Нормално е после интервенција и јас имав болки види земи си блок макс или јас земав кетонал ако ептен боли.... Без грижи се е во ред секако после некое време се препорачува на гинеколог да се види дека се е исчистено...
Zdravo devojki , dali nekoja od vas vo skoro vreme pravela ispituvanja za kareotip i antitela ? Dali bi mozela da nacekam na drzavno ili ako znaete vo koja privatna bolnica bi mozelo da se napravi? Imav dva sponati abortusa.
Кариотип на државно јас никогаш не најдов термин три месеци а приватно во систина знам дека има сигурно и ремедика имаат. Дали плодовите се испратени на испитување? Ако не се тогаш почни со испитување на генетски мутации за тромбофилија,хемостаза,торч,пап тест на крај остај го кариотипот ако нешто од овие испадне голема е можноста кариотипот да е сосема во ред
Има термини за кариотип на ГАК на 8 март. За антитела на Имунологија термините се зафатени, ама следи на мој термин, може да пуштат нови, но АНА и АФА и на Трансфузиологија можеш да направиш.
Mnogu ti blagodaram Nade-sunrise . Celo vreme sldev od pred nova godina i nikako da nacekam termin i samo sto pocnav da se rasprasuvam za na privatno i bas deneska se javiv na maticnata zakazavme. Dali povekje si zapoznaena okolu antitela ? Kako tocno da i kazam na maticnata da mi zakazi za na transfuziologija ?
Ако немаш испитано генски мутации за тромбофилија и тоа можеш на Трансфузиологија. На упатот нека наведе д-димери, хемостаза, ANA, AFA, LA и генски мутации. Се заедно провери си.
Генетски мутации испитував во Ману испадна дека има мутации и по препорака на гениколог земав аспирин и клексани но сепак и вториот пат заврши со спонтан. Правев и ПАП и микробиолошки тестови на тоа нема ништо.
Во понеделникот требаше да биде мојот втор скрининг ама бебето беше мртво. Направија индуциран плус киретажа. Како причина наведуваат најверојатно некој вирус кој се пренел преку постелката и го нападнало бебето, генетски иститано се што има кај нас и правен пренатален тест. Ова ми е прва бременост со инвитро после 7 години борба. Како се справивте со болката а и со вината јас никако не можам да си ја тргнам вината дека си го убив бебето. За болката ќе биде знам за цел живот
Не се обвинувај за тоа вирус многу лесно може да се фати и на секого може да му се случи тоа.Најбитно е за каков вирус се работи дали ти кажаа? Јас се справив со тоа што секој ден излегував надвор, после тоа почнав комуникација со луѓе,работа и така останав на свои нозе.Но ако мислиш дека ти треба да збориш со стручна личност тоа не е за срамење или да мислиш дека нешто не е во ред со тебе.Чисто само за да се опуштиш и кога и да ти се плаче изнаплакај се не се стискај во себе
Не можеш ти да бидеш виновна за тоа што му се случило на бебето. Дури ни докторите не ја знаат причината, само нагаѓаат. Не си ни прва ни последна на која ова ѝ се случило. Излези надвор, дружи се, ако имаш потреба од стручна помош обрати се кај што треба и најважно не се обвинувај самата. Едноставно некои работи така требале да бидат
Многу ми е жал за тоа што ти се случило. Те разбирам дека болката е уште поголема поради долгата борба - и самата сум на тој пат, па знам колку е голем влогот, кога со години тоа ти е единствената мисла, желба и цел. Имав ран спонтан по третото ин витро, кога верував дека штом сум видела позитивен резултат натаму се ќе е во ред. Ама за жал, не беше. Како поднесов? Сеуште поднесувам...но би те советувала да се исплачеш и олесниш, да не се стегаш. Да зборуваш до кој можеш, кој ти е близок, да си дозволиш да тагуваш, но како што пишале и другите, да не се затвориш дома долго. Ниедно следно чедо нема да го замени ова, но запамети дека треба да бидеш здрава и силна за следното. Јас многу тагував, но решив и во најтешките моменти, дека ова не е крајот, дека нема да си дозволам да "паднам" скроз, а верувај, знам што е депресија. Во врска со чувството на вина, дали ако не некоја друга ова би и се случило, ти би ја обвинила? Веројатно не. Ќе знаеш дека немало што да направи. Истото важи и за тебе. Ние немаме моќ да ја контролираме нашата средина, и колку и да сакаме, и да пазиме и што и да правиме, не контролираме се'. Немало начин да знаеш. Немало начин да спречиш нешто што не знаеш и не можеш, ни ти ни никој од нас. Ти не си си го убила бебето. И не си виновна за тоа што се случило. Ако не можеш сама да се справиш со овие мисли, најтопло ти советувам да се упатиш на психотерапија. Стручната помош е многу добра поддршка во вакви моменти, особено затоа што и блиските кои обично се поддршка во вакви ситуации се засегнати и се справуваат и со своите чувства. Се надевам малце ти помогнав.
