Честитки за бременоста со лесно даси ја износишсамо незаборавај закажи на гинекологи побарај си прогестеронти самата недозволувај дате убеди дека не ти треба
фала ви девојки од срце.утре сум на контрола оти минатата недела кога бев немасе срцева акција,па се надевам дека ке биде се ок.поздрав
здраво девојки!малку помош знаете дека имав спонтан пред нецели 3мецеци сега ми доцни некој ден циклусот.ако би била бремена дали е тоа ризично?јас ипак тоа би го сакала највеќе на свет!!!!а досега имав да речеме 2 циклуси.првиот ми траесе само 2 дена,додека другиот ми беше на време и траесе како и обично.сега ми доцни 3-4 дена и ми е страв и тест да направам да не се разочарам.дали има некоја такво искуство?фала
зошто ризично? мислам дека нема простор за паника,ако не ти дојде уште еден ден направи тест преку крв и правец на гинеколог и барај да ти дадат урогестан за превентива.и јас имав спонтан пред нецела година и еве сега сум во фаза на правење бебе,и често ми доаѓаат такви мисли што ако пак ми се случи истото ,ама мора да бидеме позитивни,само со позитивни мисли,среќно
па се уште немам направено тест,не знам кој е најусигурен ми доцни веке 6 денови.бев на гинеколок и ми рече дека сеуште нема ништо.праев повторно микробиолошки брисеви и сега има уреаплазма позитивна и во урината staphylococus epidermidis.сега веќе ми е страв и да направам тест.дали некоја знае нешто за овие инфекции?а да нагласам дека пред месец дена беа негативни резултатите.поздрав и ако знаете нешто пишувајте.и препорачајте ми наточен тест за бременост.azeleaи сите девојки среќно во правењето бебенце
Болна тема... пред една недела имав спонтан абортус во 11 гестациска недела, прва бременост. Чувството го опишавте сите тоа е...како да ми умрел некој многу близок а незнам кој. Моментално живеам Данска веќе 6 месеци и спонтаниот го имав овде. Значи толку глупав здравствен систем имаат тоа е чудо некое. За наредното си ветив дека ако треба ќе го носам и ќе го родам во Македонија. Џабе само филмови си правиме како е на запад. Малку се одалечив од темата но сеуште сум многу лута и имам потреба да се искажам. Прво не прават ехо пред 13та недела, на лекар проверуваат преку крв дали си бремена и тоа е. Мокрача за бактерии и толку. Значи ни положба на плодот, ни дали е вон матерично ни дали има срцева реакција после 6та недела ништо...слушав и се крстев. Последните три дена почнав да крварам и отидов кај матичниот и ми изнакажа триста глупости што би можело да биде а не ме прегледа.Тоа беше исто како да си пишам симптоми на google и да си читам што може да е. Истата вечер прокрварев и тоа беше тоа. Како да сме заклале некое животно дома. Изгубив премногу крв, поминав киретажа... барем тоа беше со целосна анестезија...и сега уште не сум свесна што ми се случило... Причини не се знаат можеш да си предпоставуваш само, само ми рекоја да бидам среќна што можам да останам бремена по нормален пат и нормално сега после ова искуство мене ми е многу страв.
Значи нема ризик воопшто...можеш да останеш бремена и пред да го добиеш првиот циклус пошто немаш контрола кога имаш овулација, после првиот циклус итн. Гледам дека по нови некој правила не ни чекаат 6м. Можеби е најдобро да се чека ама ако се случи се случи...Уживај и со среќа
Спојлер Доколку се направени сите испитувања и ако се воочи дека се е во ред нема никаков ризик. И мене ми правеа киретажа пред нецели три месеци и правев пап и микробиолошки тестови (и се е во ред) и матичниот ми рече од следниов циклус да пробуваме. Истото ми го рече и еден гинеколог-пријател од ГАК дека нема потреба да се чека доколку е се во ред. Е сега нашата психа е друга работа, ама мора да мислиме позитивно на работите. Па ајде ќе пробуваме па ќе видиме кој прв ќе се пофали.
Eve me i mene i prikazna sto i ne se razlikuva mnogu od vasata,9 nedela a plodot prestanal da se razviva vo 6,5 nedeli.Mi bese napravena kiretaza so vakum e sega sakav da ve prasam dali e normalo da nemam voopsto krvarenje.Vcera gi dopijav kapkite i sega neznam koga da ocekuvam menstracija???Isto sakav da ve prasam posle kolku vreme od kiretazata mozi da se ima odnosi???Za bebce mozi da pocnime posle eden mesec ama za vaka nikoj nisto ne smopna...
Менструација после киретажата ќе очекуваш наредниот месец, може да не ти дојде точно за 1 месец нормално е да ти аксне до 40 па и 50 ден аби требало да добиеш, откако ќе добиеш и ќе ти заврши крварењето/циклусот, тогаш ќе можете да имате односи и да пробате пак. Со среќа
Вечното прашање-после колку циклуси да пробаме пак? Во ремедика ми рече 6 мес Инаку секако не планирам одма,али многу сакаме детенце.После ова ќе правам испитувања,а материјалот го однесоа на патологија ,1 мес се чекало резултати.
Менструација после киретажата ќе очекуваш наредниот месец, може да не ти дојде точно за 1 месец нормално е да ти аксне до 40 па и 50 ден аби требало да добиеш, откако ќе добиеш и ќе ти заврши крварењето/циклусот, тогаш ќе можете да имате односи и да пробате пак. Со среќа [/quote] Благодарам за одговорот но сега нешто друго не ми е јасно,сношти почнав да крварам по малку,како оскудна менструација и сега незнам дали е во ред ова или.....
Протеа,јас неколку дена немав крварење јако имав после 4 дена и толку.Ми се јвува слабо розе ама кога ќе работам нешто,иако ми беше кажано 1 недела да не станувам.Така да нормално е не се секирај.Докторот рече од 3-10 ден минимум ќе има такви периоди.Ако имаш болки тоа е од капките. Односи ми рекоа после прва менструација.
eли25 имасе класична киретаза или со вакум?Мене ми рекоја само дента да одмарам а веке од следниот да функционирам нормало а јас од што бев многу нервозна и само да не мислам вториот ден не седнав.Цел ден на нозе,работев низ дома.А за односи......е тука ја утнав ама сега сто е тука е.Скоро 3 месеци апстиниравме што за инвитрото,потоа откако разбрав дека сум бремена продолзивме со апстиненција и некни решивме дека доста е ама еве нетребало
Mene posle kiretazata mens.mi dojde tocno za mesec dena najnormalno.E sega posle kiretazata nemav krvarenje prvite 3-4 dena, 5ot den imav epten malce nekolku kapki i tolku.Za odnosi mislam posle prvata mens.otkako mi zavrsi imavme.
Јас од киретажата крварев цела недела, ама не како добиено, се гледаше дека не е тоа, после уште 3 недели ми се процедуваше по многуууу слабо кафеавко, ептен како конец линија имав на тоалетот, после една недела немав ништо, и на крај ми дојде нормално, значи после киретажата сум добила после точно 40 дена. И јас мислам дека за односи треба да се почека барем по првата менструација, ама ако веќе имавте односи, се надевам дека не било внатре до крај (знаеш на што мислам), зашто нормално многу е осетливо ткивото после киретажа, независно на кој начин е направена. Ама ако немаш никакви тегоби, не е страшно, ама сепак јас би те советувала да почекате уште малку, откога ќе ти заврши првата мнс. Позз и се најубаво! Еве и јас сеуште во исчекување за бебенце.