Јас не сакам. Имам одбивност што се гњавев 10 саати и пак царски на крај.
     
  5. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам да, ако гледам не иде нема у несвест да паѓам дека мора, ножот не бега. :D
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Се има некој породено природно со близнаци?
    Првиот пораѓај ми беше пред 7 г природно сега би пак пробала природно но дека се две па ми е страв малку како ќе биде тоа :rofl:.
     
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Еве јас сум 3 години по царски и пак ќе сум царски не се нафаќа докторката природно ради претходно дека завршив на итен царски али ова ти зборам за систина, за државна ми рекоа дека може да се проба природно ама они од ракав го истресоа зошто не ни знаат што се случувало со првиот пораѓај.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.232
    Допаѓања:
    76.239
    Пол:
    Женски
    Имам другарка прво природно, втора бременост близнаци исто природно и тоа во 3 отидена на пораѓај во 6 веќе породена (едното, па за 2мин другото излегло) :) Ако се убаво наместени, зошто да не :)

    Имаше и форумџика една исто прво природно и после близнаците природно, незнам само дали е активна ама може да најдеш нејзини мислења од порано..
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Баш наредна недела ќе ја прашам матичната далли овде во Германија се нафаќаат природно да породат близнаци акко е се во ред нормално.
    Фала ти ми даде надеж дека може пак природно ќе сум но има времее до лето :D.
     
    На Limeta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Limeta

    Limeta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2023
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Имало и тема за ова па го префрлив тука прашањето
    Дали некоја има царски рез позади себе? Првото спонтано го родив, доста брзо се одвиваше пораѓајот, да болно ама се издржува.
    Сега за близнаците од повеќе причини, мислам дека ќе биде царски рез.
    Како оди опоравувањето? Дали е многу тежок периодот потоа и долго ли трае?
    Мислам со тешко срце ќе ја донесам одлуката, знаејќи дека после природниот пораѓај во секунда ми исчезнаа сите болки и бев во можност се да правам како никогаш да не сум раѓала...
     
  11. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    На кратко само компарација ќе направам. Јас породена со царски цимерката наредниот ден природно, со минимално шиење. На 4 ден исто подвижни излеговме од болница.
    Рана е боли да, но ништо фатално. Секое тело различно закрепнува, но недела до две максимум и забораваш дека воопшто рана си имала, а поготово со мало дете дома и близначиња нема ни да си свесна. Само храбро мајка и Господ со вас.
     
    На Limeta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Limeta

    Limeta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2023
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот мајка:l: само убавини и кај вас
     
    На Mom's_life му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.232
    Допаѓања:
    76.239
    Пол:
    Женски
    Јас имам прв природен, втор итен царски. За природниот нема да зборам, посебен случај со големо бебе и си се намачив. Е царскиот итен, во сала ме внесоа. Јас мислев не се ни почнати, тоа викна бебе да плаче :D Опоравувањето ми беше навистина брзо. На втор ден веќе си станував и сама, а на 7ми ден дома сама бањав бебе под чешма (со една рака ја држев, со друга ја бањав) :D Раната е баш ниско, каде не се напрегаат мускулите многу и затоа само на станување повеќе боли. Кога мируваш, не боли. Од ден на ден е се полесно и полесно. На цела окупација со две бебиња, верувај нема ни да имаш време да помислиш на болката :D Со лесно!
     
    На Limeta, MinnieM и Martka им се допаѓа ова.
  14. Limeta

    Limeta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2023
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Фала :l: искрено првиот пат кога ме пратија во соба, буквално летав, немав никакви пречки ниту болки иако добро бев шиена долу, ни рана осетив ни нешто мачкав...
    Сега ме кочи тоа дека веќе 6 недели сум во кревет, телото ми е многу ослабнато, едвај се придвижувам, сила немам никаква. А и тоа како е потребна за природен пораѓај, во случајов дупло:)
    Исто и краткото време во кое треба да излезе второто бебе (со нозете е надолу) па 50-50 е да мора да се извади со итен царски, со целосно успивање.
     
    Последна измена: 17 ноември 2023
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.232
    Допаѓања:
    76.239
    Пол:
    Женски
    Така маката па дупла. Имаше една женичка првото кога го раѓав со близначиња, едното природно.. второто итен царски. Па дупла болка :drunk: Види како речат докторите, зависи како ќе се наместат бебињата. Со лесно само :hug:
     
    На Limeta му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Со првото сум природно породена во Систина со 4 дена болки, споро се отварав, со епидурал, па фати само од десна страна, на крај некако успеав.
    Сега ми е на мисла царски, знам дека пак нема да се отварам со денови,и тие лажни контракции и прегледи со рака мене ми беа хорор плус сакам и подврзување на јајници да направам, а матичната ме предомислува дека подобро е природно, може во иднина ќе се предомислам за трето а таа да ми ставела спирала после како заштита.
    Главата попара

    Ве читав @joy1 и @TeddyGrey
    Знам дека и со двете имате искуство, со вашите мислења 80% сум за царски :D
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Најубав совет ќе ти даде докторот што ќе те пораѓа,

    Јас сакав природно и вториот пат, ама не бирав, не пројдов лошо и сепак е операција.

    Со второ полесно ќе се отвориш, во твојот случај би одбрала природно ама договори се да не те мачат со денови ако не иде.
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Немора да значи и јас едвај се отварав со првото, па сега со второ со 5 прста стигнав во болница и тоа за саат време сум се отворила да сум почекала уште саат време дома можеби и во кола ќе сум се породела :D
     
    На MinnieM, Slonce91 и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  19. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    Кажи како? Да не живееш во висококатниците па пешки де качуваше по скали :D сериозно де што е за побрзо отварање е плус совет
     
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Да ти кажам цел ден шетав купував па дома чистев, перев завеси и си легнав вечерта така бев успана кога се разбудив имав болки и мислев во вц ми се оди додека сфатам дека се родилни помина цел саат :D