1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 28 јануари 2011.

  1. BiciBici

    BiciBici Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Devonki zdravo, pak jas so moive prassnja. Poslem kiretazata si dobiv menstruacija na 27 den od kiretazata, mi traese 2 dena tretiot epten malku, inace si imam po 5-6 dens i eve deneska mi e 10 den i seuste nemam ovulacija, obicno jas na 10 den ovuliram tocno po simgomite znam koga sum vo obulacija, a ovoj mesec ni O od obulacija. Sekako si zakazsv na gnekolog, ama eve i vas da ve prassm so vasite iskustva
     
  2. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.828
    Пол:
    Женски
    Здраво, колку денови после спонтан/missed имавте крварење? Кај мене беше медикаментозен абортус со таблети, немав киретажа, ама еве веќе 13 дена поминаа и сеуште крварам по малце. Не е интензивно крварење, по малку е, ама сеуште е свежа, црвена крв и никако да се смири целосно, ниту да прејде во кафеава крв. Преглед имам закажано за една недела, не знам дали има потреба претходно да одам на ургентно или продолжено крварење е сепак нормално.
     
  3. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    3.778
    Пол:
    Женски
    Здраво, баш ми е жал што поминуваш низ ова :hug: Јас исто имав медикаментозен абортус и имав крварење околу 17 дена, но свежата крв престана некаде кај 7от ден, после тоа се беше темно кафеаво и црно. Во мојата ситуација докторката сакаше да ме види веднаш следниот ден и рече се е исчистено, ќе имаш нормално крварење ко менструација неколку дена. Така да ако ти е мисла прашај ја докторката за да те види, но штом не е обилно мислам дека не е ништо страшно и само си се доисчистува организмот.
     
  4. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.828
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Вчера ми беше намалено крварењето, денес е веќе точно 2 недели од чистењето, па се надевам дека ќе продолжи да се намалува додека скроз не го снема. Инаку е сеуште црвена крв во комбинација со некаков безбоен исцедок. Јас не живеам во МК, а овде кај што живеам медикаментозен абортус се изведува во болнички услови, така што пред отпуст од болница ми беше направено ехо, докторката рече дека убаво се исчистило и решија да ме пуштат дома со препорака за преглед кај матичен за 2-3 недели, инаку постапката со апчињата се повторува додека не се исфрли се'. Затоа ми беше чудно што сеуште крварам, бидејќи и она ми рече да очекува недела до десет дена крварење, а кај мене е веќе полни 14. Немам болки, немам чудни мириси, така да останува да се надевам дека ќе се смири. Ако случајно пак се засили, ќе одам на ургентно, нема да чекам.

     
    На TheGoldenPeach му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Бремена сум 6+5 и имав симптоми прошлата недела, ми се гадеше ми се спиеше и ме болеа градите. Од пред три четири дена веќе ги немам овие симптоми, градите само на допир ме болат. Многу се плашам да не е пак спонтан, бидејќи имав еден во Јуни. Прегледот ми е закажан на 14 ти во четврток до тогаш незнам како ќе издржам, се молам само се да е во ред. И се имали на некоја случено вака да губи симптоми а се да е во ред, или сепак да не се надевам на добро ;(
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Јас имав симптоми па ги снемав и крварев и после ми се вратија симптомите до 3ти месец и повторно исчезнаа и си имам здраво детенце родено :)
     
    На elimkd и S.o.F.i им се допаѓа ова.
  7. Bislimska

    Bislimska Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Со медикаментозен имав крварење со свежа црвена крв траеше 1 недела, па 1 недела раат бев, па после повторно 10тина дена крварење ама доминантно кафеавкасто. И на 30 дена од медикаментозен добив мензис. На 4 ден од добиено проверов хормони, к'рш.
    Докторот ме прегледа 3 дена после земање на таблетите, ми кажа ОК си се исчистило и дека треба 3 месеци да поминат да се стабилизира организмот и дури тогаш д апочнам да размисливам за нов ИВФ.
     
