Поддршка од мене знам како е, јас зборував и уште зборувам, но сега не ми е тешко како тогаш, среќа кај мене втората бременост без проблем беше.
Ve zamoluvam za iskustvo za abortus vo remedika ili sistna koi se cenite I kako e Sega so koronova. Blagodaram
Јас почнав со испитувања после 2 спонтани, направив пап тест, брисеви и ехо, уринокултура, тироидна и крвна слика. До сега е се во ред. Имам упат и за хормони. Е сега прашањето ми е за хормони јас добив денес поручек кога да го сметам 3ти ден во четврток или петок? И кои други испитувања би требало да ги направам? Малку ме изнервира матичниот, кога го прашав што се треба да испитам ми вика ти кажи што сакаш се ќе испитаме.
Штом ќе ти дава упати, подобро така, сама ќе си бараш. Побарај трансфузиолошки и генетски испитувања на трансфузиологија. Штом биле 2 спонтани, добро е и кариотип да направите. Тоа мислам се прави на ГАК, поупатените од форумов ќе ти кажат.
Неговиот став е дека имам родено едно здраво дете, најверојатно нема никаков проблем и дека треба да пробаме пак. Ама јас психички нема да издржам ако уште еднаш ми се повтори. Затоа сакам да ги направам сите испитувања
Немора да значи тоа со такво мислење од доктор тоа не е доктор...бидејќи јас кога бев на ревматологија по возрасна жена дојде две деца родено после второто одма после пораѓај и се појавило некое црвенило на лицето после тоа почнале и прстите да ја болат направила испитување уствари жената имала лупус и имала среќа што во текот на бременостите не се случило нешто, муабетот ми е ако една бременост е износена без проблем не значи дека подоцна со втора или трета бременост нема да се појават компликации
Дали ви се поремети циклусот после спонтаниот На 17.06 се чистев крварев 8 дена, па немав циклус и на 04.10 ми дојде траеше околу 4 дена и вчера пак ми дојде
Претходниот месец така малку слабо ми имаше дојдено , и овој месец убав циклус два пати ми доаѓа . Во петок сум на ехо и хормони да проверам , па ќе видам што ќе кажат
Друшки, ми треба ваше искуство/совет ако имате. Ивф правев на крај на септември, поззитивна бета 10ти ден од трансфер, по што растеше но неправилно, и всушност имплантација имаше но плодот не се развивал, и сосем малечок беше во 5та недела. Кога се видов со др. за ивф на прегледот ми рече дека само што не сум прокрварела (и претходни денови имав по малце кафеаво на бришење) и ми даде ерготил капки. Јас капките ги почнав и скоро ги завршувам дека 3 дена се пијат, ама крварење имав само многу кратко во вторникот, а се после е само на бришење. Во вторникот и матичниот ме гледаше на абдоминално ехо и кажа дека сеуште се гледа плодот и дека ако не крварам да отидам денес или утре да ми даде некакви апчиња за исфрлање на плодот, за да не ме прават киретажа. Др. за ивф воопшто не спомна киретажа како можност. Сега сум збунета, какви се тие апчиња, што е побезбедна опција, дали има шанса да се исчисти природно или подобро е да не чекам? Ве молам споделете ако имате искуство.
не знаев дека се применуваат апчињата кај нас (кај кој доктор си?) јас правев два пати киретажа на мал плод исто, ме осакати таа киретажата (што не мора да значи), но мене ми се слепија ѕидовите, ептен беља ми направи (гребење е тоа, мислам еден доктор рече, најгруба постапка што постои). и јас барав природно да исфрлам, ми викаа не било сигурно, може да крвариш, па пак демек ништо, може да се измачиш.. како и да е, јас уште мислам дека природното е по природно и побрзо после матката е во топ форма и можеш да продолжиш со обиди инаку пауза 3 месеци нели и ехеее.. те гушкам, држи се, ќе биде следниот пат што и да одлучиш
од вчера имам кафеав исцедок, како кога завршува менструација, дури имав и парценце,пиев утрогестан уште имам, можно ли е да е спонтан, немам некои јаки болки, ме боли половина ама не ешто претерано, преуморно се чуствувам, вчера заспав уште во 7,30 и како во занос бев, се разбудив околу 12,00 пак кога видов исцедок уште се испаничив дека го губам бебето, паничев од 1 и пак заспав до 6 сабајле,ама ее од тогаш немам мир.Симптоми си имам на бременост, мисе гади, уморна сум, ми се спие, све ме боли, дури вечер сум на гинеколог во 6, мн се плашам.
Немој да се плашиш, ќе бидеш добро. Пробај да мируваш до прегледот и не се паничи. Лежи си, одмарај. Примаш ли некоја форма на прогестеронска поддршка?
Пијам утрогестан, ги ставав вагинално, ама 2 пати ги заборавав во 2 дена, вчера го испив бидејки докторот ми кажа кога има крварење се пијат а кога ке се смири се ставаат вагинално, ама тоа само по 1 навечер незнам дали е доволо.
Здраво. Жал ми е што ти се случило, нареден пат ќе биде се' во ред. Јас имав за жал две искуства со апчиња поради спонтан во 9та недела. Плодот беше за неделите помал. Таа опција ја сметаат за подобра од киретажата бидејќи не се тенчи дополнително ендометриумот и може да се продолжи со обиди уште од следен месец. Кај киретажа мислам дека препорачуваат мин. 3 месеци пауза. Не е ништо страшно. Дента кога треба да се случи ги земаш апчињата како ќе ти кажат, мислам кај мене беше рано сабајле околу 6h 2 таблети вагинално, па на 6 саати орално уште една. Болките се појаки од менструални, па би ти препорачала да си земеш исто бускопан или сл. за да си имаш. Можеш да го прашаш и докторот што тој ќе ти препорача. Јас и во двата случаи го исфрлив плодот пред вечерта. Наредниот ден се оди на ехо-преглед за да проверат дали има остатоци. Кај мене за среќа немаше. Други компликации немав. Наредните циклуси беа нормални и на време. Првиот пат ме знаеше докторката и сама ме советуваше за таа опција. Вториот пат ми беа понудени двете опции и сама си ги одбрав таблетите. Среќно.
Фала ти многу на одговорот. Кај мене бетата порасна само до 460, што за 5та недела е малце, и во петта уште ми кажаа дека се гледа сакус, а после дека е многу мал плодот и не се развил, требало да е многу поголем. Ги испив капките до денес, но немав големо крварење, само малку кафеаво па сум во дилема дали имам за исфрлање уште... Ќе отидам после на лекар. И јас се надевам да немам киретажа, сепак многу рано беше (ако има врска тоа)
Нема проблем. Кај мене имаше и срцева акција и растеше до некаде па после престана. Штом е мало, мислам дека докторот добро те советувал.