Здраво девојки, сакам да ви ја напишам мојата "приказна" со цел да ве утешам и да ви дадам надеж на сите кои поминувате низ истото, кога ми беше најтешко утеха наоѓав тука, од искуствата на девојките кои поминале низ истото, а кога ке влезев во нивниот профил и ќе видев дека сега пишуваат во групи како "искуства со бебиња од 0-6 месеци" добивав надеж дека и јас еден ден ќе пишувам во тие групи за бебиња Брзо после свадба останав бремена и мислев тоа е тоа ќе имаме бебе, се додека не отидов на преглед каде докторот виде дека нема срцева акција.. ми се сруши светот, не ни знаев дека има и такво нешто, поминаа две недели отидов повторно, чекавме до 9 недела, плодот не се развиваше, и знаете следува уште потешкиот дел-киретажата. Направив пап, микробиолошки, хормони, торч се беше во ред и препиша докторот на тоа дека "се случува" По 6 месеци веднаш останав повторно бремена, приказната се повтори, плодот до 6 недела се развиваше и толку, овој пат на психа ме удри уште повеќе, добив и паничен напад... и да не ви раскажувам сите што сте поминале низ истото знаете како е Плативме да се направи испитување на плодот да се најде причината,излезе трисомија на 13 хромозом (доколку кариотипот е во ред а кај нас беше во ред, тоа е случајна грешка при спојувањето на хромозомите) После вториот мисед, се опседнав со тоа да го најдам проблемот и да го решам.. ако може да се реши Покрај истите испитувања што ги направив првиот пат, овој пат и сопругот направи микробиолошки и спермограм се беше во ред, двајцата направивме кариотип, па на имунологија сите испитувања (со резултатите отидов кај Петличковски на факултет), на трансфузиологија сите испитувања, матката ми ја гледаа да не има преграда... значи се што сум прочитала и слушнала испитав, освен мутација мтхфр хомозигот друго ништо немаше, искрено се разочарав бидејќи мислев ќе го најдам проблемот и ќе го решам и ќе имам бебе, а излезе дека и нема некој сериозен проблем, освен што ќе треба да примам клексани од старт за следна бременот, тоа ми го кажа Петличковски Отидовме и во Лесновски Манастир каде ни прочитаа молитва и разговаравме со отец Дамаскин, по кој разговор се чуствував некако многу подобро, посигурно, смирено... После 6 месеци од втората киретажа, каде ги правев сите испитувања и закрепнував психички после втората изгубена бременост отидов кај Др.Митко во Систина со цела книга испитувања. Откако ги протумачи сите едно по едно ми даде само витамин Д да пијам, метилирана фолна, метилиран б12 (поради мутацијата мтхфр) и б комплекс и наредни 3 месеци да не останувам бремена Останав по трет пат бремена, после тие три месеци или вкупно после 9 месеци од втората киретажа, овој пат посигурна дека се ќе биде во ред знаејќи дека се што можам направив, испитав... и за среќа така и беше, сега мојата среќичка има 1 годинка и не прави пресреќни Ви ја пишувам мојата приказна, со цел да ви дадам надеж на сите кои поминувате низ истото, да не мислите дека ако тоа ви се случило еднаш или два пати или три пати.. дека четвртиот пат нема да биде во ред. Реално јас освен витамини ништо друго не пиев, па фала му на Господ се беше во ред, а и претходно со сопругот си водевме здрав живот. Така да направете се што можете и верувајте во Дедо Боже дека сите ќе ве направи мајки
Девојки, сакам да прашам дали има разлика и што е различно помеѓу резултатот од МАНУ што го даваат за тромбофилија и АПЦР генетски тест за тромбофилија? Ова второво (мислам дека добро го запишав називот) е испитување кое било различно од тоа на МАНУ. Ова го дознав од приватна лабораторија и го давале како сугестија после спонтан. Споманв дека го имам тоа од МАНУ и ми рече- аа не е исто фала ви
Здраво Би сакала да ве прашаам во четвртокот имав missed абортус утре праваам една недела денес менструални болки и крв а пред тоа само кафеаво ми течеше Дали е нормално? Помина една недела скоро а сега крв
Нормално е. Особено ако се чисти без киретажа ќе имаш и болки и крварење сé додека не се исчисти што има останато внатре. Следи го крварењето, ако стане многу обилно или ако кренеш температура, тогаш ќе треба на лекар да одиш. Или, контактирај го и сега, ако не земаш може да ти даде Ерготил капки да пиеш, го забрзуваат процесот.
Здраво. После прв missed абортус во 8 недела помина скоро една недела би сакала да ве прашаам дали правевте некои испитувања плус Сакаам да направаам но не знам кој матичната ништо не ми викааа а сакаам дека сум со инвитро? И после колку време имавте односи после киретажа?
претходно кои испитувања ги имаш направено? Најдобро ти е да се консултураш со докторот кај кој правеше инвитро, ама кај нас не се баш заинтересирани за барање на причини.
Здраво Би сакала да ве прашаам дали е нормално после миссед абортус да се крварии послее 2 недели од киретажатаа Стварно сум преплашена
Ако, нормално е. Сé додека не е преобилно и нема големи болки и температура, нормално е. И да сопре и пак да почне и тоа е нормално.
Отиди си на лекар да те ѕирне, јас после киретажата скоро и да не крварев туку како кафено,и после 12-13 дена почнав да крварам и отидов на контрола,имаше уште во матката некои парчиња и ми дадоа да ги пијам капките уште 3дена.
Zdravo devojki.Pred Tri dena imam abortus.Prvo so tableti,pa bidejki ne bese padnat plodot me prati doktorkata so vakum da go izvadat....sega nema mnogu krvarenje,mnogu malku,bolki menstrualni I tie vo granicite na normalata....pijam vibramicin I egrotil...Od vreme na vreme cuvstvuvam gadenje I Kako gorcina...Od Sto moze da bide???Nekade citav deka simptomite na bremenost mnozat da potraat...iskustva Ve molam...
Здраво Имав миссед абортус пред околу 36 дена а сеуште немам добиено само како нешто кафеаво и тоа кога имам кога немам , што да праваам дали да чекам уште малце или да закажам преглед стварно сум испаничена дали е нормално толку да ми каснит? Ви благодарам