а да прашаш во болница св. Лазар? една моја блиска прашуваше 13 000 ден било. Побарај на гугл имаат сајт има и маил адреса пиши им.
Бев денес и во Систина истото ми ги потврди докторот дека сега е мн голем ризик за абортус. Бебето е веќе големо и може и без матка да останам. Морам да чекам до 16 недела и да го родам со провокации. ако имал некој вакво искуство да ми каже како оди тоа може и лп.
Недобар доток на крв и се формирала лимфа кај главата за која нема лек. Кажаа и стручен назив ама го заборавив.
Мајче прво биди силна а исто така и среќна што се открило сега. Јас нешто слично проживевав но во многу подоцна во 7ми месец. Постапката е сегде иста во сите болници. Добиваш две инекции во стомак една за са го умртви плодот друга за индукција да го индуцира пораѓајот. Чекаш болки и за од прилика 24 часа треба да го исфрлиш плодот и после тоа ќе те успијат за да те доисчистат. Ако се одлучиш за на клиника треба прво комисија да ти потпише и таа работи само во Вторник.
Колку е неправеден животот Големи гушки Породување со провокации иде вака. Ќе те примат, првин анамнеза, клизма, умртвување на плодот, па ќе ти пуштат инфузија/провокација и ќе чекаат да се отвориш, ако се одлучиш за Систина кога ќе добиеш болки можеш да побараш епидурал. За жал тоа е како прав пораѓај, само плодот мал, неделата мала па битребало се брзо да се заврши
А како оди тоа умртвување кај ти ја ставаат унекцијата. Мн ми е страв од болка имам низок праг на толеранција. Се надевам нема да е ептен болно , нема да чекаат 10 прсти. А што ако неможам да се отворам што тогаш? Триста мисли во глава. Акп не полудам за овие 3 недели добро ќе биде
Во стомак мене ми ставија и воопшто не ме болеше. А кога ќе го исфрлиш не би требало многу да те боли бидејки е мал плодот.
Ќе се отвориш, ќе испровоцираат, инфузија, таблети, рака некако ќе биде и да не верувам дека ќе е потребно 10прста за плод од 16недели, полесно ќе е секако, па со тоа и побрзо. Не се потребни тука ни многу напони, вакум, рака ќе помогне околу тоа, па ќе дојде само да го исфрлиш.. Инаку пишав епидурал, но препрашај дали и ставаат кај толку мала бременост, па се враќаме со фактот каде ,,се брзо ќе се заврши,, дали има и време и потреба од неа е знак ? За инекцијата ти пишала Мони.
Во 12 недела јас сум правена киретажа.. Со целосна, со вакум, немаше никакви компликации, многу ми е жал