1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 28 јануари 2011.

  1. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за тоа што си го поминала и убаво го опиша целиот процес, јас би те дополнила со тоа дека денот кога се прима втората таблета не треба да се внесува храна ниту вода за да не дојде до повраќање и ете како во твојот случај да се отворат нови проблеми. Адријана е топ и за поддршка и за совети и мене ми помогна многу тие два дена кога лежев на патолошка, а и отпосле дополнително што ми требаше за некои испитувања.
     
    На Miss Celestial му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Jetche

    Jetche Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.034
    Пол:
    Женски
    Za zal i jas se priklucuvam vo ova bolna tema, samo sto se vrativ od bolnica imav kiretazha na plod 9 nedeli na koe mu prestana srceto da i cuka, pred 3 god go imav istiot slucaj na 11 nedela, ova mi e vtor spontan, bolkata e premnogu golema so nisto nemozam da se uteham, najbolnoto e sto 3 god se obiduvavme za dete i na kraj ostanav so ivf i pak spontan, neznam dali ke imam sila pak sa prodolzam psihicki sum mnogu loso, nekoja da spodeli iskustvo so nekolku spontani? Pozz fala
     
  3. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    1.680
    Пол:
    Женски
    И јас имам 2 спонтани првиот во 9 недела вториот во 6 без срцева реакција,и јас се борам 3 години но не се откажувам,кај мене испадна дека имам преград 2.5 см се правев хистероскопија ми ја остранија,почнавме повторно со обиди ми излезе бактерија и хпв цин1 имунитетот многу ослабнат пиев терапија ми се среди сега повторно пробуваме па ќе видиме што ќе биде.Чим остануваш не ќе си имаш нема откажување.Направи испитувања кариотип,генетски мутации,тромбофилија ако немаш хистероскопија направи да не има некоја аномалија матката.
     
  4. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Уф... од каде да почнам. 2016та година на прв обид останав трудна, во 21ва недела имав спонтан,никој не го посакувам. Од претрпен стрес повторно почнав да пробувам бременост дури во 2019та каде во фебруари добив две цртички од кои едната бледа, имав кафеав исцедок, бев на преглед немаше ништо на ехо, матичната кажа да направам бета hcg, го направив испадна не доволно високо односно на два до три дена не се дуплираше. Таа бременост се заврши како биохемиска каде самата се прочистив за неколку недели. Подоцна крај на ноември 2019та година добив повторно две цртички на тестот за бременост кои убаво се гледаа. Бев многу среќна. Бев на преглед се гледаше сакус меѓутоа не и ембрион,(осеќав дека нешто нема да е во ред) ајде кажа матичната можеби е подоцна зачнато ќе почекаме. Во меѓувреме правев бета hcg кое се гледаше дека не расте како што треба. По голема голгота испадна дека е blighted ovum односно сакус без ембрион, во 10та недела имав киретажа. на 21ви Септември2020 превев Хистероскопија во Систина затоа што се утврди на хсг дека имам адхезија на матка односно жиличка или ашерман синдром за кој мислам дека многу ретко се зборува кај нас. Една година од хистероскопијата ја немав резултат за бременост, со што прерходно побрзо фаќаше. Бев на сите можни испитувања и последно се договорив со Др дека треба да се прави повторно хсг дане е запушен некој канал после хистероскопијата. Овој месец требаше да чекам да добијам циклус и да правам хсг меѓутоа мене ми доцнеше 6 дена. На 3ти ден од доцнење направив тест испаднаа две линии едната беше мнооогу бледа едвај приметлива.Мислев дека ќе урлам од среќа, ја немам емоција. По 48 часа од првиот тест или на 5ти ден доцнење линијата е повторно бледа ама убаво се забележува. Сега сум повторно трудна 5та недела, денес прокрварев чиста крв одма бев во болница ме прегледа докторката кажа дека крварењето не е мало има си стои гестацискиот сакус плус се виде и јолк кесичката, што е добар знак, ама крварењето не чини. Ми рече да пијам Добросрон и магнезиум 250 мг. дома кога ќе појдам едно и едно вечерва. Ми кажа да мирувам односно да лежам цело време. Да напоменам вчера матичната ми кажа дека е мн ниско поставено кесичето има можност за спонтан и ме боцна прогестерон. Мн се разочарав денес и се потресов и покрај тоа што со денови се охрабрувам сама и ми помагате вие тука и девојките од форумов.
     
