1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 28 јануари 2011.

  1. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    473
    Мене ми правеа киретажа, крварев од тоа една недела, па после уште 3 недели се чистеше како нешто кафеавко, и еве сеуште ништо од редовниот циклус. А ми беше редовно дури до саат, а сега нема па нема. Си викам да не ми е нешто пореметено од киретажата :?: Леле колку едвај чекам пак да затруднам.
     
  2. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Jas posle kiretazata voopsto ne krvarev,ni kapka! A i iscedokot si bese normalen.
     
  3. O.l.e

    O.l.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    Вака сега, ми треба помош, незнам како да и помогнам на една пријателка.
    Пред скоро 2 години беше бремена со близнаци и имаше спонтан во 4 месец од бременоста.
    Разговарав и со уште една познаничка која се најде во иста таква ситуација малку пред пријателката но таа набрзо остана бремена и сега веќе има ќеркичка од 1 година, таа ми рече дека -се е во психата-, треба да се опуштат да не мислат на тоа. И двете носеа машки - близнаци ако тоа нешто значи.
    Само што многу ми е криво за пријателката, сите можни испитувања ги поминаа до сега, ги уништи состојбата во која се наоѓаат веќе подолго време, постојана напнатост, се излудуваат со сопругот... :(
     
  4. lilipus

    lilipus Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Многу сум тажна во саботата ми кажаа дека бебето нема срцева акција и дека веќе било умрено и не се развивало... Денес пак ќе одам кај повеќе гинеколози за да прашам повеќе мислења... Цел свет ми се сруши а толку бевме среќни.... Сеа имам една заблуда дали после киретажата може да ми остави некои последици.. Помагајте многу ми е страв !!! И дали има некој друг начин освен киретажа .
     
  5. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    која недела си?
     
  6. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Е па тоа е и најголемиот проблем ШТО ЦЕЛО ВРЕМЕ МИСЛАТ НА ТОА.......од друга страна ќе речеш како да не мислиш и да во право ќе бидеш,ама пак ако најди некоја занимација нешто со што ќе го потполнува времето и ќе ги олесни мислите колку толку тогаш се побрзо ќе се случи.
    Колку повеќе мисли и таа и тој толку повеќе нема да можи да забремени.......тоа го кажувам затоа што и мене ми се случило и знам дека кога се опуштив и кога легнував со мажот ми не со цел да забременам туку да си ја задоволам душичката :lol: толку побргу останав бремена.



    Ако си на почеток на бременоста нема да има никаков проблем правењето на киретажа......сега се докторите каде каде пософистицирани а не како порано кога се правеле големи грешки,а ако си во поголеми месеци тогаш сигурно со провокација ќе се породиш па и тогаш не би требало да има проблем......биди само силна стварно е многу тешко кога ќе го изгубиш тоа што е во тебе,ама сепак остани силна и кога доолно ќе закрепниш по неколку месеци пак ќе си останиш трудна и сето ова ќе ти биди само како лош сон
     
  7. lilipus

    lilipus Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски

    8-ма недела сум влагам за 9 та ...
     
    На snowqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    Обавезно да отидеш и кај друг гинеколог на преглед! кај мене исто не се гледаше срцева акција во 9 недела, наредниот ден кај друг доктор се виде срцева акција и супер ембрионче :) А имаш крварење? знам дека ако не е во ред бременоста самиот организам на мајката го отфрла ембрионот а гинеколозиве прават киретажа за да не се чека на природата . не мисли сега на киретажа,распрашај се за добар доктор ,пред се да има добра апаратура и мој совет ти е да отидеш на приватен доктор. Иако не дај Боже ти е потребна киретажа,за последиците што прашуваше се сложувам со Филипоска. те чекаме со добри вести :)
     
  9. lilipus

    lilipus Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќна бев приватно со најсовремена апаратура и тоа што тој неписмениот доктор ми го кажа излезе дека не е точно !!! Бебушот е жив и здрав ми го пушти срценцето да го чујам и бебушот го видов !!! Надвор ме чекаа мајка ми и кумата а пак додека маж ми од возбуда излегол надвор .. Целата бев возбудена кога им кажав почнаа да плачат од радост и сите жени што чекаа на ред и нив ги расплаков :)
     
    На Radost i ocaj, Srekicka, Danni79 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    :clap: леле лилипус и мене ме расплака :) те чекав цел ден да пишеш! браво! ептен се радувам! ајде те чекаме во труднички муабети :* леле ме потсети на мене,ме врати на моментот кога и јас бев во иста ситуација. Сега само релаксирано,одмори се и без стресови :)
     
  11. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    473
    Колку убаво да се слушнат вакви убави работи, звучи како Божјо чудо :angel: Мене сега многу ме мачи една мисла, да не случајно и со моето бебе било таков случај, да не не било умрено, а мене ми рекоа 3 доктори дека нема срцева акција. Дента мојата докторка, и во Систина веднаш отидов кај Др.Павле Димчев и тој ми потврди. Утредента ми беше закажана киретажа кај Др. Елизабета во Систина, и таа нормално уште еднаш ме прегледа, и таа го рече истото, деке престанало срценцето и тоа многу скоро. Тогаш и јас бев 9-та недела по последната менструација, а бебето престанало да живее во 8-ма. Леле ако и моето било живо, а јас веќе по 24 часа откао дознав, отидов на киретажа :(
     
