Подобро во Систина оди на киретажа. Јас крајот на јули правев 10 000 денари. И условите се многу подобри отколку во Ремедика. Условите во Ремедика, како во државна болница да си, барем така беше јас кога правев таму интервенции.
Ремедика нешто збесна со цените... се е таму поскапо од Систина... Види искуства побарај за Систина и оди таму..
Се слагам не е до токлку луксузно за ценовникот што го имаат,но не се како државна. Јас не ги менувам бидејќи сум задоволна од персоналот.
Можеби си поминала добро и затоа збориш добро за нив. Секој со своето искуство. Јас три години од мојот живот поминав таму, најситните работи не се трудеа да ги откријат, само ме тераа некои интервенции да правам, колку да ми ги соберат парите. Да почнам да набројувам: Хаџи - Лега ми правеше инсеминација без проверени канали, закажена биопсија со анестезија, кревет нема за мене. Сестра Сребра ме легна на еден подвижен што го разносиваат болните, отиде по кебе, кебе стана . Закажана хистероскопија др. Петановски никаде го нема 5 часа, јас дехидрирана и нејадена, нели гладна, жедна треба да си. Човекот дојде после 5 часа со објаснување дека имал работа кај нотар. Правење ин витро со бактерија која според нив не било ништо, а излезе дека е, и тоа како. И условите беа катастрофа, за сега не знам зошто некој новој дел пуштија, а јас од мај 2016 не сум влегла таму и не влегувам и последна да е. И што услови има, дневната болница, сите на куп, и дедовци интервенција на мочен меур што им правеле, па се дерат по сестрите, и жени што правеле абортус, пункција, трансфер, деца што треба нешто ситно да им се направи, па плачат, мајките ги смируваат, сите во една соба. Едно ве-це, во кое ни казанчето не работеше како што треба. Такво искуство имам јас од РЕМЕДИКА и нивните професионални доктори.
Жално... Но затоа секој со искуството ќе си го бара најдоброто за себеси. Не можам да се пожалам,поминав и хистеро и водам бременост тамо до сега фала му на бога сум во добри раце. А киретажа на државна
Не сум правела киретажа на државно, правев две во Систина. Таму друга приказна. Секаде е само за пари, ама Систина барем услугата и хигиената се на ниво. Ремедика, кога читам па и цените ги кренале повисоко од Систина, а на што ??? Немаат капацитет за толку високи цени.
Ај да не испадне дека само ја критикувам Ремедика, имаат само една сестра, Јуле мислам дека се викаше, плава, симпатична, само за неа немам критики. Жената си ја гледа работата како што треба.
Сфатив и јас дека Ремедика е поскапа од Систина, ама ете отидов денес и сега за сега сум задоволна од услугата. Докторот ме виде на ехо и рече дека сега за сега нема потреба од киретажа , ми рече да ги пијам капките ерготрил кои ќе помогнат организмот сам да го исфрли тоа што останало. Ми рече и антибиотик да пијам 7 дена и после 7 дена да идам на контрола. Е сега имам прашање до тие што сами се исчистиле, без киретажа, после оваква ситуација, колку јаки болки да очекувам при исфрлањето на остатокот, колку време би траеле тие болки? Се надевам што побргу ќе се заврши се ова па да олабавам малку и мозок и тело... @eta многу ми е жал за твоето лошо искуство со Ремедика
Ти имаш болки моментално? Крвариш многу или? Ист случај бев и јас. Поминав без киретажа, сама се исчистив. Пиев капки и антибиотик. И после 7 дена преглед. Болки зависи, во првите саати од крварењето највеќе имав болки. Па постепено ми се намалуваа. Значи првиот ден имав највеќе болки, од наредниот ден веќе имав многу малку речиси ич. Индивидуално си е кај секој организам. Али не би требало да имаш многу јаки болки во секој случај. Ќе помине се, со лесно нека ти е. Не си сама
Фала ти многу Моментално немам болки а крварам ептен малку, нешто како 4ти-5ти ден од циклус, ама да напоменам дека сеуште не сум пиела од капките. Сама сум дома, маж ми е ноќна смена на работа, па одлучив од утре да почнам да ги пијам, за ако има било каква реакција да ми биде при рака
Нема проблем во секое време Супер чим немаш болки. Со капките немав јас дополнителни болки, само повеќе се чистев и го забрзува мислам процесот. Јас од кога ги пиев мислам се прецадив колку ми истече крв А, пред да ги почнам мислев толку било од крв а тоа уште толку имало Па на преглед едвај чекав да одам да видам дали сум исчистена скрос и така. Исто ко циклус е. Ништо страшно
Јас од капките имав страшни болки секој различно кога ги пиев мислев дека готово е со мене,и тогаш парки ми течеа,страшно ми беше ама помина скроз се исчистив мене ми ја дуплираа дозата два пати ги пиев.
Медена а ти пиеше нешто против болки? Мене докторот ми кажа дека можам да пијам апче против болка, тие што сум ги користела до сега. Знам дека секој организам си е приказна за себе, ама кога ќе прочиташ слични искуства некако олеснува малку...
Не пиев никакви апчиња против болки ниедни не ме смируваат мене си ги трпев две недели и нешто незнам ни сама како ги издржав.,ама и тоа помина.
@Beauchamp i @medena147 Само уште да ве прашам за капките како ги пиевте, дали пред или после јадење, дали точно на 8 саати (нели 3 пати дневно), што е малку невозможно? И читав коментари дека немале убав вкус, со што ги мешавте за да можете да ги пиете?
Колку што можам да се сетам, капките ги пиев пред јадење. Па после јадење или со јадење антибиотикот. И после неколку саати пробиотик пиев ради антибиотикот. Земи си обавезно и тоа. Капките со ништо не ги пиев, само така. Инаку да, немаат баш убав вкус. Али набрзина пиеш после можеш вода и готово. Не се толку невкусни да не издржиш И да, на околу 8-9 саати ги пиев и јас. Така ми кажаа од болница. И кога веќе ми беа при крај капките веќе и крварењето речиси го немаше. Брзо ги испив капките за 3-4 дена. И возможно е
Јас ги растварав во пола филџанче вода, така ми кажаа и докторот и во аптека. Баш на различни места купував, сите така ми кажале. Прашај во аптека за секој случај. Возможно е да пиеш точно на 8 саати, зошто да не е? 8 саати спиеш, па по тоа води се и пресметај кога да ги пиеш. Си местиш аларм и тоа е. Болките и времетраењето на крварење се индивидуални. Спојлер многу ми е жал
Не мислам дека Ремедика е поскапа од Систина,туку обратно,условите се супер,мајка ми се оперираше минатиов месец и сме презадоволни од постоперативната нега и од условите,бевме на контрола четвртокот и снимањето на компјутер беше поскапо,рекоа од 1ви февруари имале нови цени. Лани одевме и јас и мм за нашиот проблем,ама не бев нешто мн мн задоволна од односот,се површно.
Епа така.. не беше поскапа, ама сега е. Од лабораторијата до се... секаде имаат покачено цени, на секој оддел најверојатно.