Какви ти беа болките? Како ги чувствуваше? И што точно те болеше? Ја сум отворена 1 прст, си терам секојдневие, до пред малку чистев, па да прашам да не треба да се спремам за Систина
Јас мислам од 36та натака ќе удрам на пешачење, чистење рибање до бесвест, секс, урми и ќе идам во Џевахир да ги прашам дали може да влезам и да се качувам цел ден до таму 40 кат по скали
Царски рез со спинална анестезија во ремедика уште 2012 година доктор ефремов ми го правеше царскиот рез и многу сум задоволна ништо не се познава по операцијата не веднаш нормално но еве 11 години поминаа како и да немам операција многу добро помина околу 50-60 минути траеше се од почеток па до крајот пред да ме однесат на интензивна нега презадоволна
Болките ми беа како за нагон во тоалет, буквално како стомачен вирус да ме има фатено или пак некогаш од јаки менструални болки кога те тера во тоалет да одиш и стомакот ми беше згрчен цело време освен кога малце попуштаа болките. И реално не можев убаво да одам па до кола на прсти газев
Да , јас царски бев кај Гордана ,по своја желба.Јас поминав одлично.Свесна бев дека како операција носи ризик .За среќа немав ниту болки ниту компликации.Петок ме оперираа,понеделник дома бев.Со лесно
2 години размак минимум после можеш да си тераш.а чим си прво царски никој да не те убедува природно исто царски рез
Јас претерано се плашам, ама ептен стварно. Баш почнав да размислувам како би се пораѓала иако цел живот викав царски. Дали со епидурал стварно не боли? Многу ме плаши и проверката со раце за да проверат колку е отворена жената. Дали царски може да се одбере датум по желба после 36та недела или се следи па др кажува кога е време. Знам за природно се оди на цтг. Да не се случи закажан царски, а фатат болки порано за природно, тоа ме буни.
Во иднина кога ќе останам бремена сакам да се породам природно во приватна клиника,освен ако не налагаат околностите да биде со царски рез.
Jas sum porodena so prvoto so epiduralna,pri samiot poragaj ne osekas nikakva bolka osven napon kako za odenje vo wc, ama bolkite prethodno si gi isterav isto kako menstrualni samo mnogu pojaki ( jas imam i bolen ciklus) a pregledot so raka, na tie bolki taka receno ne ni osekav koga me proveruvaa
Нема шо да се плашиш, не е страшно, поминува, се издржува, без разлика каков пораѓај ќе имаш. Јас двете ги родив природно без епидурална, царски не би одела само ако веќе се мора, јас пак се плашам од рани и не можам да ги гледам. А проверка не боли, не знам кој те наплашил за тоа, бар мене не ме болеше. После пораѓај природен, буквално како ништо да не било, брзо се закрепнува.
Фала ти. па овде што читав и од другарки. Језиво ми е штознам, спекулум едвај издржувам. Имам уште време за размислување.
Мене еве ме фатија болки, а морав царски. Ако мора и да те фатат болки, ќе те однесат прва во сала и ќе биде царски. Датум по желба нема.. докторот кога си е на раб, он си одлучува датум. Еве јас изразив желба за август да го фатиме.. ама бебе реши пред.. бидна 30 јули А докторот рече ајде ќе почекаме и август, ќе бев веќе 39та тогаш. Ама болки ме фатија и немаше чекање
епа тоа не ми беше јасно, договарањето термин како оди. Спремно си било бебето Брзо ли се опорави од царски?
@snowwhite.24 Ти мачкаат очи. Јас сум иста лигла како тебе, од спекулум се препотувам 20 пати. Прегледот со рака е бљакс, у најмала рака непријатен. Епидуралот за природен кај мене не фати. Царскиот боли дур си у болница, дома коа ќе стигнеш ќе го заборавиш скроз, јер имаш бебе за чување. Бирање датум има, али ако пукне водењак сепак нема… On the good side, дента коа ќе дојде редот, и најголемите лигли добиваат супер моќи. Со лесно
Да, баш брзо и овој пат. 1м не е поминат, а одамна супер се чувствувам и не ме боли ич. Во болница тие денови болеше највеќе.. дома уште 3,4 дена надворешно ме печеше раната (ама нормално функционирав) и после веќе ништо. И појас дури си ставам за стомакот
Мојот пораѓај беше договорен царски заради здравствени причини по препорака на гинеколог и трансфузиолог .Договрен датум со докторот и на тој ден ми пукна водењакот.Болки имаш ама се се заборава за некој ден.И да треба повтороно да раѓам пак би се одлучила за царски.Според мене секој треба да има право на избор .
Bebe 3400 mi go merat so obem na glava 100.. Terminot mi e nadminat 3 dena me sledat na ctg e sega mi zakaza petok i mi rece kje se dogovorime sto kako mislam deka misle za carski prvoto mi e prirodno pa me intersira nekoja so sl iskustvo dali da probuvam prirodno ili da si odam pravo carski