  12. lilipus

    lilipus Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски

    Денес не верував во никакво чудо не ни пак имав надеж дека се е добро... едноставно се помирив дека веќе го изгубив бебето и не сакав да си се тешам за да не ми биде полошо... Но денес кога чув и видов не ми се веруваше... А си викам а што да го послушав докторот и да го повредев моето живо дете ? Фала им многу на мајка ми и сопругот што ме тераа напред да одам и да верувам во чуда.
     
    На roza102 и Delgadina им се допаѓа ова.
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    не се измачувај повеке да згреши еден двајца али да згрешат тројца професионални гинеколози не верувам
     
  14. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    Душо вистина е, како што пишала Ева ,неможат тројца гинеколози да погрешат ;( не се обвинувај себе си дека си избрзала. во систина ја имаат најдобрата апаратура и ако на тој апарат не се гледала срцева акција тогаш навистина било така ;( Нема зборови кои може да ти бидат кажани за да ти помине болката :( Ќе ти биде полесно кога ќе ги видиш двете цртки повторно ама за тоа да се случи треба да бидеш смирена :)

    колку што знам јас абортусите во рана бременост се случуваат поради големи хромозомски аномалии,значи ембрионот ептен не е способен за да се одржи во живот :( затоа природата одлучила да ја прекине бременоста. Значи мајката во 99% од случаите воопшто не е виновна за спонтаниот абортус. Не би сакала да замислам само колку би им било тешко на тие деца доколку природата не го направила тоа :( Болката да се гледа секој ден маката на такво детенце сигурно е ептен многу поголема отколку оваа болка :(
     
    На ecapereca му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sandra.v

    sandra.v Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    10
    Девојки,само да ви кажам дека пред 2 недели имав спонтан и тоа во 19 недела.причина ке видиме од обдукцијата.веќе не знам зошто тоа ми се случи.веќе знаете прво бебенце ми умре после 12 дена,и сега пак тоа ;( ;( ;( .али најверојатно така требало да биде.поздрав до сите
     
  16. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Премногу ми е жал.... :( Како е можно во 19 недела да се случи спонтан?!?! Прокрваре? Или на преглед ти рекоа дека бебето не е повеќе живо?!? Тоа е веќе петти месец и претпоставувам си морала да го родиш со провокација :( :( :(
     
  17. sandra.v

    sandra.v Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    10
    па да.со провокација.тоа беше крај на 18 недела.па на поцеток имав како исцедог,барем јас така мислев.ги имав правено сите можни брисеви,кои секако беа негативни.но во рок од 10 дена некако се се искомплицира и не незам со се се случи.сега подетално ке ми кажат после обдукцијата.али најверојатно е бактерија ;( ;( ;( .веќе не знам зошто се тоа се случи.инаку ми правеа повторно брисеви поради што бев на терапија...така девојки,заврши и мојот втор обид да станам мајка.сега ке чекаме на обдукцијата....а да прашам до кога имавте исцедок?поздрав до сите и се надевам дека на друга тоа нема да и се случи
     
  18. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    ^^леле душичка.
    Јас сум 14 недела, а појачан исцедок имам, мислам како поодминува бременоста така се` повеќе...
    Сеуште немам направено микробиолошки испитувања, само ПАП, но не сум осигурана, моментално бркам тоа за картони, но изгледа ќе морам да ги направам најбрзо што можам и тоа приватно.
    Ти мора да бидеш храбра, работите се случуваат со причина.. те гушкам
     
  19. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    каков изглед има секретот? ако онака само како водичка или малку беличаст,без мирис или малку киселкаст мирис не е опасно, јас таков секрет имам цела бременост а брисевите и на двата прегледи ми се ок и пап тестот е добар. секако најдобро ќе покажат брисевите ама ете со картончињата.... :worried:

    Сандра ;( навистина ми е жал кога ќе прочитам ваква судбина. Само не ја губи вербата внимавај ,ете ако сега ти потврдат од патологија дека е бактерија во прашање биди внимателна за наредната бременост,можно е да ти биле лажно негативни резултатите од микробилогија, па следната бременост побарај си сама да ти препише докторот вагиналети или др.терапија,да не случајно пак ти бидат погрешни резултатите. нема ништо да ви биде ниту тебе ниту на плодот ако земаш терапија,може само да ти помогне.
     
  20. sandra.v

    sandra.v Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    10
    секретот беше прво безбоен но во лигава форма,не течен.а потоа иммалку кафеафко розав.се надевам дека ке ја средиш работата со картончињата и да идеш да си направиш микробиолошки.поздрав девојки и од се срце ви посакувам се најдобро!!!!!!!!!поздрав