Најверојатно ти подранило - се случува, особено летно време секогаш имам отстапки во циклусот. Спонтан пред добивање .... тешко, повеќе би рекла биохемиска, башка и да си била бремена (а 100% сум сигурна дека не си била, дека ти подранило) , плодот во 4та или ајде да речеме 5та недела се мери во милиметри и тоа околу 1-2 мм така да не си прави стресови, кога ќе ти заврши мензисов оди испитај си микробиолошки, пап и хормони, партнерот нека направи спермограм и пробувајте си.
Јас кога имав биохемиска, пиев тие месеци Овунорм, доцнење од 13 дена, и мислев дека сум бремена. Покажа бледа црта тестот, но по нецели 4-5 дена добив, нормален циклус.. на ехото потоа немаше ништо...
Здраво, после киретажа колку дена крваревте и имавте болки во стомакот? Денес ми е пети ден од киретажа и сеуште имам крварење, не многу обилно но сепак има. Но имам големи болки во долниот ден на стомакот, како сечење. Покрај терапијата што ја примам исто така пијам и по еден аналгин на ден за малку да ми ги опушти болките.
Нормално е. Немав јас никакви, ама баш никакви болки. Крварев првите 2 дена, бледо розе - воденкасто, а потоа 2 недели имав кафеав исцедок на бришење. Од лекарства си ги испив капките и вибрамицин имав 5 таблети, по 1 на ден. Ми рекоа дека е многу важно во исто време да се пие антибиотикот па така имав аларм на телефон.
Аха, не ми го напоменаа тоа за времето на антибиотикот а веќе денес го испив последниот вибрамицин, останаа уште капките. Па кај мене не е кафено, баш е крварење и свежа крв. Фала ти, кај секој е различно изгледа, да се надевам ќе мине за скоро.
После колку дена од киретажа се вративте на секојдневни обврски? Во вторникот бев и иако имам уште слабо крварење, болки немам, но некако сум плашлива за било што да правам па дури и да излезам од дома.
Jas kiretaza pravev vo Ponedelnikot i seuste imam bolki vo dolniot del na stomakot kako i slabo krvarenje. Bidejki bev so invitro, boleduvanjeto mi e prodolzeno, zdravje posle edna nedela treba da trgnam na rabota. Inaku i jas ne sum izlezena od doma, poveke lezam, se nadevam od narednata nedela ke bidam podobra.
Првиот ден си лежев, си гледав филмчиња, вториот ден со сопругот излеговме шетавме си купивме садови за во кујна, си ги наредивме и некои стари работи исфрливме, ама јас повеќе на столче седев. Се осеќав ок (во смисла, немав болки, нелагодност или сл.), веќе третиот ден си се вратив на работа и се однесував нормално.
Многу лесно сте поминале, искрено и јас очекував дека ќе биде лесно, мислев ќе биде исто како кога ми вадеа полип. Но јас сеуште имам силни болки, од сабајле добро ми беше а сега повторно имам силно сечење во стомакот, легнав и се мислам дали пак аналгин да се напијам, не се издржуват баш болките.
Во недела правев киретажа нареден ден на работа, никому ништо, а душата ми знаеше колку лошо ми беше на душата. Е сега за секојдневни обврски ќе внимаваш, повеќе одмор, не се напрегај многу, не се истегнувај да пружиш алишта некое време
Душата не поминува и нема никогаш да помине, ама мора да се научиме да живееме со тоа... Многу е важно во такви моменти да се занимаваме со нешто, за да ги истераме мислите колку-толку, да не дозволуваме негативните мисли да завладеат со нашиот ум, бидејќи ни треба здрава психа за да стигнеме до целта - да бидеме мајки што побрзо. Веднаш по будењето од анестезија се изнаплакав и продолжив понатаму, еве пред мене нов месец, нова шанса, се надевам на позитивни резултати што побрзо кај мене и кај сите вас <3
По анестезијата легнав на болнички кревет свиткана и си плачев кога ме виде докторот почна да ми се дери, стани одма, што си легнала, избриши солзите ти не си болна, здрава права ќе си имаш челад, ама баш такво дерење што ме дигна буквално од кревет, што и беше во право ете по кратко време пак ми даде господ, ќе ви даде и вам, со сите негативни резултати не се разви плодот, тоа е природна селекција како во мојот случај, а не има многу, па и да има нешто што правело проблем се лечи, нека ви е со среќа и само трпение, се ќе си биде.
Девојки, моите големи болки не за џабе биле. Денес отидов во болницата за да и кажам дека имам огромно сечење во долниот дел на стомакот, откако ме прегледаа ми констатираа дека пак имало парчиња, небило убаво исчистено и под итно повторно ме правеа киретажа. Плус треба да одам три дена по ред да ми ставале некакви инекции за да правило контракции на матката. И кога мислев дека лошо ме снашло имало и полошо. Бидете ми живи и здрави! Господ нека дава здравје на сите, бидејќи тоа е и најбитно!!! А се друго ќе се реши...
Osum nedeli i dva dena sum bev denes na ultrazvuk i se soociv so najlosoto, srceto na moeto bepce prestanalo da cuka. Ni dadoa tri opcii: ednata e da cekame da prokrvaram, deugata e kiretaza , a tretata so lek. Mi preporacaa so lek. Utre treba pak da otidam
Душо биди силна! Те памтам добро, бидејќи во исти период правевме инвитро. Не ми се верива колку не има на кои ни се случува ова. Јас правев киретажа во 9+3 и не ми пунудија опција туку дирекно киретажа. Докторот само ни спомна дека имало и некои инекции но тој не беше за таа опција, бидејќи било ризично да не се исчисти се.
Cudo e toa sto se slucuva...na sekoja vtora zena ne mozam da poveruvam...No ke bide kaj site nas , gospod ke ni gi napolni racete dusicko. Jas bev mnogu pozitivna, taka i ke prodolzam borbata prodolzuva. Istoto go sovetuvam na site samo pozitivno i napred