Незнам и јас кога ми го даде малце се зачудив по шо немам слушнато некоја да пие аспирин во рана бременост, али ајде нека си мислам докторот знае... денес ке му кажам за овие испитувања па ке видам што ке испита ♀️
Најлесно е да кажат природна селекција кај нас докторите не се замарат, и ајде што знам природна селекција, мора да има причина па дури и ако било со аномалии неможе да се каже природна селекција
Еве да ти кажам мене ми е даден аспирин од почеток на бременост немам испитано ,мутации и сл даден ми е превентивно заради миссед претходно сега сум скоро 22 недела од утре а ми рекоја да прекинам дури 36 недела и сум баш помирна дека го земам аспиринот.... Доктор знае најдобро ... а иначе кандидата не може да предизвика спонтан можеби е природна селекција проверете спермограм како е направи си микробиолошки испитувања торч и сл па можеби ќе откриете што доведило... Кај нас изгледа беа повеќе фактори и не знаеме точно од што е дали од лекарста што пиев на почеток а не знаев дека сум бремена дали од спермограм патолошки дали од уреоплазма или стрес....Ти посакувам се најдобро и за брзо 2 црти и бебе да гушкаш
Ми зема само брис, а другите испитувања ми рече да ги правам кај матична по шо бичо многу скапо. И на прегледот ми најде ХПВ вирусна инфекција на грлото на матката ми даде Мелиора вагиналети. Не било проблем со бременост Има ли некој искуства со оваа.. испаничена сум
Природна селекција да али секоја жена да има спонтан или мисед тоа веќе не е природна селекција кај некои можеби и е природна селекција али кај повеќето се јавуваат мутации грешка на лекарите е што не ги прават испитувањата пред бременост за да се знае што треба терапија да се прима ако треба воопшто а не да чекаат по 2-3 абортуси да се случат па ајде сега ќе испитуваме плус генетските испитувања за тромбофилија особено и автоимуни заболувања помагаат не само за во бременост и општо за во текот на животот.Мене да не ми се случија двата мисед немаше да знам дека сум имала Лупус и дека имам висок ризик за тромбоза што во моменталнава ситуација со Коронава и добро е што знам нема да чекам да ми стане лошо па да почнам да се боцкам малце оф топик отидов. Поентата ми беше не може цело време да е природна селекција мора да има некој проблем дури и најмал некој што ни 10 доктори не го виделе еден ќе го види.Имам познаничка што не можеше никако да остане бремена и на крај отиде во Њуборн и после детален преглед на матката со добро обрнато внимание и открија дека имала некое запушување на матката некое сосем мало каналче. Жената после тоа одма остана бремена за се има решение само се си бара посветеност
Да.во право си, не верувам и јас да е секоја втора со природна селекција. Треба да се прават тие анализи пред бременост тоа е точно а не откако ќе и падне психата на жената после неколку missed но, за жал кај нас ние сме докторите т.е. жените што имаат зорт. Докторите не им се замара многу многу уствари многу се ретки тие што се замараат. Одам и јас во нјуборн задоволна сум од докторот но еве и тој ми правеше секакви испитувања тогаш и така се утврди. Јас сум со хипотироидеа иначе и се и препишувам на неа некако потсвесно иако резултатите ми се супер секогаш незнам зошто ама мислам дека заради неа имам проблем со останување бремена и тогаш со имав проблем кога останав бремена. Иначе, низ овие 4 години колку се обидуваме, мислам дека доктор станав од што читав што се треба и како треба да се проверува заради можен проблем за бременост. Игра голема улога и психата кај сите нас, треба олабавеност и многу верба. Друго што да кажам
Абе ќе биде секако со тироида има доста што имаат проблем за забременување кај некија жена дури и таа една децимала да е повисока од што треба може да направи проблем си пробала на клиника да одиш? И таму имаат добро искуство со ендокринолог
