извинете девојки малку бев отсутна и не ви пишав после киретажата мислам дека добив менструација за нецел месец и ми траеше само 2 дена.потоа поради други здравствени проблеми немав редовен циклус,но сега фала му на Бога е добро.тоа го пишувам за сите кои прашувавте а неможев да одговорам.еве сега и ние пробаме повторно ама се надеваме дека наскоро ке видием две цртички.инако после спонтаниот правевме микробиолошки и јас и сопругот така да ви препорачувам и сопрузите да ги прават.поздрав до сите
Мене после киретажата од октомври месец ми трае само по два дена, само првиот пат имав 5-6 дена, и претходниот месец исто, другите месеци само по 2 дена и толку. Еве сеуште не останувам бремена, иако работиме на случајот редовно. И кажувам на докторката и ми рече да испитам тироидна жлезда и пролактин.
И јас имав спонтан пред 4 месеци, паузиравме 2 месеци и од наредниот месец почнавме со работа ама ништо не знам што е работата, сите испитувања ги имаме направено и јас и мојот сопруг... имам слушано од постари дека после киретажата наредниот пат одма фаќа кај мене не е така... да не знај некој лек некоја од вас за ова
Здраво девојки еве и јас ви се приклучувам на темава,вчера после само 9 недели бременост разбрав дека повеќе бебенцето го нема ама сеуште не мие јасно како дојде до тоа и ЗОШТО.На последната контрола се беше во ред и од еднаш се појави кафеав исцеток примав терапија и по два дена страшни болки крварење и готово-заклучок спонтан абортус. Докторот незнае да ми каже од што точно може да биде, вика се случува често,паузирај два три месеци потоа ќе направиме микробиолошки анализи па ќе си биде се во ред со следната бременост. Среќа само што јас сама го исфрлив плодот и нема да има дополнително чистење на матката. Дали сте имале сличен проблем дали ви кажале од што може да биде, стварно не мие јасно?
Peperutka,причината може и да се открие а некогаш и се да е во ред ама ете природна селекција што би рекле.Jас имав 2 спонтани и правев куп испитување-генетски,кариограми,хла,вкрстено ,треба да испиташ и хормони,пап,брисеви,и ми рекоа и хистероскопија да се видело да не има преграда во матката.Aјде здравје,штом биднало еднаш пак ќе биде
Така е eli25 само здравје ке се среди,а за анализите што ги наброја секако ке треба да ги направам и докторот ми рече баш за тие испитувања па ќе видиме што ќе биде поздрав
sakam da prasam nesto zatoa sto navistina sum vo nevolja i baram nekoja poiskusna zena sto bi mozela d ami pomogne
momentalno ne se naogam vo mk....imam decko veke podolgo vreme i pred nekolku dena imavme odnosi i mi pukna kondom i bidejki ne sakam seuste da stanam majka ili mozebi ne se cuvstvuvam podgotvena za toj ckor otidov i si kupiv apce za da ne zabremenam....megu toa posle dva dena pocuvstvuvav edno utro ogromna bolka vo stomakot....mislev deka e zeludnikot i ispiv kisela voda i posle 1 cas povrkav mn,....cel den imav temperatura a utre denta prokrvavev i mi izleze so krvarenjeto nesto ligavo so golemina okolu 2 cm....togas pomisliv deka sum trudna veke podolgo vreme ama ne mi bese jasno kako...ova sto mi se sluci e ludilo dosega niti sum abortirala nitu mi se slucilo vakvo nesto....dokolku nekoj moze neka mi objasni zatoa sto tuka nemozam da odam na pregled a nemam kogo da prasam ve molam
тоа сто си го видела 2 цм тоа било бебенцето и самата писа дека не сакас да си мајка или дека неси спремна за да постанис мајка си го ресила проблемот неси појке бремена ( како мозиме да ти помогниме односно каква помос барас)????
за 2 дена од зачетокот на ембрионот нема шанси да порасне 2цм а и си се напила апче за ден потоа да не дојди до бременост по мое мислење не си ни била бремена а не пак да си имала спонтан абортус отиди си на лекар нека те зирнат можно е да се работи за некоја циста и тогаш ти има пукнато стрворено болки и затоа имаш искрварено тука у никој случај нема спонтан нема место и време заспонта барем според мене
И јас имав спонтан во 6тиот месец од бременоста значи во сите 9 месеци има ризик и потполно ве разбирам како ви бидејки и мене ми беше прва бременост и сите испитувања беа во ред но ете и мене ми велеа дека на скоро секоја жена и се случува ова но јас не се помирив сеуште во врска со ова прашање .. МОЈ СОВЕТ МАМИЧКИ АКО СЕ Е ВО РЕД СО ВАС ОДЕТЕ КАЈ НЕКОЈА ГАТАЧКА И КЕ ВИ ОДГОВОРИ НА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ... Јас тоа го направив и се си дознав .. А во врска со 2рата бременост сите гиниколози ке ве пазат и КЕ пиете плус уште некои лекови до негде 36 гестациона недела.. Поззз
OMG.......и тука ли со гатачкиве Ајде сега сите жени кои имаат проблем со зачнувањето или имале спонтан еве ви го одговорот....одете на гатачка таа се ќе ви одговори, ќе ве олесни за солидна сума парички и оп одма бебе Вака ли бре во 21 век
Можеби требаше поинаку на го напишам тоа но кога немаш друго чаре што ке направиш ... Јас морав некако да се утешам ... Уште полошо е кога до пред недела да се породам беше се во ред и уште ако си во подоцната бременост но ете тоа е ..
