Devojki zdravo posle dve nedeli od abortus da prasam za vleguvanje u voda u Ohrid dali ste imale problem nekoja.... Sakame da pojdime do Ohrid no neznam dali da vlezam u voda uopste? Backii do site
Времето ќе биде крш таму викендов, па нема да ти е криво и да не се бањаш Јас добив прв пат по киретажата. Леле болкиии... не памтам кога ме болел вака стомакот. Инаку парцијална мола е. Читам, требало да се близнаци ама нешто тргнало наопаку. @CvetCvet дали имате правено кариотип? Утре или во понеделник треба да се готови резултатите и немам мир. Само таму ми е паметот.
Нема врска парцијална мола со близнаци, парцијална мола настанува кога јајце клетката е оплодена со два сперматозоиди наместо со еден што резултира во ембрион кој има еден екстра сет хромозоми, наместо нормалните 46, има 69 (еден сет од мајката и два сета од таткото). Чиста „лотарија“ и коинциденција е ваква триплоидна бременост што се случува при спонтано зачнување и не е последица на кариотипот на родителите. Не го мисли, ретко се случува да не е во ред кариотипот, а и во случај да е абнормален кариотип скоро исти се шансите за нормална бременост како и кај парови со нормален кариотип.
Те мислев, ама не сакав да ти досадувам, не е сташно штом е парцијална.Како што ти пишала ladystardast кај парцијалната мола ј.к е оплодена од два сперматозоиди и нема индикација со кариотип. Инаку ние имаме правено кариотип и се е во ред кај двајцата. Ќе биде се ок, само позитивно, ете помина и тоа.
I da ne e vo red kariotipot se prave preimplantaciska dijagnostika ili PGD I se odvojuvaat genetski ispravnite embrioni I se transferiraat
Tie sto zemaat krv za kariotip znaat da ja zagubat epruvetkata I na mm dva pati go bockaa za kariotip
Devojki zdravo, sakav da ve prasam za sovet. jas veke imav eden spontan posle 3 ciklusi od kiretaza se obiduvavme povtorno, i na prv den od zadocnet ciklus sega pravev 3 testovi site so bleda vtora linija. Ama denes (3 den od zadocnet ciklus) prokvarev kako so temna krv slicna na prv den ciklus. Najverojatno se ispustilo pak. Sakav da ve prasam, sto se pravi vo vakov slucaj? Dali da odam na dezurna da me pregledaat i dali moze da se iscisti samo?
Не значи дека се испуштило, тркни до доктор да те видат. Кај некои се јавува крварење во првите месеци од бременоста во деновите кога би требало да има циклус доколку не си бремена. Таков случај имаше другарка ми. Оди да те прегледаат, ти држам среќичка па да се вратиш и да ни споделиш убава вест
Ti blagodaram za odgovorot, deka mi e mnogu temno kafena kako za prv den od ciklus koa probiva, ke odam za kratko na pregled❤️
Значи дефинитивно има нешто. Сега и да одиш на ехо не можат да видат ништо, можеш да направиш бета само.
Може и да е тука плодот, ќе ти дадат терапија и ќе мируваш. Јас имав обилно крварење, по нозе ко чешма ми течеше, па плодот тука си остана. Примац терапија и се беше добро еве го терам 7ми месец. Пиши што ќе направиш,што ти рекле