Денес ми се јавија од Плодност,стасале резултатите и се било во ред едноставно хромозомски не се развивало како што треба.Ја прашав и сестрата за крваренјето ми рече дека се е во ред ич да не се плашам,кај некои имало постојано а кај некои одпосле имало крварење ама се зависело до организмот. Така малку ми олесна после разговорот со незе.
Јас имав класична киретажа,разбрав за менструација дека и после 3 мес доаѓало Инаку да ве прашам мене ми го пратија материјалот на патологија,и разбрав дека доста се чекало минимум месец,два за резултати.Сестрите ми рекоа дека никогаш не откривале од што е,то ест сакаше да каже дека не ги анализираат,туку вели само ќе ти потврдат миссед и толку.А јас мислев дека ќе ми помогне. Имам роднина сестра на клиника вети ќе помогне за побрз резултат ама уште ништо,вашите искуства какви се во однос на ова?
Јас имав односи после киретажа, одмарав недела, скоро две, и ете се случи имавме односи. Не сврши во мене ниту еднаш, ама сега се плашам да не не требало воопшто да имаме односи! А добиено се уште немам, помина точно месец од киретажата!
од материјалот од плодот и не мозе нечто многу да утврдат .побитно е да си побараш од гинекологот кога ке се средич и психички и физички микробиолошки брисеви да си направиш .
Незнам дали е ова прашање за оваа тема,ако не е се извинувам и ако може да се премести! Знам дека фондот врака 80% за инекција кои се става после киретажа или пораѓање сеедно ако мајката е рх негатив,ама не за сите инекции како што знам...мене после првата бременост пошто бев негатив ми ставија рогам мислам беше,ама од 250(или 300мг не се сеќавам точно) а од фондот ми рекоа дека не враќаат за таа инекција пари,мислам не за ако сум земала јас од 250 мг,враќале за 300 мг само(или обратно)незнам дали некој ме свати што сакам да кажам... Ме интересира ако некоја сака да ми каже со сигурност тие што се негатив и што примиле инекција шшто им ја рефундирал фондот,ако сака да ми пише за која инекција поточно се работи...бидејќи јас сега кога барав по аптеките има повеќе инекции за после породување како имуноро,рогам,имуно ахцц 500 мг....ќе ве замолам некој ако знае нека пише тука или по пп,благодарам однапред...
јас ја примив инјекцијата во 28 недела од бременоста кога бев...станува збор за RHOPHYLAC AMP. 300mcg\ml. Пред 2 недели ми стигна решение од фондот да ми се исплатат 2000 денари на сметка,парите веќе ги подигнав. Се надевам ти помогнав колку толку со моето искуство!
Ако не ти е тешко да ми кажеш од која аптека и која цена беше,зашто во секоја аптека различни инекции имаат...фала ти многу каталина поздрав
Вчера ги земав рез.од патологија ,и се јавив на докторката да и ги прочитам рече дека е супер тоа, ма да многу оскудно ми е напишано и би замолила некоја ако се разбира во ова да ми појасни,еве ќе напишам јас : Спојлер -Mикроскопски-децидуа која е делумно во некроза -Ендометриум -со знаци на изразено гестагено дејство -и Група на регуларни хорионски ресички
Не најдов тема и незнам каде да прашам? За испитувањата после спонтан (др рече нема потреба од сите,но јас сакам се можно да испитам!). ---На трансфузиологија-афа,д димери хемостаза слично ---Потоа хла и уште нешто вкрстено исто на трансф. се правело со двајцата партнери ---Генетски-каде се прават и кои се тие(ми спомнаа три ) ---Нешто дали имам антитела спрема спремата на мажот ми? ---брисеви пап,хормони....... ---Преглед на матката да се види дали има прегради и слично ---Потоа за вируси незнам како се викаше Незнам дали испуштив нешто Сакам да замолам да ми објасните за се подетално каде како што......мојата матична незнае,а од ре-медика ми вели испитај само основно,уринокултура,брисеви ...... Стресот што го преживеав е огромен и несакам пак да се случи,сакам се да си имам начисто
Прво-сакам да дадам предлог на модератор-ако може да се отвори нова тема-Испитувања после спонтан(пожелно за секое испитување нова тема-пример Хистероскопија,ХЛА типизација итн,би можеле и ние да помогнеме околу насловите).Вака само се талка,читкам и по др.форуми убаво се поделени,што те интересира ќе си прашаш а не во една тема се. ^Точно така тие се горе долу(благодарение на 3 неделното интернет истражување ми ). На трансфузиологија има уште едно битно,фактор 2и 5,Лајден,да ти откријат дали имаш мутација.Мојата др ова не го знаеше го допиша трансфузиологот. За сите други испитувања и двете докторки ми го предложија МАНУ-малку поскапи ама затоа резултати имало за недела,две.На клиника чекале и по 4 мес. Мене ми спомнаа и да испита сопругот спермограм,брисеви и слично(ма да ова мислам нема потреба) Тоа за вируси-рубеола,токсоплазма-се вика TORCH (aма нз каде се испитува). Генетски и јас не знам сеуште кој се-кариотип,кариогра нешто така е. Затоа велам најубаво посебна тема па да ни пишат и другите што,како...