Ова со гатачкиве можеби е точно ( за тој што верува во тоа). Еве еден пример, една другарка моја 3 пати забремени и три пати во 6-тиот месец имаше спонтан. Д-рите и велеа дека се е во ред и со неа и со бебето но таа никако не можеше да го задржи бебето и покрај тоа што примаше прогестерон, и незнам што уште не. Појде на гатачка и таа и кажа дека тоа и било направено од некој близок член на семејството. Од последниот спонтан после 1 година пауза сега има здраво и силно машко бебенце и тие што се прави гатачки никогаш не бараат пари .
Ееее кој имал и почуствувал на своја кожа знае... И јас во 6тиот месец го изгубив .. Но ако не дознав сега се прашувам уште колку ли ке изгубив ..
aman so ovie bajacki i gatacki, ne velam deka se e laga okolu niv ama od licno iskustvo vo zivotot mi nemat pomognato, na vremeto patev od teska fobija agorafobija, t.e uplav sto go velat, pa nikoj od niv ne mi pomogna, samo psihijatar, Bog da cuva od covekova zloba i da ne dojde do toj stepen da ti pravat magii, no po moe smetam deka se e sugestija vo umot ako mislis deka moze da ti napravat magija ke ti napravat, a ako trgnes po tie patista obavezno ke ti otkrijat nesto deka imas napraveno, i samo uste poveke mozes da se isplasis i da padnes psihicki....
здраво.поминаа неколку месеци откако во 8,9 недела престана да чука срценцето на бебчето правев многу испитувања и сите ми рекоа непотребни од типот на хормони,генски испитувања,кариограми,брисеви,пап,торч пакет,вкрстено нешто со мене и мажот и сите се супер.ми најдоа само хомозигот MTHFR ама во консултација со матичната она рече тоа не епроблемот оти сум хомо а не хетерозигот. дали мислите дека треба да правам и хистерскопија?да се видело да не има некоја преграда во матката.бев на консултација кај митко ивановски од систина,човекот рече нема потреба зошто ако има преграда ќе имало спонтан после 20нед тогаш ќе немало каде да расте бебето? а и логично е кога ќе видиш,ама ме интересира што велат вашите искуства?
Здравоооооо, еве и јас конечно се ресив да станам член на најдобриот и најголем форум, за жал поради една мака Значи во мај месец имав спонтан во 5-та недела. Сега правев микро и други прегледи, и преглед на крвта. Со брисевите се ми е во ред, но во крвта ми најдоа ЦМВ ИГГ позитив , значи citomеgalovirus. По тоа што читав овој вирус предизвикува спонтан. Значи не ми е јасно зошто треба да правам хистеросалпингографија (така пточитав, денес ке одам на лекар), кога имам вирус во крвта. Читам дека не се лечи тогаш што треба да правам. Дали некој друг има некакво искуство со ова. Некои ми викаат и дека не се запознаени зошто ретко кој прави анализа на крвта при спонатн. Помошшшшшшшшш
NOVA SUM TUKA. ISTO KAKO VAS IMAV SPONTAN ABORUS VO POCETOKOT NA 4TIO MESEC OD BREMENOSTA. NE SE ZNAESE STO KAKO. TOA BESE VO MART MESEC GODINAVA. POSLE TOA NE BEV VO MOZNOST DA NAPRAVAM NIKAKVI ISPITUVANJA RADI ZDRASTVENO OSIGURUVANJE I ZDRASTVENA KNISKA, SEGA CEKAM DA MI IZLEZE KARTICKATA ZDRASTVENA PA DA NAPRAVAM SEKAKVI ISPITUVANJA. VE MOLAM AKO MOZETE DA MI KAZETE STO TREBA DA NAPRAVAM KOI SE TIE ISPITUVANJA? POSLEDNIOT PAT KOGA DOBIV IMAV BOLKI VO STOMAKOT, AMA NE PRESTANAA SO ZAVRSUVANJE NA MESECNIOT CIKLUS, NONSTOP ME BOLI STOMAKOT, NEKOGAS SE PODNOSLIVI BOLKITE NEKOGAS SE MN JAKI GRCEVI. PRIMETIV I DEKA KOGA ODAM VO VECE POSLEDNIVE 15 DENA IMAM POTVRDA STOLICA I KRV MI TECE I BOLKA. VE MOLAM AKO NEKOJA OD VAS IMA ILI IMALA VAKVI PROBLEMI VE MOLAM DA MI KAZETE DEKA NE SUM VO SOSTOJBA DA ODAM NA LEKAR.