Здраво Да ве прашаам кога добивте менструација после киретажа мене ми е 40 ден а уште немам знаци за добивање ке полудааам
Јас имав миссед, и после киретажата добив точно на 30-от ден. Многу пообилно течење од обично и ми траеше 7 дена. Инаку циклусот ми трае 26-28 дена, по 5 дена. Сепак тоа си е индивидуално кај секого, ама ако нешто ве загрижува обратете се кај матичниот
И јас правев киретажа пред 3 недели, докторот ми рече да очекувам да добиам за околу 30 дена но имало случаеви каде и после 2 месеци добивале после киретажа, така да не се нервирај ке добиеш секако.
Првиот ден и наредниот воденикаво светло-розево , а потоа околу 10тина дена имав кафеав исцедок ама многу малку, колку да ми ја извалка дневната влошка.
Здраво женички, на 19 април имав спонтан абортус со помош на ИНФ, менструација уште ми нема дојдено. Дали има место за паника или нормално е?
Правев киретажа во средата, сега имам многу болки и крварење. Какви се вашите искуства после киретажа? Колку долго имавте крварење и болки?
Никакви болки немав. Првиот и вториот ден имав крварење розево, водно и оскудно, а наредните 2 недели имав кафеав исцедок по неколку капки.
Леле кас до сега вакви болки не сум имала. Ама уште од болницата ми дадоа лекарства, така да валда е очекувана болката. А крварењето исто, многу крварам. Како да имам нормална менструација.