Здраво девојки, јас имав медикаментозен абортус во 7 ГН на 1 јуни, откако се исчистив бев на ехо и не покажа ништо сомнителни, докторот ми рече дека сум се исчистила, добив менструација на 30 јуни и ми траеше 7 дена обилно крварење, направив контрола на хормони и се’ беше во нормала, сега после недела дена од циклус пак ми се јави благо крварење со кафен исцедок, претежно на бришење, но сепак има и на влошка. Ми беше многу чудно зошто така се случува, се консултирав со доктор ми рече дека е нормално, па да ве прашам и вас, дали сте имале слично искуство, дали сте имале крварење и после завршена ментруација, а после абортус?
Да, 10 дена по крварењето, пак си почна така како кај тебе и траеше три дена. Нормално е, додека да се стабилизираат хормоните, некогаш порано, а некогаш треба повеќе време.
Денеска бев на контрола и конечно ми запре крварењето и се изгледа добор на ехо. Докторот ми препорача да не чекаме доколку сакаме бебе, ми рече дека сега биле поголеми шансите за забременување. Тука по форумов читам дека препораките се да се почека од 3-6 месеци. Сега сум во дилема, незнам што да направам? Дали да чекам или да одам по препораките на мојот гинеколог.
Ако сама се имаш исчистено не треба да чекаш воопшто. Јас имав две киретажи во 6 недела и точно после 3 месеци останував бремена колку и да сакав порано не се фаќаше. Штом доктор ти вика дека се е во ред значи немате пречки, ти посакувам што побрзо две цртки и успешна бременост
Не се исчистив сама. Бев со киретажа, со страшни крварења па стасав дури до инфузија бидејќи крвта ми беше мн слаба. Ќе почекам една менструација и ќе пробаме. Ти благодарам многу
извини прашање дали тоа значи три дена по 15 капки? или пак 3 пати на ден по 15 капки и јас сум во иста ситуација затоа прашувам
Vcera bev kaj doktorkata mi dade edno apce direktno tamu da ispijam i za denes vo 12 casot mi dade 4 apcinja da gi stavam vaginalno site od ednas. Mi dade paracetamol so codin protiv bolki mi kaza da se napijam pola saat pred da gi stavam apcinjata. Otkako go staviv apcinjata za pomalku od pola saat dobiv uzasni bolki i pocnav da krvaram. Za 4 casa gestaciskata kesa izleze cela so plodot vo nea, uzasno za gledanje... Seuste obilno krvaram bolki nemam tolku no mi izleguvaat parcinja kako crn drob. Seto toa e normalno kaza i doktorkata. Zaboraviv da ja prasam za kolku vreme ke dobijam ciklus. Za kolku vreme ste dobile ciklus posle spontan i dali cikluso ke si bide kako sto bil?
Те молам може ли да споделиш како се викаат тие апчиња што си ги ставила вагинално? На мене ми правеа два пати киретажа во една недела, докторката ми кажа дека пак имало мало парче останато на незгодно место, не смејала многу да го гребе за да не ја оштети матката, овие 3 дена наутро во болница ме бовкаат со некаква инекција за да правела контракции матката и да се исфрлило парчето, но јас после втората киретажа немам буквално никакви болки и никакво крварење, што искрено незнам дали е и ова нормално? Утре здравје ќе имам и преглед пак, па се надевам се ќе биде исчистено. Инаку која недела бевте кога ја прекинавте бремениста?
8+2 bev , apceto sto tamu mi go dadoa oralno da go ispijam ne se sekjavam kako se vikase , a tie sto mi gi dadoa vaginalno se vikaat Cytotec.
Гледам дека пишува на германски, па претпоставувам дека си во германија. Инаку јас пиев такви апчиња после киретажата бидејќи имав делче останато внатре од бременоста. Баш како ти што опиша имав и јас исто крварење. Ме интересира дали ти кажаа нешто за повторно забременување, дали треба и колку да чекаш? Ми изгледа дела докторите во странство имаат поинаков став од докторите во мк, во однос на забременувањето.
Vo svajcarija sum, mi kazaa deka mozam za dva ciklusa povtorno i deka sansite za zdrava bremenost se zgolemuvaat bidejki veke ednas nastanala bremenost.
После два цијлу Ти кажаа може после два циклуса за повторно бременост со инвитро? Или за природна бременост да пробувате? На мене докторот ми кажа можело после 4 ри циклуси за следно инвитро.
Jas ne mozam prirodno da zabremenam poradi zapuseni kanali. Za invitro mi kazaa deka moze posle dva ciklusi.
Жал ми е што поминуваш низ ова, ист случај бев и јас. 9+3 миссед, се исчистив со таблети, а нормална менструација си добив регуларно на 29ти ден со нормално крварење, малце повеќе така кафено/црно првиот ден дур проби црвена крв. На контролата се виде дека се се исчистило со крварењето и ми олесна што поминав без киретажа. Ти посакувам и кај тебе се да се исчисти убаво, па за брзо да се радуваш на успешна приказна.
Нормално си добив и најприродно го поднесов за разлика од киретажите. За жал многу ги нудат тие, кога вака многу поприродно се проаѓа.. Ми рекоа за бременост после 3 месеца, за да се врати матката во нормала (ако е ивф), за природно демек можело и од одма.. не е битно, ќе поминат 2-3 месеца за час.. Посакувам среќа понатаму..
Овие ми се резултати од трансфузилогија, имав 2 спонтани. Дали некоја од вас има вакви тромбофилни мутации и што ви предложија. Инаку метилфолат пиев во двете
На 23.6 правев киретажа па крварев околу 10 дена обилно и таман конечно ми престана, еве денес пак почнав да крварам. Можно ли е да е менструација сега? Не ли е малку рано?
Pak jas, posle 2 spontani vo peta nedela, eve denes 3 po red isto vo peta nedela znaci istioy slucaj bremenost da no vo matka ne Gi napraviv site mozni ispituvanja, mi ostanaa kariotip i histero za sekoj slucaj jest da na 4d nemam ni pregrada ni niso No doktorot veli ajde i taa moznost da ja isklucime Stv ke puknam Ima li nekoja so vakvo iskustvo? Stvarno mi e potreben sovet