1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 28 јануари 2011.

  1. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Вчера на прегледот 7+3 докторката не можеше да најде срцева реакција, ме гледаше со вагинално ехо, исто кажа дека плодот престанал да се развива од претходниот преглед многу малку напредувало, ми кажа да одам утре пак, но ми рече ми остава простор психички да го прифатам тоа дека бебето престанало да се развива и дека нема срцева реакција. Навистина се разочарав зашто ова ми беше надеж после смртта на моето бебе. Ми кажа дека нема потреба од киретажа и дека ќе биде со пилули.Имавмногу слабо светло розево крварење дента пред прегледот на бришење на хартија но покриена сум со утрогестан и крварењето престана. