Сигурно имаш неубаво искуство на ГАК, и донекаде те разбирам. Ама .... Вака да напишеш на жена која реално има голема мака- одма да оди во приватна клиника, зошто на државно се џелати воопшто не е коректно од твоја страна. НЕ секој може да си дозволи да плати во приватна клиника, а и на државно и те како има добри доктори кои се далеку од џелати
Јас не реков дека нема добри лекари ама пред се не се ЛУЃЕ ,значи ЧОВЕЧНОСТ пред се. И јас немам да си дозволам приватно ама тие 2000и нешто денари што ги дадов на приватно после преглед на ГАК ,каде што сакаа да ме дочистуваат во 7ма недела зошто имам мртов плод и ме принудија да потпишам дека одбивам,за подоцна да ги дадам тие пари на приватно и да ми кажат дека имам здраво и право бебе на кое му чука срценце. Сега во 38ма недела од бременост не се ни сеќавам на тие 2000и нешто денари,а на траумите од ГАК и те како се сеќавам. Само добронамерен совет и дадов и , и посакувам да си го држи бебенцето во раце за 9 месеци.
Се сеќавам на твојот случај Марија каде сакаа на ГАК да ти абортираат бебче(КИРЕТАЖА) што ТРБА ДА СЕ РОДИ ДЕНОВИВЕ,и да не отидеше НА ПРИВАТНО и на ВТОРО МИСЛЕЊЕ не сакам ни да помислам што ќе беше.Затоа секогаш ВТОРО МИСЛЕЊЕ.
Фала ти за одговорот,јас веќе бев кај докторот што ми го правеше инвитрото и он ме прати на Клиника ,а од таму ми рекоа да дојдам во понеделник од сабајле,ми треба повеќе објаснување на тоа што јас го напишав...
Реков те разбирам , т.е претпоставив дека си поминала лошо на гак. Ама доволно ќе беше да дадеш совет на членката да отиде и на второ мислење. Дали се многу или малку 2000 ден тоа е индивидуално. @Sienna_MK кој др те гледаше? Беше кај др кој ти го правеше инвитрото?
Да мила,ме гледаше доктор Трајковски од Њуборн каде што установи спонтан абортус ,немаше срцева акција и ми рече дека ќе почнам да крварам и ме прати на Клиника да се јавам,од таму кога отидов денеска ми рекоа дека во понеделник да дојдам гладна и жедна со крвна група,тоа не знам што значи...
Душичке помислив на најдобронамерен совет и ти посакувам се најдобро. Го поминав истото и знам како е. Отиди на второ мислење,не чекај и чекаме позитивни резултати
За жал најверојатно ќе правите киретажа. Ради анестезијата ти рекле гладна и жедна и обавезно крвна група. Не верувам двајца доктори да имаат погрешено. Не е работава да се тешиме и да даваме лажна надеж. Жал ми е , знаеш ама ова е нешто кое мора да се помине. Ќе дојде и твојот ден
Фала ти уште еднаш,три дена трчам наваму натаму и ми рекоа дека не е опасно по мене ама ќе морам да се стрпам,затоа и прашав кога отприлика треба да почне крварењето,кај мене уште го нема,само темнокафеаво,ама малку,како да пробива и стомакот во долниот дел ми е натечен....
Мила,дали знаеш како оди,дали се закажува или одма кој е на смена се почнува,бидејќи Трајковски ми рече да му се јавам ако правам киретажа...
Жалам за неубавото искуство но не секој има неубаво искуство. Џелати има и на приватните клиники. Благодарение на Џелатите од Клиника јас имам 8 месечен син. Драга многу мие жал што поминуваш низ ова,не секогаш некои работи ни се судени. Јас имав скоро ист случај како тебе. Во 8 наутро ќе отидеш на ГАК гладна и жедна ќе ти направат преглед и ќе видат уште еднаш каква е состојбата. Најчесто Киретажи прави една докторка само не ми текнува која беше,ќе видам после на извештај и сум презадоволна од тоа како работи,без никаква последица беше кај мене со тоа што ми беше второ чистење. После тоа ќе одмориш два саати во соба и ќе добиеш терапија за дома.
Киретажа немам правено, ама имам лежено со такви жени. Можеш и да се договараш со конкретен доктор ( ова нели ако имаш врски) а може и да те прави кој ќе биде на смена тогаш. Прво ќе те прегледаат, кај некои жени даваат шанса и сами да го исфрлат плодот. Докторот оценува дали си веднаш за киретажа или може да чекате. Ама ти јави му се на Трајковски после првичниот преглед, мислам он ќе ти каже кај кој др на клиника да се јавиш. Јадранка и Тофовски се као добри . Ако има нешто добро де во зафатот што треба да се прави кај тебе
Јас два пати имав спонтан абортус, но не можам да ти дадам совет за чистење по природен пат, затоа што мене и двата пати ми правеа киретажа. Штом ти рекле да носиш потврда за крвна група, и да бидеш гладна и жедна сигурно и кај тебе планираат киретажа. Немам искуство со докторите на ГАК, но не се согласувам со тоа дека на државно нема добри доктори, ниту пак со тоа дека на приватно докторите се многи стручни и ке ни обрнат многу внимание. Верувај дека е исто дали ке одиш на приватно или државно. Тебе ти се погоди и викенд и државен празник, па повекето и од приватните лекари си имаат споено денови, што значи дека и на приватно може да чекаш до понеделник. Се ке биде добро. Еве за утеха, девојката која што правеше киретажа во исто време со мене, а бременоста и беше со ин витро, остана природно бремена после само три месеци. Сега веке има живо, здраво девојче.
Фала ти мила за одговорот,ако може да ми кажеш како се вика докторката,бидејќи сепак ова ми е прва киретажа и не знам како ќе оди сето тоа,се плашам од последици...
Јас ја знам твојата приказна,те читав.. имам и солза пуштено Дај боже сите да имаат позитивно искуство од ГАК,и никој никогаш да не треба да оди на приватно Синче да те радува секогаш
@Sienna_MK мила оди на ГАК мене три доктори ме гледаа пред да потврдат дека мора киретажа не се до толку нечовечни...секој со свое искуство ама еве кас пред 2 месеци правев на ГАК и навостина беа внјмателни ..сепак твој си е изборот
Да мила, кај мене веќе е потврдено, нема срцева акција и мора да се исчистам, природно би било најдобро ама ако не може ќе мора со киретажа, ќе видиме во понеделник