    На Kadporasnembicu му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jetche

    Jetche Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.034
    Пол:
    Женски
    Off leleee zarem ima i poteski situaciii i od mene, ja spontan pa biohemiska pa sega pak spontan, ja i koga gledam 2 crticki nikogass nemozam da se raduvam ni eden den da bidam mirna taka da si uzivam vo bremenosta, koga pocna da mi cestitat mnogu se cuvstvuvav loso i pak losoto mi se sluci, mislam deka nikogas nema da drzam bebe vo race, napraiv i histeroskopia i laparoskopia, imav mal septum koj bese izvaden, no pak nisto, sega sleduvat drugi podetalni analizi, mnogu sum umorena psihicki, ne mu ja posakuvam ova sostojba na nikojjj.
     
    На Meckicja и демотивирана им се допаѓа ова.
  6. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Да знаеш само колку ти ја разбирам душата. Како јас да зборам во коменарот потполно ја опиша мојата состојба и чувства. Моите родители чекале и пробувале да имаат дечиња 14 години. Мајками е почината, таткоми живее сам. Заедно ми беа наголемата светла точка, таткоми сеуште ми е како најголемо богатство и секогаш ми вика, само трпение, полека, упорност, откажување никако и разочарување никако, тоа не води никаде,се ќе дојде на свое место. Мајками беше болна кога ми рече ТИ СИ ТУКА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ТАТКОТИ. Зашто викам така мислиш и благодарение на тебе е тоа, не само на таткоми, да ми кажа, ама ја на моменти се откажував од умор и солзи, а таткоти не прекина во ниеден момент, неуморно и упроно се бореше и ме охрабруваше,затоа си тука денес.
    Нема да се откажам колку и да сум уморна, ќе биде еден ден. Ти ја посакувам целата среќа за успешна бременост.:hug:
     
    На Kadporasnembicu, elimkd и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  7. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски

    Се согласувам со твоето мислење. Јас изгубив дете пред 5 години и сеуште ми е болката како и првиот ден и месецот кој го изгубив цел месец ми е тежок и терминот на породување исто така. Кој не се соочил со таа болка неможи да ја свати вредноста на децата НЕДАЈ БОЖЕ НЕКОЈ ДА ЈА ОСЕТИ БОЛКАТА КАЈ СИТЕ САМО УБАВО ДА ДАВА ГОСПОД. Ќе ти даде господ и тебе еве јас имам 4 год дете сега и бремена сум за 2ро и тоа 2рото ми е ич непланирано дете кога ме праша докторката дали сакам да го задржам и реков ич да не ме прашувате докторке
     
    На Kadporasnembicu, elimkd, демотивирана и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Немој, Јас се соочив со депресија од кога го изгубив бебето пред 5 години месеци бев ни жива ни умрена.. Кога останав бремена добивав напади најмногу од тоа што се плашев дека нема да ја износам бременоста и дека и тоа бебе ќе го изгубам па ене мојата ќерка има 4 години и повторно сум бремена . Тешко е знам и сега исто така ме фаќа напади и висока тахикардија од самата помисла дека ќе го изгубам детето, а за свесно да уништам здрав живот не помислам... Најголемата грешка и грев е тоа.. Смирисе ако си православна оди на литургија причестисе оди почесто во црква и на манастири, доколку си муслиманка во твојата вера посветисе самоо не се откажувај... Се ќе помини во животот еден ден оваа болка ќе ти направи дополнителни проблеми. Во секој момент сум тука слободно пишими
     
  9. TaciCarbonero

    TaciCarbonero Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    9
    Da ama kako da si pomognam bez AD koga nemozam?
     
  10. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Можиш, твојата сила ти е во стомакот поголема мотивација од тоа во животот нема... НЕМА НЕМОЖАМ НЕПОСТИ НЕМОЖАм... ова е баш мотивација за стравот од пораѓајот но носи многу убава порака 26991795_10204002511700146_235313118312156994_n.jpg
     
    На Trpkovska, демотивирана, Maremama и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mademoisele

    Mademoisele Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Kako velat od losho ima i polosho, od arno ima i poarno.
    I jas imav spontav abortus, sho duri posle kiretazata se svestiv. Ne bev pri sebe.posle mi se pojavi i ankcioznost i mislam seushte nemozam dlaboko da zemam vozduh.
    No znam mnogu bliski sluchai shto imale poveke spontani i eve sega si gi drzat bebchinjata vo race.
     
