Znaci mora da odis na lekar, nikoj vaka nemoze da ti kaze sto ti e pa ni lekar se dodeka ne napravis ispituvanja na krv i pap test, za barem donekade da se vidi dali imas nekoja bakterija, virus sto go predizvikala sponataniot ili pak se e vo red a pak moze da imas spontan Samo odma na lekar, mnogu cekas
за тврдата столица ти препорацувам повеке тецности да користис во исхраната како супи итн моzес да пробас и со зелен cај тој исто трака помага во тврда столица со срека драга и гледаљј поскоро да отидес на доктор за болките во стомакот
pilenka нема збор кој би те утешил сега, болката сигурно ти е голема....но издржи, господ повторно ќе ти подари и даде едно бебенце.
Срце, со тебе сме, што и да ти треба тука сме. Некој збор, утеха... незнам како, ама знам сигурно дека имаш ангелче, не си го изгубила. Ќе даде Господ и ќе си родиш пак. Eте Господ одбрал ние да доживееме и вакви маки, јас еден спонтан лани, оваа година вонматерична, ама што да се прави, стојам на цврсти нозе, малку нелогично, ама вториов пат некако ме направи посилна, и имам поголема верба дека навистина еден ден ќе родам здраво и живо бебенце. Така и ти срце мило, мораш да веруваш дека сонцето пак ќе изгрее како што изгрева секој нов ден! Те бакнувам и гушкам!
pilenka mila zal mi je za tebe i za bebenceto milo .... isplacise da ti olesni malce od malce na dusata i moras da pocnis napred da gledas ostavi malce vreme da ti se stabiliziraat hormonite i posle obidetese ponovo .... znaj deka se ce bidi vo red ti ja pustam cela sreka i snaga za pobrzo da ti olesni na dusata ecapereca како си ми ти ? уште колку време треба да помине за поново да се обидите за бебенце?
Фала срце, добра сум, вие како сте? Накај почеток на март поминуваат 6 месеци, ама јас сакам да си почекам уште 2 месеца плус, многу јаки биле тие инекции, да се очисти организмот скроз убаво, па со Господ напред.
ајде че поминат брзо пола вејче поминале јас тешто некако туркам и се молам бебушко што подолго да остани во стомачево да си порасни секоја ден со страв сум ама тоа е
Само опуштено мила, нема од што да се плашиш, ќе си седи тоа до 9-ти месец и ќе си го родиш со лесно здраво и живо бебушко тоа слатко
Здраво, јас сум нова овде а и во цела ситуација во која се наоѓам. Утврдена ми е бременост 5 недели еве од тогаш скоро недела помина имам два дена кафеав исцедок некаде прочитав дека е симптом за спонтан а дури по два дена ми закажаа на гиниколог се плашам да не ми се случи нешто бо меѓувреме
Јас имам прашање во врска со оваа жалосна тема. Ми доцнеше две недели ама немав направено тест за бременост, а имав често мокрење, главоболки, замор, болки во градите и во стомакот од време на време. Ми се имаше случено и капка кафена да имам на гаќите неколку дена пред датумот на добивање, а еднаш недела или две после односот, проследено со јака болка. Таман да направам тест јас добив. Но еве четврти ден уште имам обилно крв а обично само првите два имам..... бидејќи знам дека од спонтан абортус се крвари, сакам да знам какво е тоа крварење, дали е бојата или миризбата различна.... дали доколку направам тест ќе знам ако е тој хормон уште присутен? Бидејќи баш два дена пред да прокрварам дигав тешко и малце ме заболе стомак..... и сега ми се поврзаа работиве па би сакала да знам дали можам да препознаам ако бил спонтан.
Имаш ли основана причина да се сомневаш на бременост ? Веројатно не се работи за никаков спонтан абортус туку промена во менструалниот циклус . Да се утврди дали постоела бременост е потребно тест преку крв . Доколку навистина се сомневаш оди на лекар бидејки можно е да се рани знаци на спонтан .. Би требало и да имаш болки доколку се работи за спонтан . Во секој случај јас би ти препорачала да посетиш лекар симптомите тешко се распознаваат .