Од таа природна селекција го губам бебето по втор пат. Прв пат го изгубив бебето во 2017 година. Бев 16 недели бремена. Брисеви во ред, пап исто, притисок според матичен во ред. Два дена имав кафеав исцедок и отидов на лекар, матичниот рече бебе е во ред, мери една недела притисок и дојди ако треба ќе дадеме терапија. Јас утредента прокрварев и го исфрлив плодот. Матичниот се погоди дежурен во болница и ми рече божја волја, тоа било природна селекција. После промена на матичен лекар и еден куп испитувања кои беа во ред, со голема мака останав повторно бремена по цели три ипол години. Се беше во ред. Крвна слика во ред, пап тест во ред, торч во ред, на брис кандида која ја лечев со вагиналети но матичната кажа дека тоа не може да предизвика абортус, прв скрининг во ред, бебе напредуваше и повеќе од добро. Се до пред три недели кога добив мали грчеви и матичната ми измери грло на матка 2,9 мм, а во меѓувреме примав утрогестан вагинално 2 по 200 уште од почеток на бременост. Ми даде за грлото три инекции пролутех и ми рече дека не е толку страшно но поголемиот дел од времето да лежам. Така и правев, станував само за јадење и пиење кафе за после три недели да осетам неколку дена мрдање на бебето. Во вторникот добив нагон за wc и тапи болки во половината и отидов кај матичната. Ми рече дека сум отворена и дека му нема спас на бебе и ме прати во болница. Во болница исто ми кажаа и до вечерта добив болки и го родив моето бебе во 19 недела од бременост кое немаше никакви шанси за преживување. За уште поголема да е болката, матичната ми рече дека грлото на матката истото ќе ми го направи и третиот пат ако не се преземе нешто уште на почеток. Зар ова е природна селекција?
Да де првиот пат не ни мораме да одиме на лекар воопшто работава што си дошла па од кога ќе бидне бељата е сега може се да се гледа и да се прати
Во Скопје сум била кај Каранфилски само, слава му на човекот. Кога бев првиот пат ми рече за 2 месеци ако не останеш бремена дојди пак, и јас останав бремена тогаш и не отидов така бидна. Во мојот град кај 2 различни ендокринолози и двајцата различни работи изнакажаа и затоа пресеков. Решив само кај др. Татјана да одам и како ќе каже таа така... оти од мн мислења глава боли. Досега не сум имала проблеми фала богу, се надевам и понатаму ќе е така.
Многу ни е жал, мене ми е тешко со една загубаа ти со 3 можам да замислам. Само упорниот успева мила, ако тоа ти помогне малце вчера докторот ми рече дека може и кандида да направи проблем и да се случи спонтан доколку е во големи количини.
Се извинувам што ќе поставам прашање вон темата, ама ми значи да добијам одговор. Каранфилски, хирургот починал?!
Па затоа и се нервирам јас ама мн лошо сум сватена тука изгледа. Општо од неправди се нервирам. Значи веќе еднаш кога те снашла таква работа, неможе да е тоа од ништо, мора да те пратат на сите можни испитувања, незнам јас, доктори се или што се да му се сневиди. Ако беше за ние да цепеме сите мозок тука што треба да се испитува, па зошто им се тогаш дипломи. Инаку за такви случаеви, како твојот, би ти ја препорачала др. Корнелија во Систина. Жената е врв таму, точно си ја знае работата и е екстремно посветена на пациенти. До детал ќе те насочи што да правиш. Се надевам нема да има трет пат со таква тага кај тебе и дека трета среќа ќе го држиш бебето во раце.
Јас убаво те сфатив само сакав да кажам дека многу од докторите на крајот кога ќе се случи нешто велат природна селекција, а не даваат терапија на време секогаш чекаат во крајност да дојде работата
Може така им е полесно одошто да навлегуваат длабоко и да го испитаат проблемот. Ама да не влегувам во грев така зборам од што сум лута
Moj sovet ti e sega ispitaj si vrodena trombofilija na imunologija steknata trombofilija na transfuziologija I laparoihisteroskopija I ako e grloto na matkata Prasaj gi dr za serklaz da ti napravat vo narednata bremenost
За серклаж рекоа и самите дека мора да се направи, а за другите испитувања почнувам веднаш откако ќе ми се стабилизира циклусот