  12. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Јас после првиот спонтан добив и анксиозност и хипохондрија ми се чини се пореметив цела,воопшто не е лесно тоа преживување на спонтаниот ни психички ни физички, ја во 21ва недела бебе немам дома, а добив млеко од градите, болка на душата огромна. Да и ја познавам многу луѓе со спонтани и сега имаат некои и по 3 деца. Ќе биде само трпение.
     
  13. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Жени.. пред 1 месец имав киретажа, дали е нормално да прокрварувам уште од време на време, али многу слабо и грчеви да имам ? :?:
     
  14. Sunny- flower

    Sunny- flower Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки , да го споделам и јас моето искуство со два спонати абортуси со надеж дека некоја од вас ке се пронајде и ќе помогнам не некого. Имав два спонати абортуси . Првиот во Август 2020 плодот не се развиваше и во 9 недела со киретажа се отстрани. После овоа почнавме испитувања прво генетски мутации . Испадна дека за наредна бременост треба да примам апсирин и клексани од самиот почеток на следна бременост по препорака на матичен гениколог и трансфузиолог. Се случи и втора бременост мислејќи дека проблемот од претходниот пат ќе се реши почнав со терапија веднаш штом дознав во декември 2020. Но овој пат беше уште полоша ситуација најверојатно поради клексаните и аспирините кои ги примав прокрварев и уште во 6 недела подот се отстрани. Овие сите испитувања , киретажи и се што ми се случи ги правев во државна болница и во консултации со матичниот гениколог. Иако имав некоја надеж дека доктор би те посоветувал од што може овоа сето да се случи не добив никаков одговор освен дека нема никаков проблем пробувајте си со сопругот после пауза од 5/6 месеци. Тогаш решив дека треба да побараме помош во некоја од приватните клиники каде што ќе се дознае точно што е проблемот и ќе те испратата на секакви можни испитувања но цената за тоа и не е така ниска. По киретажата во декември 2020 почекав до доаѓање на следен циклус и во Јануари со мојот сопруг закажавме преглед во болница Плодност во Битола кај др. Таше. Многу е битно сите испитувања да се прават и на двајцата партнети . Кога докторот ги виде резултатите од Ману од генетски мутации првото нешто што ми кажа е дека не треба да примам никакви клексани и дека не е до тоа проблемот. Кај мене беше утврдено дека треба да направам хистероскопија, а споругот правеше спремограм и ДНА фрагментација. Тука всушност се утврди дека споругот има многу лош спермограм ( не е пушач , а претхнодно е здраво се хранвме и со умерена физичка активност ) и дека еден е проблемите за спонтаните абортуси е тоа. Дополнително кај него беа направени уште некои испитувања и се препиша соодветна терапија за три месеци. Кај мене беше направеме хистероскопија во март 2021 каде што се утврди дека имам стесната матка и беше проширена .Во меѓувреме на државно во скопје направивме Кареотип , КИР . Почекваме да направиме конторлни тестови за споругот и по зелено светло од докторот дека можеме повторно да се обидеме се испадна успешно и во јуни месец повторно останав бремена и сега сум 27 недела. Примав интерлипидни инфузии на почетокот на бременоста , само апирин ( немаше потреба од клексани ) - сега сум со нормални вредности за Д-димери , фолна , Б12 , фемибион. Текстот е малку долг но се надевам дека некој ќе се пронајде и доколку имате некое дополнително прашање пишете ми во порака.
    Најбитно е да имате надеж и да го пронајдете вистинскиот доктор .
     
    На Kadporasnembicu, januari19, tambelina и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Ddimerite moze da se pokacat i po poroduvanjeto jas cela bremenost Imav ddimeri vo normala a po poragajot se kacija
     
  16. TaciCarbonero

    TaciCarbonero Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    9
    Kakva bese kiretazata vo 15ta nedela? Neli so provokacija se isfluva plodot?
     
  17. Miss Celestial

    Miss Celestial Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, колку време после спонтан/missed добивте менструација и тие што испитувавте после тоа хормони, колку ви наплатија на Клиника за биохемија? Фала однапред на одговорите.
     
  18. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Спонтан во 21ва недела, прва менструција добив по 45 дена од киретажата со што посче добивањето цел месец имав кафеав исцедок. Хормони испитував приватно зашто на клиника ги немаа сите.
     
    На Miss Celestial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Десетина хормони се околу 500 ден.
     
    На Miss Celestial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Radost i ocaj

    Radost i ocaj Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2020
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Iskreno, samo te uspivaat i se budis od anestezija so minimalni bolki ... Pred kiretaza ti davaat tableta da se isfrli plodot vo vid na tecnost :/