Ти благодарам на одговорот, инаку секако дека се сомневав на бременост инаку не би ни прашала. Ќе проверам секако но ме интересираше дали можам преку самата крв што истекува да забележам разлика. Имав болки не многу големи, но сега веќе ги нема.
кога имав спонтан прво поцна кафеаво суво потоа малку повеке од нормална менструација и имаше парчиња крв и за околу 8 до 10 дена се исчистив со крварење без киретажа. затоа провери си можно е да било бременост
Немора да значи дека би требало да се има болки ако е спонтан. Јас и при спонтаниот и при вонматеричната немав ама апсолутно никакви болки. Пред спонтаниот само еднаш кафеаво разлеано на долниот веш, и толку, ништо повеќе. Отидов на лекар, имаше срцева акција, се беше во ред со бебчето тогаш, ставав утрогестан навечер, и кога отидов после 3 недели на контрола, веќе немаше срцева акција, престанало претходната недела. А при вонматеричната одма почна со крваво и кафеаво помешано за после да продолжи крв со парчиња засирена крв. Муабетот ми беше дека немав ни Б од болки. Ама сепак, се е индивидуално, имало случаеви и со кафеаво и со крварење, па живи и здрави бебиња се родиле. Секој со своето... Ама само позитивно, тоа е најважно секогаш!
И јас немав воопшто никакви болки при спонтаниот, ни крварење. Бев кај брат ми и снаа ми во Германија ми доцнеше циклусот. Одлучив да направам тест преку крв кога се вратив. Дента си извадив упут за другиот ден. Резултатот беше позитивен и ми закажаа преглед за другиот ден. Во болница бев во веце и бебето се испушти... Кога ме прегледаа ми рекоа дека нема потреба да ме чистат... Толку беше, ниту болки ниту крвови ништо... Немав ниту време да се израдувам на бременоста. Кога го кажувам ова како да не се работи за мене. Немав ниту психички проблеми после абпртусот, немаше ниту време да сфатам дека сум бремена... Матно ми е се.
еве и јас со прва неуспешна бременост т.е спонтан со само исчистување без киретажа и една нормална бременост без проблеми сега повторно ми се случува истото. правиме се со докторот за задржување на плодот апчиња инекции ама никако да престане кафеното. од првин имаше и крв ама престана и остана само на кафено и еве веќе 10тина дена никако да го снема на цело. сабалје пак имаше свежа кр кога се избришав. мислам требаше веќе да престане на пиење од тие апчиња и ставање инекции. докторот вели да почекаме уште една недела ама немам надеж вече се мислам дали да престанам да ги пијам апчињата и белкким така ќе почнам да си крварам да не ми прават киретажа. дали има некој апчиња да ги дават за да почнам да крварам некак страв ми е од киретажа
neznam koja nedela si ama ne brzaj so vakvi odluki,kako gospod sto e nikoj ne e.Nikogas nema da znaes dali do kraj ke ja iznosis bremenosta ili ne ako ne probas.I jas krvarev i imav kafeavo do nekade 13 nedela pa eve sega sum 27 i se e dobro.I jas lezev vo bolnica sttogo miruvav se bockav primav 5 meseci utrogestan i se ispadna dobro do sega.I ti nemoj tuku taka da gubiz nadez.Inaku isto ova mi e treta bremenost so toa sto ednata ispadna uspesna i rodiv devojce a drugata za zal so sponatn vo 9 ta nedela.A od kiretazata nema zasto da se plasis sega i so celosna anestezija ja pravat ako vekje nedaj boze dojde do toa.Pobaraj mislenje i od drug lekar ama na svoja raka nezemaj nikakvi lekarstava za da iskrvaris vo domasni uslovi.Mozes da imas pogolemi posledici posle
Немој да избрзуваш и јас ке ти речам.Познавам жена што скоро цела бременост имаше кафен исцедок и си роди здраво дете.Ако плодот се развива како што треба немој да паничиш.Што ти вели докторот расте ли бебето или стагнира?