Многу ми е жал за она низ што сте поминале, ве разбирам потполно, всушност сите тука сме го поминале истото, бидете истрајни, стрпливи и дајте си време на себе си да се смирите од траумата. За 4 до 6 недели најкасно треба да добиете.Мене ми препорача докторот барем 2 до 3 циклуси да почекам пред да направам Пап, брисеви, хормони, инфективен и торч. За мутации и кариотип можеби би било добро да ги имате испитано ако ви се повторувачки абортусите. Кај мене беше киретажа поради моларна бременост, па повторни обиди дури после три месеци од киретажата.
Благодарам многу. Ова ми е прв абортус, со првата бременост бев океј, имав хематом , што е исто многу често но супер ја истерав бременоста, ова сега ми беше шок затоа и превентивно сакам се да испитам, за да можам мирно да спијам.
Здраво женски, прва менструација после киретажа колку време ви траела и дали ви била поболна?? Веќе 5 ден крварење и болки ко за добивање, чудно ми е што крварењето трае само неколку саати во текот на денот па прекинува па пак одпочеток... Некој искуство??
Добри 5-6 дена имав крварење првата менструација после киретажата, а поболна не ми беше, иста ми беше како предходните менструации. Не се грижи, верувам дека е сѐ во ред. Сепак телото ти поминало низ голем шок и му треба да се врати во нормала. Ама ако толку ти е грижа, појди до матичната за секој случај. ❤️
Касно гледам што си пишала ама сепак сакам да ти дадам поддршка и мое мислење. Жал ми е што си минала низ сето ова, го поминав и јас истото во Мај, и исто така прв спонтан ми беше како тебе. Страв и траума мислам дека секогаш ќе бидат присутни, ама се надевам дека со тек на време раните ќе се намалат кога ќе гушниме здраво и право бебенце. Јас испитав мутации, сега чекам резултати, а во план сум да испитам и хормони, пап и брис. За прв спонтан докторката ми рече дека не правеле испитувања ама јас ќе си направам за да ми е мирна главата. Консултирај се со генеколог да ти дади упат за тромбофилија и хормони, а нека те ѕирни и на ехо. Во врска со повторно забременување, зелено светло ми беше дадено после 3 циклуси, фактички после 3 месеци. Уште еден циклус и можеме со обиди, ама изгледа ќе почекам да ги видам резултатите како ќе бидат па за да почнеме. Едвај чекам да сум пак бремена ама имам многу страв. Бог е голем и ќе ни дади сила за сѐ и верувам дека еден ден ќе си се гушкаме со нашите виножитца. ❤️
Нормално е да не се секираш ич. Нормално е и да имаш повеќе и помалку од вообичаеното. Мене ми беше многу болна иако ја у нормални денови нилслва болка сум немала. И исто такс ми беше чудно како во интервали добивав. Не му ја мисли воопшто. Ја жени од вчера официјално пробувам пак со мм Wish me luck
И мене ми е во интервали немав цел еден ден и пак прокрварев .. Веќе 7ми ден денес .. тебе колку време ти траеше??
Има има, не си сама. Јас во 5 месец ги изгубив моите близначиња . Не, да боли ти ја кине душата. Господ, ваква болка на никој, да не дава...
Дома на мирување 100 дена лежев, со редовни контроли со се. Одеднаш тече вода. цела истече. шо да кажам немам зборови
Mnogu ve guskam dvete silno. Znam kolku boli. Iako jas 12 nedeli bev. Mozam da zamislam kako e kaj vas.
Јас бев скоро 9та недела и сеуште неможам да се помирам, нејќам ни да замислам колку ви е тешко на вас. Премногу ми е жал мила, биди ми силна. Ќе си дојди и твоето време кога ќе станеш мајка. Бог нема да те остави, те гушкам силно.
Девојки, пијам Ерготил капки, но некако немам многу краварње Докторот ми ги даде да ги пијам, бидејќи сум имала уште крв во матката. Кажете искуство со нив, што да очекувам.
Лани ги земав и јас немав некое екстремно крварење, откако ќе ги земев ме фаќаа као грчеви затоа и се капките се грчи матката за да се исчисти.
Јас ги пиев првите денови после киретажа. Имав големи болки од нив, па кога се распрашав ми кажаа дека тие правеле како контракции(грчеви) на матката за да се дочисти и да се врати како што си била пред бременост. Очекувај некои болки ама не е нешто што неможи да се издржи, со лесно мила и ти посакувам што побрзо едно најслатко бебенце