Женски некој да имал спонтан во 12та недела? Денес требаше прв скрининг ама срцето прекинало пред 2 дена да чука... Некој совет што сте испитале после киретажа?
Дојдов само да се искажам. Деновиве прв пат ми се случува да не можам да ја контролирам тагата, солзите. Само една мисла да ми помине и толку, отидов. Денес на работа пред странка се размрсулавив. До толку немам самоконтрола. Викам "извинете алергија ми е", па кашлав... Па едни солзи, толкави, не можеш да ги скриеш никако. Кога ми шлапна солзата на листот мислам и надвор се слушна. Се ближи денот кога требаше да го родам, ради тоа е, ама не мислев дека ќе биде вака тешко. Едно стегање во душава страшно, мислам останувам без воздух, болка, тежина...
Болката не ја снемува само се намалува ако останеш брзо пак трудна.. секогаш ќе го мислиш изгубеното... Јас прв пат имав спонтан 2017 та, ама по 3 месеци останав повторно трудна и бев уверена дека ова ќе го родам. Првото ми беше со термин во април, а ќерката ја родив во август.... Сега пак останав трудна после скоро 4 год. ама денес пак ги слушнав најлошите зборови нема веќе срцева акција во 12та недела кога бев на прв скрининг... За првиот спонтан си викав полесно е за мајките што имаат спонтан а дома имаат дете, бебе... Веќе имаат детенце, ама денес видов дека не е така.. Секое дете боли... Две ми се горе на небото а едно до мене спие... Додека сум жива нема да ги заборавам ни нив, ни нивните родендени... Ти праќам сила мајка, само сила и надеж не одржуваат...
Женски некој што скоро поминал киретажа да сподели какво било крварењето првите дена?? Првиот пат пред 5 год ми правеа и од толку стрес тогаш ништо не се сеќавам само знам 2 недели од кревет не станав... Вчера киретажа имав крварење ко прв ден добиено, денес немам скоро ништо чиста влошка само една капка мн светло розе на бришење.. нормално е?? Во болница ми рекоа ќе крвариш неколку дена... И што пиевте од терапија, дали покрај антибиотик и капки против крварење ви дадоа циклопрогинова??
Нормално е. Може да ти прекине два-три дена па пак да почне. Мене две недели ме маткаше така. Моја блиска па само еден ден крвареше и толку. Антибиотик Вибрамицин 5 дена на 12 саати и капки за собирање на матката 3 дена на 8 саати по 15 капки.
Кај секој различно е, јас воопшто немав крварење, и пиев само антибиотик , додека ерготил капки иако ми препишаа не.
Ах бе мила нема утеха знам Но ќе стане полесно и поподносливо со време верувај, ајде силни сме ние, што се не поминавме, ќе помине и ова. Ти праќам трпение......само дај си време на сама себе, ќе биде се во ред
Ти си една од најсилните дами кои ги знам, за восхит си! Помина низ такви тешки работи а уште си на нозе така цврсто и не се предаваш, браво!! Нашите бебенца-виножитца ќе дојдат за мнооогу брзо, ти ветувам! ❤️
Primaj toa sto ke ti kaze doktorot. Site sme so razlicni iskustva. Jas primiv 2 dozi kapki i plus antibiotik. Sama na svoja raka niti isklucuvaj, niti vklucuvaj terapija.
Женски денес втор ден од киретажа, вчера цел ден и денес преку ден никаква болка, сега од пред еден саат болки во долниот дел на стомак во средина, дали дека денес малце се наведнував станував ( имам 3 год ќерка) .. Некој слично искуство нормално е или да трчам на дежурен?
Znaci kaj site razlicno jas dva dena skoro ic ne krvarev.. trtiot den pocna kako prv den menzis i seuste si tece onaka, no ne mnogu... Cudno... Kapki ispiv edna doza a krvarenjeto ne prekina... Na kontrola sum za nekolku denovi.. neznam dali da odam utre vednas na maticen
Odi na maticen, mene mi dadoa uste edna doza kapki. Ne mora da znaci deka i tebe ke ti dadat, samo dobro e da te vidi doktor P.s jas imav i bolki i krvarenje, maticnata me vide na eho, i mi dade uste edna doza i se srediv
Normano e i krvarenjeto i bolkite.Imav skoro 10 dena minimalno krvarenje konstantno proprateno so bolki.Bitno e koga ke otides na kontrola da e se cisto.Kaj mene se dodeka minimalno krvarev i dodeka odev na kontrola imase uste za cistenje.Otkako prekrativ da krvaram bese se cisto.Bez panika seto toa e proces,no odi si na kontroli cisto poradi tebe.da si bides pomirna.