  8. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Дај боже и кај мене да е се во ред. Утре ми е прегледот па ќе видам до кај е работава. :inlove:
     
    На Meckicja и Brpbrp им се допаѓа ова.
  9. AnaAnaBanana

    AnaAnaBanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Да прашам некоја членка дали мерела бета хцг после спонтан и колку време по спонтаниот бетата паѓа целосно?
     
  10. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.131
    Допаѓања:
    45.252
    Пол:
    Женски
    Кај мене после 2 месеци
     
    На AnaAnaBanana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Kaj mene padna za 5,6 dena otprilika
     
    На AnaAnaBanana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaAnaBanana

    AnaAnaBanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Изгледа и кај мене ќе да е така, фала ти на одговорот :hug:
     
  13. AnaAnaBanana

    AnaAnaBanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Изгледа кај мене уште не е падната, а на 01.09 го изгубив плодот ама тоа е што е,фала ти на одговорот :hug:
     
  14. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.131
    Допаѓања:
    45.252
    Пол:
    Женски
    Во секој случај ќе падни, порано или покасно... само тешкото беше што секоја недела морав да се боцкам и да проверувам до каде е :smirk:
     
    На AnaAnaBanana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Жени плис совет. Немав спонтан, ниту бев бремена али, правев киретажа од други причини па да ве прашам тука поактивни сте..

    Правев пред 1 недела , првите 3-4 денови имав бледа розева крв. Многу слаба, ми престана негде средата неделава. После само како исцедок имав. Сега се будам, и гледам крв, имам болки како за добивање?! Пијам Јасмин истовремено 8 дена веќе.

    Дали е нормално после престанок пак да крварам ?? :doh:
    Или од Јасминот да не е?
     
  16. Miss Celestial

    Miss Celestial Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, пред одреден период поминав низ спонтан абортус (односно имав missed) и многу ми помогна да прочитам за искуствата на другите членки, поради што решив да го споделам моето искуство.

    Требаше да бирам помеѓу медикаментозен абортус и киретажа за да се исфрли плодот, избрав медикаментозен. Во Македонија за жал медикаментозниот го има само на ГАК и се оди со упат од матичен гинеколог. Меѓутоа, на ГАК ми кажаа дека треба и потврда за крвна група, па одма отидов кај Жан Митрев каде излегуваат резултатите за помалку од саат време за да може да завршам работа истиот ден, а се плаќа 1200 ден за тестот. Можете и на државно да проверите крвна група, но не знам искрено колку се чека, а треба и упат од матичен за на трансфузиологија да можат да ви одредат.

    Со упатот од матичен гинеколог и потврда за крвна група се оди прво на преглед во ургентната амбуланта на ГАК, но спремете се психички бидејќи може да се погоди доктор кој воопшто нема обзир низ што сѐ минувате и да биде безобразен. Да не збориме колку жени влегоа преку ред со некој познаник од Гинекологија кој ги спроведува. Тоа е тоа, македонско здравство. После прегледот те праќаат да отвориш историја, па треба да се плати за процедурата (900 ден), и на крај се оди во соба 52 каде друга докторка и сестра ти ја даваат терапијата. Сестрата ти прави убав муабет, со совети и реално за тоа што те чека во однос на болката. Таму ти даваат една таблета, а другите за дома за следниот ден. Инаку тој ден на ГАК поминав можеби 4 саати за работа која може да се заврши за 15 минути.

