Ако таа бактерија била причина за спонтаниот, сега со антибиотикот ќе ја исчистиш па после кога ќе останеш бремена ќе си имаш сосема здрава бременост. Затоа антибиотикот пиј го редовно, без прескокнување, после терапија ќе направиш брис и ако немаш веќе бактерија, нема зошто да се плашиш.
Сега примам Мелиора вагинатори, по шо ми најдоа на колпоскопија некој хпв вирус(не е со сигурност) да ги испримам вагиналетите ке почнам со ова терапија па се надевам дека ке помине овој кошмар ...
Напротив,после биохемиска најголеми се шансите за затруднување,никој не вели да чекаш после биохемиска,туку после спонтан.
можеш да затрудниш али ризикот од пак да се повтори е голем не дека не смееш никиј нема да ти каже не пробувај ретки се тие и со спонтан да чекаат три месеци или 6 сите одма пак пробуваат за бременост
Чекај малку,стој,не те разбирам,биохемиска и спонтан се скроз различни состојби,погоре си пишала дека после биохемиска треба да се паузира 1 година што е неточно,тоа сакав да ти кажам.
Ама се утепа од трескање глупости и убедување други членки, некоја понаивна на форумов ќе те прочита и ќе си ги врзе во крпче конфузиите што ги шириш. Ти објаснила погоре и Stressed, биохемиска бременост и спонтан абортус се две многу различни исходи од зачнување ембрион, биохемиска бременост апсолутно не е индикатор за чекање за следна бременост, особено поради фактот што организмот се чисти со следната менструација и може да помине дури и без жената да е свесна дека забременила.
Добро паметна една објасни зошто имала две биохемиски по ред и и кажале да чека 6 месеци од една до друга бременост
После една недела од пропуштен циклус и киретажа - тоа воопшто не била биохемиска туку спонтан. Ако не се искрвари, а плодот е мртов и се вади со киретажа, се рачуна ко missed abortion. Со бета 600 и крварење после 10 дена е спонтан, а не биохемиска. При спонтан препорачуваат некој месец чекање за да се обнови ендометриумот. По киретажа може и повеќе. Биохемиска доживуваат безброј жени без да бидат свесни за тоа. Се чисти телото и нема потреба од чекање за нова бременост, воопшто. И нови ивф трансфери прават веднаш по биохемиска.
Mene po spontaniot abortus vo 5,6 ned od bremenosta mi rekoa 6 meseci aza biohemiskata bremenost ne mi kazaa nisto ama togas pocnavme so po opsezni ispituvanja I trebase vreme da se otkrie pricinata za gubenjeto na bremenostite I pominaa tie sest meseci vo cekanje na rez
Здраво на сите. Вчера имав киретажа во 8ма недела немаше срцева реакција, потиштена сум скроз поради тоа што 2години јс чекавме оваа бременост, сега се плашам дали ке останам некогаш пак толку тешко. Ми дадоја капки и антибиотик, многу малце вчера прокрварив, а денес воопшто не искрварив, дали да продолжам до крај со капкиве или да ги прекинам ради тоа што прекинав да крварам, дали е добар или лош знак тоа што малку крварам? Пишете ми ваши искуства дали после поминувањето на 6месеци ке можам дс останам со лесно? Толку многу сум исплашена и психички западната, многу лошо се чуствувам, што би ми препорачале дс земам овие 6месеци додекс паузирам.
Какво чекање 1 година, многу жени имале биохемиска и не знаеле дека имаат и крварењето го сметале за закаснета менструација. Ризикот воопшто не е "многу голем" за да се повтори пак, ги мешаш биохемиска со спонтан абортус
Миличка многуу ми е жал немам зборови да те утешам.... Јас во март имав киретажа иста недела немаше срцева реакција бев на киретажа ми дадоа капки и вибрамицин мислам два дена ми рекоја да ги земам капките и да си ги земаш.За крварење ми рекоја подобро било да се крвари за да се дочисти евентуално нешто ако има останато-што не би требало...После тоа ми рекоја за 3 месеци може да се обидиме првиот пат се обидувавме 8 месеци и одеше прилично тешко мислам а сега останав во рок од 1ипол месец до два искрено од кога почнавме да се обидуваме-значи побрзо спрема првиот пат.Испитување имав во бременост пап и микробиолошки излезе уреоплазма позитивна и ми рекоја дека е една од причините после кажав дека на почеток пијав кетонал-а јас не знаев дека сум бремена а и ептен болна бев после ми рекоја спермограм да се испита и тоа лекувавме 3 месеци.Не се секирај прво среди се психички физички испитај торч микробиолошки пап спермограм па ќе видиш ако треба полус нешто... Ти го посакувам најголемото трпение на свет иако знам како е и ти ја посакувам најголемата среќа во иднина и брзо до позитивен тест гушкиии ако ти треба нешто пиши ми
Прво да ти кажам дека многу добро те разбирам, претешко ти е сега Иста недела киретажа, исто по две и пол години обиди. Што и да ти кажам не може да ти олесни, само ќе споделам искуство. После тоа останав бремена и оди добро. Не беше лесно и требаше време, но тоа беше мојот случај. Кај тебе може и одма кога ќе почнете со нови обиди да биде. Направи основни трансфузиолошки и имунолошки испитувања. Торч исто. Периодов додека се опоравуваш ако можеш направи ги. И ќе си биде се’ во ред на крај, колку и да изгледа тешко сега. Почни со витамини пред да почнете со обиди, и земај ск ги редовно.
Еве јас ќе ти одговорам, имав ист спонтан од иста причина како кај тебе,после 8 месеци останав бремена со син ми од прв месец обиди.
Не ме земај за пример мене, имав дијагноза што ми отежна па ми требаше уште 2+ години и едно инвитро. Најчесто штом имало бременост еднаш, нема да биде мачење за втор пат. Сигурно и гинекологот веќе ти кажал исто, и тоа е точно.
Тешко многу тешко, ама животов мора да продолжи, мислам дека е рано од сега да почнам со испитувања, подобро да бидат посвежи пред еден месец пред да почниме со обиди. Што мислите или грешам?
За торч и брисеви не треба чекање, ако случајно има бактерија ќе ти треба време да ја лечиш, па таман додека почнете со обиди да биде чисто.