Да мила на спермограм мислев. Јас имам скоро се испитано, и ХСГ правев во Понеделникот. Кај нас спермограмот е проблем. Ти посакувам побрзо закрепнување. Овие 3-4 месеци направи си ги сите испитувања(пап, микробиолошки, торч, ако можеш и генски мутации направи, хормони на 3 ден од циклус) но почекај малце за хормонските да ти помине еден циклус бидејки сега се ти е пореметено. После паузата од првиот обид ти посакувам успешна бременост.
Почекај 1 месец па прави испитувања после, сите што ти ги кажала @Tinka1234 Ако е се добро, можете да почнете со обиди повторно, ама без испитувања не почнувајте со обиди, мој совет.
НАдвор од темата,дали во Мк. се наплаќа абортус, мислам ако се работи за бременост ако нема срцева реакција, па се наплаќа 6100 ден.
Вчера ми излезе резултатот од испитување на плодот и убаво опширно е објаснета причината. На крајот пишува основен наод на аутопсијата е акутен супуративен хориоамнионитис од среден степен, кој се шири и на децидуата, како и наод на акутен вилитис и интервилитис. Дали некоја имала ваков резултат да знае што значи ова?
Жал ми е за загубата... Хориоамнионитис е бактериска инфекција на мембраните околу фетусот и амниотската течност. Акутен вилитис и интервилитис е инфламација на плацентата. Најчести причинители се ешерихија коли и група Б стрептококи.
Женски јас имав missed abortion во 10 недела, па бидејки плодот го исфрлив додека крварев остана само плацентата за на биопсија и ова е резултатот, знае ли некоја што значи ова?
Многу ми е жал за загубата, нема зборови за утеха туку некој збор за поттик и храброст за следна бременост. Кога јас чекав извештај од аутопсија на бебето ми рекоа не се надевај дека ќе пишува нешто што ќе ти објасни што се случило, најчесто не се откривала причината, така што веројатно е добро што кај тебе ќе знаат, а решение за се постои. Можно е да имаш инфекција што се развила во матката, мене ме предупредуваа на таа опасност иако не беше тоа. Добар гинеколог, во приватна болница ако си во можност, би ти препорачала да си најдеш, ти треба некој кој ќе има мотив поцеловито да ти се посвети како пациент
Денес бев кај проф Димитров во Ремедика и тој утврди дека ништо од ова не е причина за абортус туку дека цервикс от е не компетентен и ќе мора да правиме серклаж или абдоминален серклаж.
Jas dva pati vo 5ta nedela imav spontan, prviot pat ne mi zapirase krvarenjeto i morav kiretaza...doktorot mi rece deka e podobro kiretaza nego kapki bidejki ne sekad se cistelo se... a vtoriot spontan sama se iscistiv Pred da se napravi kiretaza se prai bhcg treba da bide na nula ili pod 2 I se gleda na eho vo kakva sostojba e matkata... Za zal se slucuvaat mn pocesto vakvi raboti, no site eden den kje bideme mamicki!!! Samo pozitiva i hrabrost Mene mi preporacaa da pravam genetski mutacii ispituvanja, trombofilija itn i po se izgleda slednata bremenost kje si primam kleksani
Zdravo devojki, imam neredoven ciklus i pred 3 meseca imav spontan abortus, od togas sme so zastita.. noo eve ovoj mesec mi kasni skoro 3 nedeli a imam bolka vo polovinata dolniot del na stomakot i od vreme na vreme blaga bolka vo jajnici stomakot mi e celo vreme napnat... mozno li e nova bremenost znam deka so zastita ne moze no eve jas se tesam da e puknal nekoj pa da da ostanam
Здраво девојки. Денес ме отпуштија од болница, имав спонтан абортус во 5та недела. Докторот ми рече дека плодот ми е многу ниско и дека се големи шансите за спонтан абортус и тоа се случи.. Вчера бев на ревизија и по анестезијата односно до ова утро додека не заминав од болницата немав никакви болки. Сега чувствувам болка во долниот дел од стомакот и половината. Пијам капки и вибромицин капсули. Сега ме буни болката што повторно ми се јави бидејќи до пред малку се беше во ред. Нормално е ова после абортус, секако сакав утре да отидам кај матичната, но сакам да слушнам и ваш совет и мислење.
Капките што ги пиеш имаат ефект да матката контахира, со црл да се исфрли количината крв и да се врати во првобитна состојба. После пиење јас одма добивав болки, баш како грчеви во матката, ама поостри и плус половината. Следи се, не треба да се неподносливи и постојани, ако ти е мисла консултирај се со докторот што ти ја правел интервенцијата или со матичен.
Од капките ти е,и јас кога ги пиев имав страшни болки плачев од толку многу што ме болеше,а имам толерантна сум на болки.
Од капките и капсулите се напив во 7 часот прв пат. Денес ги земав. А болките ми се јавија пред да се напијам и сеуште ми траат. Не дека се неподносливи, слични се на менструални болки, ама имам некој страв дали нешто не е во ред. А од апчињата приметив мачнина во желудникот.