секој ден ми е се потешко и потешко. седам по форуми, читам и си ја барам вината во себе. се се случи толку брзо. чувствувам огрома грутка во градите. на 7 мај утрото направив тест и ми излегоа 2 цртки но, вечерта забележав капки крв како слуз на гаќите. утрото на 8 веќе имав цела локва крв на гаќите и се јавив кај мат.гин. закажав за во 12. кога појдовме таму гин. ми ја покажа таа малечка точка која значи бременост но рече дека е ниско всадена. не можеше ништо друго да види бидејќи бешиката ми беше празна. рече дека имам и крв на грлото на матката. ми рече да се вратам во 4 со полна бешика за да видеме убаво положбата и се др. но јас имав ужасни болки и кога појдовме во 4 веќе немаше ништо. ми дојде менс. ми рече да и ја дадам влошката и на неа имаше парченце само рече тоа е тоа. зарем толку брзо се случи се? гин. ми рече дека ова често се случувало и дека после ова можам повторно да забременам но сега мене ме фаќа страф ми рече да испитаме за бактерии но не знам што точно не можев да слушам повеќе само физички бев тука. ме праша дали чуваме маче/куче? дали сум била болна/грип, алергии...
Стефаани те читав и во други теми и лп гледам си ми испратила, те молам немој да се обвинуваш себеси , ти не си воопшто крива за тоа што се случило, природна селекција е и тоа се случува кај секоја жена, ете си ме читала и мене и гледаш дека и јас бев како тебе после првиот спонтан, ама Господ не ме заборави и во многу брзо време ми подари едно најубаво, најслатко и најмило момченце кое сега ќе полни 4 месеци. Се е Божја волја и помири се со фактот дека така требало да биде!!! Тоа е, не можеш ништо да измениш ако плачеш, се нервираш, се обвинуваш самата себеси, тоа нема воопшто да ти помогне туку да ти одмогне. Смири се, исплачи се и од утре заврти нов лист, имај верба во себе и во Бога и ќе видиш дека кога најмалку очекуваш ќе биде, ќе станеш мамичка, само позитивно размислувај и не се предавај, те молам, не си ниту првата ниту последната која го има доживеано спонтаниот абортус, за жал. Затоа, главата горе жено и во најбрзо време ќе ни пишеш дека си ги видела повторно двете цртки, ќе видиш дека ќе биде така Поздрав и со среќа
каллиас ти благодарам мн. веќе сум подобро. се занимавам цело време со нешто за да не мислам. само сватив некои работи... толку нервози, толки караници околу свадби, откажување, карање, а види какви нервози имало те прашував кои испитувања ги правеше и дали правеше? мене матичната ми рече за испитувања ама не знам за што. позз
Јас не правев никакви испитувања, затоа што пап тест и обичен колпоскопски преглед правев пред да останам и првиот и вторио пат безуспешно бремена и се беше во ред, така да докторот гинеколог ми рече после 3 спонтани по ред е пожелно да се направат одредени испитувања за кои ми даде една листа и ги имаше еден куп , во нив се сеќавам беа уреаплазма, микоплазма, токсоплазма, генетски испитувања и уште многу други кои јас секако не ги направив ниту еден од нив и така трета среќа па машко се погоди А кога останав бремена, одма после првиот гинеколошки преглед каде ми се утврди бременоста направив исто така еден куп испитувања од кои беа хламидија, токсоплазма, Хив/сида, сифилис, жолтица итн.не се сеќавам сега на сите и сите испаднаа негативни
Како треба да би гласел упат за испитување генетски мутации? Тоа Ману кое едвај го најдов,незнаеја да ми објаснат ми рекоа само дијагнозата нека ја има ама матичната не сака да ми даде таков упат А јас договорив и со лабораторија да ни земе крв да однесеме,а во ману ми вели ааа ова не може и за маж ти само за тебе.И ајде сега што да правам? Ова му доаѓа сакаш да се испиташ неможеш
После киретажата во Февруар 15ти, прв циклус добив на 21ви Март, после тоа 30ти Април па 15ти Мај а генеколошки се е во ред. Секогаш сум имала редовен циклус ама најверојатно организмот е сеуште во шок...Се надевам ке се среди за брзо за да можам да следам овулација
Најверојатно мила,тоа е нормално.Кај мене пак точно ,месец после к.на ист датум ми дојде.Само еве и сега треба да ми дојде,веќе ги немам оние симптоми пред добивање.Нити ме болат гради ,нити стомак,ништо
За каква мутација ти спомнаа? Има генетски мутации кои само жената ги пренесува и нема никаква врска со мажот.
Мima83-извини што касно ти враќам.Треба да гласи -генски мутации и полиморфози,а најдобро е ако одиш во ману да е празен,пошто они ќе знаат што треба да се испита,гинеколозите поима немаат.само грчат рамења.Во МАНУ рез имаш за 10 дена,а на имунологија неколку месеци(разбрав дека некои чекале и по 7 месеци ). Маркиза,за овие генски мутации се испитуваат после спонтани и доколку жената подолго време не може да забремени.Некои се за тромбофилија,некои за срцеви болести итн.Мене ми рекоа и за мене и за маж ми да испитаме,чисто да се види дали има нешто и кај двајцата.Инаку претежно испитуваат кај жената,ама ајде веќе кога појдовме т.е. имавме упат и за него,пошто незнаевме што како,за секој случај.