Имало премногу вируси кои би можеле да бидат тоа беше одговорот. Не можам сега за сега да зборувам со никој освен со сопругот, знам дека и на другите им е жал ама испрашувања зошто како и коментари од типот не си ни прва ни последна и ќе имаш друго во моментот не можам да ги поднесам. Си давам две недели за тагување а после ќе видиме за излегување од дома не знам кога ќе можам, а вината ќе ја чувствувам цел живот за тоа знам и знам дека ќе морам да научам да живеам со тоа.
Најтежок губиток на бременост е во подоцни недели, потешко од тоа нема. Осетив на своја кожа, многу паднавме и двајцата и бракот ни висеше на конец. Шокот кога ќе ти кажат дека е крај на бременоста или кај мене тешка аномалиа па чекање болки па пораѓај, тоа си останува засекогаш. После губитокот имав уште еден спонтан ама тоа рано и многу брзо го пребродев, одма се кренав. После 4 месеци останав пак бремена и родив здраво и право дете. После две години сум пак бремена. Ти посакувам многу сила, со тек на време ќе се смири болката но ке остане. Виновник не барај, виновник нема. За жал се случуваат вакви работи.
Кога сме на темата психотерапија, дали можеби вие што сте поминале или знаете, кој од психолозите е повеќе да речам за вакви теми, односно можеби веќе се соочувал со вакви теми и работел со луѓе од наш профил да речам. Ако знаете, ве молам пишете, сигурно сите се добри, но веројатно некој повеќе или помалку се занимавал со вакви ситуации.. Ве гушкам..
Ќе помине чувството на вина верувај, тоа е мајчинско чувство што го добиваме од позитивен тест па се додека дишиме, дека сме одговорни за доброто на бебето, ама не секогаш се нештата во наша моќ. Ќе стивнат доста работи, но ќе остане тага. Јас со неа живеам со години, си ја прифатив, си ја сакам, тоа е нешто најинтимно што го имам, само јас и мислата на тоа бебе, никој друг во тоа не може да ми се меша. Сили, мноогу среќа, и најдобар тим од доктори ти посакувам за следен обид, кога и да бидеш спремна
Здраво девојки, може не е права тема но морам некаде да прашам, моја блиска денес правеше киретажа во плодност, плати 24000, со тотална анестезија во амбуланта, 9000 ден докторот ги ставил во џеб, а 15000 на фискална одат под шифра вонматерична или тскс нешто, да напоменам ги барал сите пари во кеш но се убедиле дел на фискална дел кеш, дали некоја скоро правела киретажа во плодност и која е цената? Мене ова ми е навистина сумливо, каде болката па и грабеж, телефонот во плодност не работи па затоа немам каде да прашам...
Jas pravev pred mesec dena, mi zedoja skoro 15.000den,vo ovaa suma i inekcijata spaga poradi toa sto sum Rh negativ, inekcijata e samo 2500den,ako nesto podetalno ve interesira pisete mi licna poraka.
И јас скоро правев киретажа во Плодност 12 000 ден беше вкупно со корона тест и целосна анестезија. Незнам кај кој доктор правела но тоа ми е ептен сумливо ..
Болката во моментот е преголема верувам дека не можела ни да прави напори но требало да се обрати кај Таше .. тоа се многу пари, па толку пари е еден пораѓај .. за наредно ви го препорачувам др.Владко најпријатен и искрен јас сум презадоволна од неговиот пристап и достапен во секој период независно дали е дома или на работа..