Сандра стварно ми е жал, ваква работа да не му се случи ни на најголем непријател а не па на една мајка која очајно посакува дететнце. Но како што ти пишаа погоре девојките, се е со некаква причина, можеби ќе било полошо да продолжела бременоста, вака барем се решила работата пред да стане прекасно. Мораш да бидеш силна и да продолжиш понатаму. Ќе видиш дека еден ден и ти ќе бидеш мајка и тоа најдобра мајка на слатко бебенце. За исцедокот,и јас го имам цела бременост, на почетокот имав кафеав исцедок,па прокрварев два-три пати, па после 15 недела се стабилизирав во тој поглед и од тогаш имам исцедок како бело прање и како водичка едно. Значи како одминува бременсота така исцедокот е пообилен и пообилен. Мислам дека е нормално.
Silk ти благодарам на убавите зборови!и јас се надевам дека ќе биде така!а да не знаете до кога трае тоа чистенјето од крв и сега само по многу малку кафеаво?поздрав до сите! ви посакувам се најдобро
Јас после киретажата имав крварење една недела, па после уште две недели кафеаво, и последните недела дена-до десетина дена имав преку еден ден по многу малку кафеаво. После една недела немав ништо, и на крај ми дојде што ми траеше како и нормално друг пат кога имам циклус. Најважно е да имаме верба дека Бог знае кога и како е најдобро за сите нас, можеби во моментот кога ни се случуваат неубави работи, нормално неможеме да ги прифатиме, но сепак сигурно постои добра причина зошто мора да биде така. Да се навикнеме на трпение, и да препуштиме се во рацете и волјата Божја, а тој е милостив и ги гледа нашите солзи и ги слуша нашите молитви, па сигурна сум дека ќе не награди со блаженството и ние да станеме мајки на живи и здрави дечиња
значи по киретажата си добила циклус после отприлика 30тина дена така?пошто кај мене сеуште нема ништо,а ги имам предменструалните болки!фала многу и поздрав
имав и јас спонтан во 17 недела али заврши со киретажа почнав да имам крвав исцедок од кај 10 недела па до 17 одмарав лежев пиев прогестерон буцкав неделно еднаш прогестерон али на крај пак се случи спонтаниот не е лесно тешко е и безнадежново тој миг али после една година си останав пак бремена и по многу инекции капсули и лежење во кревет си добив керкичка така да и ти не очајуај се ке се среди ке ги нареди дедо боже коцките иако сега си му лута верувај се му е плански и со причина биди силна
Eva11 ti blagodaram!se nadevam deka i jas nekogas ke stanam majka!neka ti e ziva i zdrava kerkickata!znam deka taka trebalo da bide!Ecapereca i tebe ti blagodaram za odgovorot!a i vi blagodarm i na site clenovi na ovoj forum za podrskata!Daj Boze site nie da staname majki!pozdrav devojki
Сандра нема потреба да се заблагодаруваш. дај Боже поскоро да се фалиш со убави работи, да почнеме сите да си пишуваме за бременоста, какви убавини чувствуваме со бебенце во нас, па колку убаво ќе ни биде кога ќе се роди... ехеее, ова се ќе биде позади нас како само еден лош сон
Здраво Феминки. Ве читам редовно но немам многу време за пишување. Да ви кажам дека и јас го доживеав тоа грозно чувство, за жал. Бев 8 недела бремена и вчера ми правеа киретажа немаше срцева реакција плодот, макар што во 6 недела бев на преглед и све беше во ред..... но не знам што се случило, едноставно така требало да биде.
Иста случка беше и со мене, се исто, и со неделите, наеднаш нешто се случило што престанало срценцето на моето слатко бебенце а незнам што, се беше во ред со брисевите што ми ги правеа отпосле, немам ни преграда во матката што знаело да се појави и што било од најчестите случаи за прекинување на бременоста баш во 8-ма недела, не му дозволувала на бебето да расте повеќе, значи немам ни тоа, ама ете се случи... Стално си мислам на него, си знам дека си имам наше ангелче на небото, дека таму е среќно и така ми е полесно. Ќе си дојде пак кога ќе дојде време за тоа, еве во исчекување сум за (НЕ)добивање, па ќе видиме што рекол Господ Здравје само, и се ќе биде и се ќе си дојде на свое место.
Мораш тоа прашање на гинекоголот да му го поставиш. Не е за сите исто, зависи од заздравувањето на ѕидот на матката. Мене кога го имав спонтаниот докторката ми рече од 3 до 6 месеци. Ама мислам дека ќе те следи и доктор треба да ти даде зелено светло!
Јас мислам дека најдобро е да почекаш барем 3 месеци за да ги направиш сите потребни испитувања. И јас правев киретажа пред еден месец (плодот престанал да се развива ), бев неколку пати на преглед после тоа, правев ПАП и докторот ми рече дека откако ке направам микробиолошки брисеви можам веднаш да пробам. Туку сакам уште нешто да прашам. На резултатите од папот пишува само инфламација, а на колпоскопијата докторот ми рече дека има некој мозаик,најверојатно од вирус и се сомнева дека тоа е причината поради која плодот престанал да се развива. Знае ли некој нешто повеќе за тие вируси, како настануваат и како би можела да се заштитам за наредниот пат бидејќи ми е многу страв да не се повтори пак вакво нешто? :'(
и јас имав спонтан пред година и 2-3 месеци исто како на дани79 во 9та недела ми се слуци а претходно се бесе во ред а и после тоа не ми најдоа никаква дијагноза едноставно неквалитетен генетски материјал.оттогас па до минатиот месец не се ни обидувацмеповторно од страв да не ми се слуци истото.сега ми доцни 6 дена (сто не ми се слуцило досега)и ми е страв дури и тест да земам да се осигурам сто е.не ме пласи бременоста ме пласат мозните компликации.
срцка ако те плашат компикациите од огромно значење е да си направиш првенствено тест преку урината па ако е позитивен да ти потврдат на гинеколог и превентивно да си побараш прогестерон да не дојде до спонтан пак а ако дремиш и чекаш никој не може да ти помогне и не мисли дека незнам како ти е знам добро како ти е и јас имав во 17 недела спонтан па наредната бременост на секое одење во вц коските ми се тресеа да не видам крв на гаките значи за да биде се ок прво тест а после превентивно прогестерон и не дозволувај да те убедува лекарот дека не треба превентивно ништо да примис со лесно
Ах спонтан абортус нешто најстрашно што може да и се случи на една жена и ден денеска ми поминуваат тие одвратни моменти , кога и да се присетам очите ми се насолзуваат.
е да се пофалам и овде.бремена сум така барем ми показа урина тестот усте гин.да ми потрврда и дрзете ми срека да го протуркам првово тромесечје без компликации од тоа најмногу се плашам.да ви се врати што побргу
Честитки,само биди позитивна,не мисли на минатото речи си дека овојпат нема така да биде,еднаш било и поминало