    Следниот ден нема никогаш да го заборавам. Сензацијата што ја создаваат апчињата (мизопростол) не можам да ја споредам со ниту една друга болка што сум ја имала до сега. Првата доза (800 мг) се пијат 24 часа после апчето испиено на ГАК, а втората доза (исто 800 мг) после 6 часа од првата. Не се пијат класично, туку се ставаат под јазик да се растопат. Исто така паралелно пиев ибупрофен и реглан кои ми ги даде сестрата од ГАК за да се менаџира болката. После првата доза болките беа како нормална менструација и почнаа околу 20 минути после пиењето на апчињата. После пола саат ми дојде нагон за повраќање и исповратив сѐ што имав внесено тој ден. После повраќањето ми се смирија болките и во текот на наредните шест часа се трпеа, не беа многу јаки. Крварењето почна после саат време од апчињата.

    Е после втората доза, се мачев со страшни болки саат и половина. Јаките болки почнаа одма и беа на секои 3 минути, како контракции. После интервалот со најјака болка осетив како исфрлив огромно парче од мене, после видов дека во суштина тогаш сум го исфрлала сакусот. Исто така повраќав ненормално, а добив и дијареа. Исповратив малце и крв за што ми кажаа дека најверојатно од толку што било брутално повраќањето, сум добила повреда на езофагусот и затоа сум исплукала крв. Грлото ме болеше неколку дена. Сега крварењето веќе беше обилно и продолжи да трае 6 дена, со тоа што последниот шести ден се намали ептен.

    На седмиот ден отидов на контролен преглед на ГАК каде ми кажаа дека се задоволни како сум се исчистила, но останало многу малку па ми дадоа да пијам три дена капки ергометрин за да се исфрли добро сѐ и да се вратам на контролен преглед после десет дена. Инаку на контролниот се погоди ептен фина докторка, Адријана, која убаво ги објаснува препораките. Среќа што сум се исчистила скоро целосно, инаку да требаше плус на киретажа сигурно немаше да правам на ГАК, туку во некоја од приватните.

    Извинете за есејов, се надевам ќе помогне на некој кој ќе минува низ истата ситуација. Само бидете психички спремни за срањата на ГАК и нормално за болката од апчињата. Со среќа!
     
    На Kadporasnembicu и ivani30 им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Добро е и што брзо си завршила работа јас кога бев за преглед во амбуланта имаше жени што чекаат за киретажа со недели од 1во тримесечије на толку чекање влегле во 2ро колку само да се откажат од абортус. Пак ќе кажам дека си имала среќа што воопшто ти дале терапија и си отишла можеле да те маткаат. Жал ми е за твојата загуба искрено штом си со мисед испитај си генетски мутации за тромбофилија обично згрутчувањето е најчест проблем и доаѓа до мисед.
     
    На Miss Celestial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TaciCarbonero

    TaciCarbonero Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    9
    Prijatelki ve molam za pomos... Bremena sum 14ta nedela se si e vo red so bebeto pravev i nifty megutoa mojata sostojba se vlosi imam anksioznost I panicni napadi I samata pomisla deka sum bremena me plasiTreba da primam terapija a nesakam bebeto da go trujam.. Mozete li da mi kazete kakvi kako odi abortusot posle 14ta na zdravo bebe.. Placam koga vi pisuvam ama moram..
     
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    За жал после 14та недела нема класична киретажа туку треба да се породиш со индукција.

    Ако лековите не би му штетеле на детето, а тебе би ти било подобро нема потреба. Разговарај со Психолог можеби ќе ти помогне сепак и прекинот во бременоста во овој период е напредната и без анестезија.
     
  20. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    @TaciCarbonero Сигурно го прочита мислењето на членката над тебе како поминала со исфрлање на плодот не е така едноставно во 14 недела ке треба да го родиш бебето ,можно е после тоа да мора да ти прават и киретажа.Има толку многу жени кои го изгубиле бебето меѓу кои и јас пред 3 месеци и уште плачам за моето девојче.Не го прави тоа ако бебето ти е здраво право верувај дека анксиозноста и паничните напади ке се тргнат кога ке си го добиеш бебето во раце , ке ја имаш најубавата занимација што постои . Ти стојам на располагање за муабет слободно пиши ми само не го прави тоа
     
    На Snow white му/ѝ се допаѓа ова.