Ништо не ми даде, па дури и почна со зборовите Ајде си имаш едно здраво право дете и тн.. А јас прв пат сум бремена после првото дете. Не е дека нема да имам друго. Се изнервирав па дури и се мислам да одам на друго мислење.
И јас си мислам да не е па ова имплантациско крварење. Ама пред 5 дена тестот беше позитивен. Многу тешко ми е.Се прерадував и сега разочарување. И сопругот исто така се разочара. Вчера едвај јадевме за да се одржиме во живот.
Аууу дрзок одговор.Што ако имаш веќе едно дете. Ова сега во стомакот како тотално небитно испаѓа. Јас мислам прво провери си бета преку крв ама со вредност што дава, јас правев во Авицена приватно 700 денари. Што и да има најточно ќе ти каже. Па после со тој резултат евентуално да побараш дополнително мислење од друг гинеколог. Не се откажувај има надеж сеуште.
Да за грчеви помага и тоа многу јас до ден денес го пијам на почетокот по 2 пати на ден сега по еднаш да не беше тој мислам дека ќе полудев
Барај си да ти даде упат да испиташ бета, со упат во Авицена е 150 ден, а нејзе ништо не ја кошта да го пише. Ставај ги утрогестанот и гледај да мируваш повеќе. Јас поради тоа, ај бе не се замарај дома имаш едно, што има врска, имав 2 спонтани. Не ми даваше никаква терапија. И во првата бременост прокрварев на почетокот ама одма почнав со утрогестан и строго мирување и си ја истерав бременоста супер до крај. Ти посакувам да помине се како што треба и за брзо време да го слушнеш срвенцето ❤️ Биди упорна, побарај си и второ мислење
Фала ти многу на одговорот! Се надевам ќе биде се во ред. Во вторник треба да одам на преглед, а до тогаш ќе гледам да мирувам максимално и да гористам Утрогестан. Тоа што докторката не се замараше вчера не знам што да мислам искрено. Ќе видам како ќе биде, ако треба ќе барам друго мислење.
Сум била на твое место и добро знам како ти е. Јас за да не одам да се малтретирам преку крв на два дена, си купував од најефтините тестови и правев секој ден да знам дали hcg расте или не. Ти го предлагам истото, барем нема да си во неизвесност. За лекарката немам коментар, баш вчера пишував на темата за гинеколози...
Кај мене за жал, не. Линијата сé побледа, крварењето поинтензивно и толку. Ама, ич не се споредувај со никој, секој си е случај за себе. Братучетка ми два пати имаше крварење и на почеток и месец дена покасно, претпоставува околу времето кога би имала овулација. Дури и на лекар не отиде, па роди на термин здраво дете.
Многу ми е жал што така испаднало. Сега и се јавив на докторката и и реков немам обилно крварење да ми каже што да преземам. Ми рече да земам Утрогестан 200 мг 2 х1. Не знам што ќе биде. Ете отидов и ги зедов, но некако чувствувам болка која не е баш нормална си велам за бременост. Ама ако така сакал Господ нека биде така. Ќе видиме за една недела. Ако ја преживеам поради нервоза и жал за бебето.
Следи преку крв , провери бета утре , па за два дена и ќе видиш како се развива. Мене кога ми велеа дека нема успех бременоста ја правев преку крв . На бета од 11273 на ехо се гледаше бременост без плод , кога требаше да бидам 8+3 недела исто на ехо беше бременост без плод тогаш бетата веќе беше падната на 9 илјади и нешто , што значи нема успех и тоа е тоа. Во меѓу време престанав уште во 7 недела дабрестонот да го пијам , со надеж дека ќе прокрварам и болки ќе имам , така матичната ми збореше . Не прокрварив и морав на чистење. Обавезно следење бета преку крв , таму најсигурно ќе се покаже , дали има бременост , дали убаво напредува или е веќе спонтан.
Здраво ,имав спонтан и ме исчистија пред тончно еден месец, уште немам добиено а и немам никакви симтоми за добиванје, дали има простор за паника? После колку време е нормално да добиеш после спонтан?
Нема простор за паника.Можно е и да немаш сега 2,3 месеци симптоми кога ке добиваш. Мене градите ми станувале тврди и болни, а после спонтаните ништо, сега веќе има година и пол одтогаш па знаат од страна да ме заболат. Иначе добив после 37 дена.
Денес си добив менструација. Онака баш како ништо да не било. Направив тест за бременост и излезе негативен. Кога одев да ја земам ќерка ми од кај баба и после работа си дозволив емоциите кои ми се собираа овие дена да ги истурам така сама во кола, се изнаплакав за она што ми се случи и некако ми олесна си велам. Кај мене тагата доаѓа покасно. На почеток сум трезвена и си велам не е проблем, го можам јас ова. Но потоа ме погаѓа кога ќе се освестам. Пред 4 дена бев пресреќна што второто дете е на пат, но после 4 дена ми се преврте светот наопаку. Така било пишано. Мојата бременост беше биохемиска или хемиска не знам како се вика. Зошто се случи не знам и тоа. Внимавав максимално, пиев витамини 3 месеци претходно, не кревав тешко, не пиев кафе многу, веднаш штом видов позитивен тест закажав преглед.... ама не бидна. Сега 'ЗДРАВЈЕ БОЖЕ' одиме понатаму со нови сили и ведри мисли. Велат дека после рано губење на бременост може уште веднаш да се обидеш за нова бременост. Што мислите? Не е дека ќе ми го замени изгубеното детенце, но како велат старите клин со клин се вади.
Mila zal mi e za tvojata zaguba a toa za koga pak da probuvate za vtoro dete najdobro ke ti kaze maticniot gin jas prvo bi napravila ispituvanja hormoni pap test I brisevi pa posle bi probuvale pak da ostanam bremena no toa e moe mislenje prvo ispituvanja pa posle drugoto. inace za probuvanje nekoi dr preporacuvaat odma po menstruacijata nekoi po dva,tri meseci
Навистина ми е жал, но биди силна. И јас како членката погоре би те советувала најдобро да се консултираш со гинекологот. Јас имав во ноември спонтан, па уште не сме пробале. Докторите обично викаат барем 3 месеци да не пробуваш, да ти се стабилизира организмот. Јас од короната па не можев во март да отидам на контрола, чекав дури мај отидов, после направена хистероскопија имам зелен сигнал од гинекологот да пробаме, но мојот проблем е со тироидната па еве сеа и тоа да го ставам под контрола па ќе пробаме(сега да не се објаснувам на долго и широко, не е важно тоа). Откако ќе добиеш менструација и кога ќе ти заврши закажи на гинеколог, направи еден преглед, ехо... Па тој потоа ќе ти каже што треба да испиташ и кога ќе може да се обидете.
Многу ми е жал за тоа што си го поминала, за срце ни се врзува помислата за бебето штом ќе направиме тест, ама не е крај на светот, еден доктор кој многу го почитувам без да му кажам колку патам ми рече ќе ти помине со следна бременост, и навистина така беше. Ќе остане некое трагче на душата и за ова, ама поинаку ќе е. Често читам совети да се чека после биохемиска бременост за нов обид и прилично сум сигурна дека е погрешен. биохемиска бременост најчесто не се ни забележува, жените најчесто мислат дека им доцни некој ден па си добиваат, сум читала дека е многу, ама многу честа појава само што ретко која жена прави тест на секое доцнење. Консултирај се со гинеколог и верувам дека ќе то дозволи да продолжиш со обиди. Не се оптеретувај многу со сето тоа што си внимавала, во првите недели е микроскопски мало и ретко што може да го повреди а кафето најмалку. Многу среќа ти посакувам