Гинекологот ми кажа дека веќе имало овулација пред 1 нед пред крварењето да се појави... Во секој случај фала на објаснување за прогестеронот.
После спонтан дали приметивте промени кај вас физички? Мене и матичната ми кажа дека на почеток треба време телото да се врати во нормала, тоа ми е јасно ама некако не продавав значење се додека не ме стрефи. Првиот пат после тоа имав страшни болки во мускулите, до тој степен што пиев апчиња а јас апче пијам во ретки случаеви. Сега вториот пат, пред циклус имам промени во болка во градите или можеби сум останала бремена, многу е рано за тест. И за проверка на хормони, кои претходно ми беа уредни, е сеуште рано, затоа што докторите ме советуваа после 3,4 месеци откако ќе поминат, затоа што сеуште телото е во хаос.
Od 3 do 6 meseci se vrakja organizmot vo normala,zavisno koja nedela e spontaniot. Sekoj razlicno go minuva, hormoni do kaj 6 meseci jas ne ispituvav, ispitav posle 8 meseci, se bese uredno. Ciklusot isto mi bese okey, samo pak ke potenciram sekoj e slucaj za sebe, bez griza
Да, имаше промени ама не драстични. Додуша и јас сеуште се опоравувам искрено. Втор циклус после спонтан и еве не ми е баш регулирано. Ама освен тоа со циклусот (имам баш погоре за ова прашувано), не чувствувам нешто друго позначително. Мислам дека секој случај е различен и секој организам се справува на сопствен начин. Баш тоа ми го кажа и мене д-р, треба време...
Zdravo devojki, edno prasajne, imav spontan so niska beta koja sto ne rasti, se slusnav so doktoro mi rece prekini utrogestan i ke dobijes ciklus,ke ja vodime kako biohemiska od vtornikot gi prekinav ama nemam seuste dobijano, osven po nekoja kapka kafeavo, dali nekoj ima slicno iskustvo?
Ќе почекаш уште малку, ако не прокрвариш, на доктор обавезно. Мене ако ме прашаш за да бидеш мирна викендов, отиди си на ехо да те види матичниот уште утре
Девојки, сакам да направам испитувања после missed abortus во 8ма недела па ќе ве замолам да ми пишете (може и во лп) како треба да гласат упатите за на имунологија и хумана генетика и трансфузиологија? Ќе замолам некој убаво да ми објасни зошто со матичната некако тешко успевам да се разберам.
Не е битно што шифра ќе биде и како ќе гласи, важно им е да имаш упат. Јас имав шифра N97 (женски стерилитет), а имав две бремености за 5-6 месеци. Ќе кажеш на шалтер се во врска со неуспешни бремености, знаат тие. Генетски мутации, хемостаза, тромбофилни состојби, ана. На имунологија се истите испитувања само таму има плус да испиташ и афа, на трансфузиологија мислам тоа го нема.
Колку што знам полицистични јајници се пречка за бременост, потешко се останува бремена, ама не значи кај сите, а за спонтан колку што имам читано не се. Има многу со полицистични јајници со школска бременост. Можеби некоја членка ќе се јави и ќе каже доколку е во ваква ситуација.
Еве јас.Без проблем останав трудна,школска бременост,а матичниот ниту еднаш не спомна дека тие може да предизвикаат нешто.Само во една прилика ми рече дека бременоста може тој проблем да ми го реши.И еве,после 7 години од прва бременост,јас имам редовни циклуси(пред тоа немав,или морав хормонска терапија) и немам полицистични јајници.Така што,верувам во тоа дека не можат да предизвикаат ништо,кога веќе дошло до бременост
Девојки, може прашањево не е соодветно за тука, но не знам каде да го сместам. Дали е дозволено фарбање на коса една недела после абортус со киретажа? Бидејќи до сега не се фарбав заради бременоста, а имам премногу бели влакна, сакав малку да си ја вратам самодовербата.
Од кај да знам веќе од се почнав да се плашам. Читам по интернетов дека некои и не се бањале, од кај да знам...
Овие со бањањето па претерале малку Фарбај се слободно, јас не би во бременост а после тоа да. Ама има некои и во бременост се фарбаат.
Јас сум со полицистични јајници, останав трудна после 7 месеци обиди ама со школска бременост како што викаш
Zdr ima li nekoj od vas sto posle spontan ostanal povtorno bremena i dali se golemi sansite istoto da se sluci pak