1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 28 јануари 2011.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    6.090
    Пол:
    Женски
    Една година како престанавме да се чуваме, на почетокот така полабаво почнавме, а веќе неколку месеци како пратиме овулација. Не сум во мк, и тука тоа го сметат како најнормално во мојата возраст, бев веќе кај 3ца доктори и сите со истото мислење дека нема потреба од испитувања. Испитувања требало за над 30 години :| Збунета сум многу, и мм смета дека не треба да почнуваме со испитувања, сите ми велат дека сум многу напната и треба да се опуштам. А јас постојано се питам како? Работам, се дружам често, не е дека само на тоа мислам и не правам ништо друго, но стравот дека имаме некој проблем си стои тајно во мене и се чувствувам дека никој не ме разбира ;(
     
  2. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Mila Ijas bev mlada ama ne sekogas e do prirodata posebno kaj povtoruvackite spontani abortusi zatoa se tie ispituvanja ednas aj ke kazes priroda megutoa dva pati ne
     
  3. myau

    myau Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2016
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Вашето искуство со др. Татјана Гуржанова и др. Владимир Трајковски од New born, кој е подобар? Имам 2 спонтани абортуси и сакам одговори... Дали гсе посветени и дали го бараат проблемот во двата партнери или се фокусираат само на женската неплодност?
     
  4. Lara3

    Lara3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2021
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Девојки, денес околу 11 h имав киретажа во мојата недела 9+3
    Цел ден имав мало крварење, а и докторката кажа дека е нормално да има крварење овие 5 дена.
    Но пред 3 часа почнав да имам болки во долниот дел на стомакот како сечење, бидејќи беа поголеми се напив аналгин и малку ме смири. Но предмалку гледам дека има веќе обилно крварење, влошката преполна, исто како да ми е втор ден од циклус. Дали е ова нормално?
     
  5. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Нормално е .И кај мене беше така ,ќе си се смири лежи одмарај и за некој ден ќе помине
     
  6. Lara3

    Lara3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2021
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    И утрово имам обилно крварење, фала ти! Денес ќе лежам повеќе
     
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.850
    Допаѓања:
    166.877
    јави се на др изконсултирај се
     
  8. Lara3

    Lara3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2021
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    За среќа намали крварењето, сега има само неколку капки. Засега имам само грчеви во стомакот, предмалку се напив аналгин на своја рака и малку ме отпушти. Се консултирав со мојата матична, недај боже ако се јавило пак обилно крварање одма да сум се јавила. Фала ти! :$
     
  9. myau

    myau Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2016
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Дали ти дадоа да пиеш капки Метилергометил? Тие се за да спречат големо крварење после пораѓај или абортус. 3 x 20 се пијат, прашај доктор
     
  10. Lara3

    Lara3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2021
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Мене ми дадoa капки Метипергометрин 3 x 15 и плус Вибремицин.
     
  11. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Jas ti go preporacuvam dr Vladimir trajkovski da go barat problemot I kaj dvajcata partneri kariotip I hla tipizacija se prave I kaj dvajcata partneri
     
  12. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    Прва бременост, по природен пат без долго обидување. Се беше во ред, направен 1 скрининг, сите параметри одлични, бебе 1 недела понапред, протоци во ред, крвна слика исто, брисеви чисти. Направен и пренатален тест и тој беше супер. Во 15+4 недела после 2 часа грчеви во стомак кои не беа неподносливи ми пукна водењакот. Веднаш отидов на лекар, бебето уште имаше срцева акција но плодова вода немаше веќе. Во кратки црти исфрлен плодот и направена киретажа. Одговор зошто се случи ова немам... се беше во ред. Ме интересира дали некоја има некое слично искуство? Која може да е причината за вакво нешто. По совет од доктор после 3 месеци ми е препорачана хистероскопија да се испитаат аномалии на матка. Освен тоа какво друго испитување би требало да направам?
     
  13. Natashka1988

    Natashka1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2020
    Пораки:
    1.060
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Кога во 15та недела добив крварење и болки, прво што ми дадоа беше Прогестерон депо, и тоа до 3 пати неделно, силна прогестеронска поддршка од Утрогестан, Магнезиум до 1.2 грама во ден... освен сите анатомски промени што може да се на матката, задолжително и брисеви, многу од бактериите знаат да ги нападнат обвивките околу бебето и баш е тоа "бељата" пукање на водењакот...уринокултира,а понатака и хистероскопија, иследувања на трансфузиологија и добар доктор што ќе те води темелно. Последново е едно од пресудните, бар во мојот случај! Ти посакувам среќа, од срце!
     
    На Thinkerbell. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. myau

    myau Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2016
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Каде е најдобро да се испита кариотип?
     
  15. Kailani

    Kailani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Државно само на ГАК се испитува, околу 700 ден.
    Приватно, во Систина е околу 7000 ден за еден.
    Мислам и во Њуборн испитуваат, но не знам точно инфо за таму.
    Кариотип и двајцата партнери правите.
     
    На myau му/ѝ се допаѓа ова.
  16. myau

    myau Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2016
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Добар матичен гинеколог што се разбира во повторливи спонтани и високоризична бременост?
     
  17. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.822
    Здраво. Имам огромни болки во долниот дел на стомакот. Се обидуваме да имаме бебенце, денес бев на гинеколог и ми даде да направам испитувања, но сега покрварив. Немав направено тест бидејќи чекавме прво да дојде терминот за добивање. Треба според датумот да добијам за три дена.
    Дали е можно ова да е спонтан абортус во рана бременост? (Извинете за сликава но многу сум исплашена). На секое идење во тоалет имам по некое вакво парче, а вакви болки не сум имала ни при менструација. Исто така многу ми се повраќаше оваа недела и осеќав остри болки во стомакот. Незнам дали е менструација дали е спонтан. И дали ќе покаже на лаболаторија доколку е спонтан?
    Screenshot_20210708-220113_Gallery.jpg
    20210708_221355.jpg
    Ова ќе испитувам утре
     
    Последна измена: 8 јули 2021
  18. _Vera_

    _Vera_ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    2.476
    Допаѓања:
    31.658
    Пол:
    Женски
    Ако си направиш бета хцг, ќе покаже некоја ниска вредност. Ако не ти е ни дошол датумот за добивање, не ти ни задоцнило, не е спонтан. И да имало оплодување, се смета за биохемиска бременост. Од сликата не можам да заклучам нешто, само ме потсети дека и мене ми е понекогаш така погуст секретот, веројатно матката била добро задебелена па сега тоа "се лупи".
    Нека ти даде и за бета упат, ако има кај тебе на државно, да не плаќаш на приватно. Да си бидеш на раат.
     
    На Yeeah му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.822
    Многу ти благодарам за одговорот. Сабајле ќе идам да ми земат крв, не ми е јасно само дали ќе покаже и дали имало бременост? И дали е можно да сум бремена а да имам крв? Бидејќи јас навистина не се осеќам како кога имам добиено многу ми е чудно необично...
     
  20. _Vera_

    _Vera_ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    2.476
    Допаѓања:
    31.658
    Пол:
    Женски
    Па ако има или имало, бетата ќе е барем над 5, како што се референтните вредности.
    Менструалниот циклус не е секогаш ист, иако сите си го знаеме како ни е, некогаш знае нешто и да е промени. Ако нема бременост, а си имала болки невообичаено, мој совет е да си провериш после мензис брисеви, пап, преглед обавезно, да не се работи за нешто друго (воспаление, циста или др)
    Среќно!