После абортус колку време крварите? Веќе 4 ден ми е и уште ми тече по малку па да знам дали е нормално.
Колку што се сеќавам по една недела плус минус некој ден, после треба да престане. Баш ми е мило што помина, сега одмори се и физички и психички
Јас крварев 10 дена а вообичаен циклус ми е 5 дена , и тоа крварев како никогаш претходно , ке помине и ке се заборави па после со нови сили одиме напред !!!
Ја колку шо се секавам некоа недела до десетина дена ми рекоа дека е нормално Ја мн малку крварев болки немав нешто големи чат пат гребење некое осекав а имав спонтан на 17 гн
Индивидуално е, ама ништо нека не те плаши. Јас имав два пати киретажа, и двата пати различно ми беше. Докторот рече дека може неколку дена да немаш крварење, па потоа пак да се појави .
@Beauchamp и @medena147 Пак имам прашања за вас Дали правевте некаков тест после чистењето? Пред малку се слушнав со докторот од Ремедика за да договорам контрола, му кажав дека најверојатно го исфрлив тоа што беше останато, а тој ми рече дека сега треба да направам тест за да се види дали сеуште е присутен ХЦГ хормонот, дека тој тест бил померодавен отколку ехо прегледот. Целото тоа испитување, правењето на тестот и не знам што се, ми рече дека траело околу час и половина. Ваше искуство и совет што да правам понатаму??? Дали ова испитување може да се направи и преку фонд, да не фрлам уште пари по приватните болници/лаборатории и колку би биле точни тие резултати?
Јас не сум го правела тој тест. Прв пат и слушам за тој. Така да неможам искрено да ти помогнам ништо околу ова. Некој искусен нека пише ако знае што и како. Може е точно, сепак доктор е они се стручни пред се. Али, ваквите работи се ми се некако колку да земат пари...Али ај ..Да не зборам многу. Ти како си? Уште крвариш или?
Ќе си земеш тест за бременост од аптека,ќе го направиш сабајле ако има присуатво на бхцг ке биде позитивен ако не нема. Или испитај преку крв бхцг приватно е околу 700ден. За друг тест не сум правела и незнам дали постои. @karibian силно. Ќе се наредат повторно коцките
тоа ти е обичен бета хцг преку крв . се прави во секоја лабараторија со упут од матичен е околу 100 ден на приватно од 500- 800 ден
@Happyinlove и @Bubce38 ви благодарам за одговорите. Исто мислам и јас, денес се се врти околу парите, ама па што викаш доктор е, стручен е.... не знам што да кажам.... Нека се заврши се како што треба, пари ќе си спечалиме Инаку добро сум, ти благодарам на прашањето Болки немам, крварам уште по некоја капка, денес десети ден. Во саботата мислам дека излезе тоа што беше останато, според тоа што ми кажа докторот, такво беше, па ќе видиме на контролата. Ме збуни ептен со овој тестот денес, дека не ми спомна ништо такво кога бев на преглед, па гуглав малку а и се јавив во Ремедика и ми објаснија што е и како е. А тоа дека испитувањето траело околу час и половина, всушност резултатот се чекал толку време
Не не, без киретажа, само од себе (се надевам дека е исчистено), додека не отидам на преглед не можам со сигирност да кажам.
Пожелно е да си испиташ бета хцг преку крв. Дури не се виде дека бетата е помала од 5 ниту еден доктор не може со сигурност да потврди дека се е исчистено
Тоа е обичен тест за бременост, се испитува бета хцг, бидејќи ако не е убаво исчистено и има остатоци од обвивките пак ке биде високо, јас така проверував после пораѓај, бидејќи имав некои сенки на ехото и докторот се исплаши дека има остатоци од постелката, за среќа беа парчиња засирена крв која сама се исчисти сама со тек на време. Важно со истиот тој тест само можевме да бидеме сигурни. Направи го, може и со упат од матичен кошта 100 ден. Во Ремедика беше 800 ден.