Devojki baram sovet Pri dva spontani abortusi vo peta nedela ispitav se na imunologija i na transfuziologija Ne mi najdoa nisto so duri i se napnav sto sega neznam od kade se spontanite
Здраво девојки. Може ли некој да ми каже кои испитувања се прават после прв спонтан абортус, после колку време и кога би требало да отидам да ме гледаат на ехо? Мојот беше на 16.03, дали би требало да почекам прв циклус или? Фала што сте тука, овде наоѓам утеха дека не сум сама, но јас сеуште никако неможам да се смирам...
Тешко е мила те свакам целосно, ептен пресно е, после добивајне на прва менструација почниси полека со испитувања, се прават брисеви, пап тест и хормони, доколку има термини барај си и за на трансфузиологија испитувања да си направиш и нормално ехо.
Најпрвин контрола кога ќе ти заврше крварењето да ја проверат матката дали е чиста,потоа откако ќе добиеш прва менструација можеш брисеиви да направиш.Другото матичната ќе ти каже.
Девојки, ајде некоја да ми сподели искуство, може и лп. После киретажа (плодот не се развиваше), уредно си добив прв циклус, нормален, се супер. Деновиве ќе одам на прв преглед после зафатот, односно контрола. Какви испитувања правевте понатаму и после колку време повторно почнавте со обиди?
Pravev kiretaza pred 3meseci,minatiot mesec napraviv brisevi, pap test, transfuzioloski ispituvajna i hormoni, pozelno e hormonite da gi napravis ponatamu a ne sega poradi toa sto prviot mesec po kiretazata se mnogu izmesani sto e normalno posle toa, za obidi koga da pocnis ke ti kaze doktorot koj sto te vodi normalno posle site ovie ispituvajna, mene mi rece dobijaja i cetvrtata menstruacija i dojdi so rezultati da me vidi na eho i da daj zeleno svetlo. Slobodno prasuvaj sto te interesira.
Imav kiretaza vo Avgust, isto prestena so razvivanje, ostanav bremena vo Oktomvri, eve mi go pileto spie do mene Ne napraviv nikakvi ispituvanja, ponekogash za zal se sluchuva, mnogu e chesto, no seeushte e nekako tamu tema
Сакав да прашам после спонтан кога добивте менструација Мојот беше во 6та недела(биохемиска ми рекоа) поминав без киретажа крварев после тоа 7 дена пообилно и прекина До денес ми е 30ти ден сеуште нема абер од менструација
LavidalocaНов член НОВ Jas dobiv tocno na 28mi den, megjutoa normalno bilo da zakasni i do mesec ipol Uzivaj
Здраво Дали кога ќе имате спонтан абортус треба и да се има крварење? Имав силни болки во долен дел на стомак и нагон за wc 100 % сум сигурна дека испуштив нешто
Da, tie se simptomite bukvalno istite Mozno e dq krvaris po malce uste edna nedela pa idi da ti ja proverat matkata dali e iscistena Istoto mene mi se desi
Здраво Со дм не пробуваме сеуште да останам бремена,но не ни пазиме.Така да свршува во мене сигурно 5-6 пати месечно веќе некој период. последниве неколку недели ми се гади некако,а пред десетина дена прокрварев малку (не требаше да добијам)ама не придадов значење зашто беше бледо розево и со мал интензитет. Вчера идам до тоалет,и се бришам и гледам тегава бледо розева течност со малку крв и како топче бледо бело а внатре потемно бело.го стиснав и како гумено беше.После на интернет прочитав и видов слични слики како спонтан..А да напоменам последниве 2-3 дена кревав доста тешко и по скали цело време генералка правевме.Исто така и вчера сабајлето имавме по груб однос и ме маваше осеќав внатре и ме болеше. Да напоменам не сврши прекинавме,ме болеше,такада тоа топче не е возможно од сперма да е. И сега ми е во мисла што беше..Дали некоја имала слично искуство да исфрли такво бело крваво топче?
Спонтан ти е обично со по обилно крварење тоа што си го видела е слузот од внатре, ако мислиш дека си бремена направи тест.Исто така од груб однос може да имаш крв али не обилна
Здраво Дали е нормално после missed абортус да не крварам ич само првиот ден кафеаво , и мали болки во долен дел на стомак? Ке ве молам за одговор