Bidna i toa.bev , me iscistija i eve sega doma sum.prvo probaa so lokalna ama jas panichar i ne uspeaa ni injekcija da mi stavat.mi brckashe vnatre neshto mene me bolese i mislev deka ma ni injekcija da mi stavi.sirot doktor maka vide,toj mi vika ne boli jas mu vikam znaesh ti doktore dali boli da , vistina,si bil na moe mesto legnqt tuka.i se iznervira i me batali rece odime so celosna.tamo pa od glupi po glupi prasanja postavuvav.dali ke se razbudam,dali moze da stanam na sred cistenje,moze da ne fati anastezijata i doktorov mu vika na anasteozologot ziti se zaspij ja pobrzo zoshto kje pobolam psihicki od nea . I taka,bidna se za 20 minutki i sega mi dadoa citeral i kapki endokril mislam bea.samo neznam,dali ova krvarenje e samo deneska ili kakp menzis normalno koga imash
После спонтаниот направив испитувања позитивна кандида на цервиксот дали мора да примам терапија има пом месец дена од резултатите? И дали мм треба да испита СПЕРМОГРАМ
Jas piev vibramicin kapsuli 5 dena po edna,kapki Ergotil i Tothema ampuli oti bev anemicna.Krvarev samo toj den i toa epten malce.No kaj sekoj e razlicno,jas iskrvarev prethodno i se bev procistila.
Спермограм нема потреба .Тој се прави во случај да не можеш да останеш трудна подолго време,нема врска тоа со спонтаниот.Но штом еднаш си останала ке останеш пак
од кандида не се добива спонтан , инаку нема потреба од спермограм тоа е за оние кои неможат да забременат.
Поминаа 3 месеци од спонтаниот што би значело дека доколку мм не треба да испитува можи да пробаме со Господ напред уште имам страв од слученото
Здраво девојки ме интересира дали после првиот ( намерен) абортус има шанси повторно да се забремени, да напоменам дека интервенцијата беше извршена во 6-та недела во приватната клиника св.лазар скопје од страна на Д-р Ѓорги Николов. Дали има некој вакво искуство после намерен абортус пак да забремени.Фала однапред
Секако дека има многу жени што после абортус (било каков) забремениле. Ако докторот ти тврди дека се е во ред, би требало и да биде.
Значи не бев кај истиот доктор кој што го вршеше зафатот бев кај мојот матичен, но не сакав да кажам дека сум абортирала, но одоколу го прашав дали е се во ред со мојата матка и тој кажа да па сега не знам колку се за верувања докториве и уште една дали може д-р да познае дали имаш абортирано. Фала многу душо
@*sisi* не ти е паметно да ќутиш пред матичниот дека си направила абортус. Затоа и се вика матичен, бидејќи ти го следи репродуктивното здравје, и ако не дај боже нешто се случи, да знае од каде доаѓа проблемот. Мора да го има и абортусот заведено во картон без разлика каде си го правела.
Сиси може да го види, секое раѓање или намерно или спонтано преќинување на бременоста се гледа. Инаку докторот нема да ти каже можеби поради тоа што не сака да навлегува во твојата интима, но во иднина ако осети дека е битно тоа ќе ти го каже. Од искуство на моја блиска личност ти кажувам
Да знам во право си, но јас сум многу голем оптимист и се надев И јас претпоставував дека може да се види али мислам доколку има перфорација на матката и баш го прашав дали имам некое оштетување на матката ми кажа не да се надевам дека се ке биде во најдобар ред и би можела да имам бебче кога ке посакам бидејки тогаш останав бремена во неплодни денови. И заборавив да кажам го прашав дали може да забременам ми кажа дека се е ок и плус на ваг.ехо фоликулите ми беа 22мм значи тој вели ехтра, но знаете како е психава тепа, затоа ме интересираше дали некој од искуство има така намерно абортирано и после пак кога ке сака да забремени.
На ѕидот на матката останувале трагови, како лузни, по тоа се гледало. На жената која ја споменав докторот и ги споменал дури откако се забележало мало крварење, хематомче, коа било во близина на едната лузна. Иначе ако немаш никаков проблем нема што да ти споменува, твој живот, твое тело, твој избор.
Од тогаш бев 3-4 пати на преглед и тоа микробиолошки испитувања правев од кои само ми најдоа уреаплазма која што денес се ми е санирано и цин 1. за моја среќа и цин-от исчезна. и д-рот кога прегледува прави детални прегледи значи не е само онака да те откачи. ме гледаше на ваг.ехо,потоа на колпоскоп и целосен преглед на матката така да не знам се надевам дека е се е под контрола,а можеби кај твојата пријателка се направиле некои гребнатини не знам
Само 1 работа ме става во мисла тоа што кога имав односи со мм и тоа во плодни денови кондомот беше пукнат што значи тој сврши во мене и ништо не бидна тогаш не останав бремена
Да ти кажам дека една година мм свршува во мене и јас не останувам бремена? Ако првиот пат по грешка си останала бремена не значи дека и сега ќе останеш веднаш. Смири се и ќе видиш, се ќе си дојде на свое. Појди си провери си и хормони, нека провери и мти спермограм....
Фала многу на исцрпниот одговор да знаеш дека ми помогна и јас мислам дека терба малку позитивни да бидеме што е наше ќе си дојде, а мислам дека медицински е дозволено до 1,5 - 2 год да се обидуваш е потоа ако не бива да бараш помош, така една моја блиска личност имаше 2 пати абортирано зборам намерно, потоа кога се омажи 2 год не можеше да забремени па ете сега си има бебче така да глава горе и се ќе биде
пријателки , поминаа 5 дена од киретажата но јас навечер имам се уште болки . како менструални ,па ме интересира дали ова е нормално или ? денеска ќе се јавам на матичната да одам да провери ми е страв да не не е добро исчистено .искуства ?
Енци не се секирај истото и мене ми се случуваше и + по малку крварев кога отидов по 10 дена на контрола (така ми рекоа ) сеуште со болки докторот ми кажа дека е нормално до 21 ден да крварам а болките се од тоа што се стегала матката да се врати во нормала .Меѓутоа брзо поминува за 2 недели нема ништо да осекаш и ако ти е се во ред за 3 -6 недели ке ја добиеш и првата менструација.
Многу нормално дека може да се забремени па не си ни прва ни последна што абортирала те читнав низ темите многу си уплашена земи смири се да не си направиш проблем на психичка база