Многу ми е жал душо, и мене истото ме снајде - 8 недела и 4 дена,премногу ми беше тешко, прва бременост ми беше, ама еве сега сум подобро и тоа многу. веќе станав на нозе здравје од декември ако е се чисто уредно и во ред можеме да пробуваме за бебенце. Јас правев само микробиолошки брисеви и пап тест. за понатака кќе видиме најверојатно ќе испитувам и трансфузиолошки. За причината не правев испитувања, рекоа као демек природна селекција било. А на брисевите покажа кандида и уреаплазма позитивна . па од денес се лечиме со сопругот пиеме антибиотик, пробиотик и за мене вагиналети. Се надевам ќе ја утепаме уреаплазмата Биди силна , не паѓај психички и се ќе биде во ред, ќе си имаме и ние убава бременост
Дај боже да си имаме криво ми е ама мора напред ❤️Јас само ешерихија имав другото све чисто. Така требало да биде. А односи по колку време ти кажаа да имаш?
Не ме праша мене, ама ај и јас да си кажам дека ние односи имавме 15-тиот ден по киретажата. Да бидеме на чисто, крварењето од киретажата ми беше престанато недела дена претходно.
Здраво и од мене за жал еве и јас да го напишам она што ми се случи... на 22.10 престана да чука срценцето на моето бебе во 8ма недела од бременоста. На 24.10 ми правеа ревизија и еве сеуште веке 9ти ден имам слабо крварење. Првата бременост ми помина супер без никаков проблем.Керкичката има 2 години но оваа вторава ме запрепасти сознанието дека прекинало чукањето на срценсето ми дојде како гром од ведро небо. Не можам да дојдам до одговор зошто тоа ми се случи. Дали некоја има исто искуство како моето со неуспешна втора бременост после една успешна и без проблем помината бременост? Пап тест, колпоскопија и ехо правев во април 5 месеци пред да останам бремена и се беше во ред. Што би требало да испитам ? Докторите викаат нема потреба од никакви испитувања освен брисеви
Имам другарка пред двете дечиња имаше по еден спонтан. Не мора да значи дека нешто не е во ред туку едноставно природна селекција. Во секој случај не е лошо и хормони да испиташ.
Немој да се плашиш воопошто,спонтаниот абортус не е причина за понатамошно забременување Здраво Девојки.Еве ме и мене со мојот спонтан абортус.Направив киретажа на 05.06.1986 денот на мојот роденден.Ми беше дијагностицирано Мissed Abortion.Резултатите покажаа дека имало два плода но не се развиле .Поминав без болки и ја дигнав главата горе и сега од почеток се .Мојот гинеколог ми препорача да почнам терапија со бромергон меѓутоа на денешниот преглед консттираше дека можеби ќе треба да се провери тубата на јајнијот левиот .Има ли некој вакво искуство?
Зошто мислел дека треба да се проверат јајцеводите? Имаш индикација за тоа? Си правела ли ХСГ? И на кој начин ти рече да се провери? Лапароскопија или само ХСГ?
Вчера бев на преглед и ми рече дека левиот јајник не изгледа добро ама да не се креваат паники,не е ништо загрижувачко .Моментално пијам бромергон,пијам сумамеди серепертазе.По терапијава ми рече да дојдам на контрола после добивање.ХЦГ не сум правела(ми рече нема потреба) додкеа пак докторов што ме киретираше кој е сосема друг насочи дека ќе треба да се испита .Највројатно зафатот ќе биде лапараскопски.
Па пред да почнете со нови обиди, направи си лапароскопија, ќе се видат и јајниците и каналите. Како што рече, главата горе и ќе си останеш пак бремена. Направи си ги сите испитувања за раат после да си продолжите со обиди. И ајде пак да се две бебенца, но овој пат до крај
Се надевам ќе биде се во ред овој месец ми е резервиран за секакви испитувања а од нареден само опуштање,винце и секс.Се надевам ке имам убави вести
Да ве прашам за колку време ги добивте резултатите од испитувањата на бебчето,поминаа скоро два месеци а сеуште нема резултати.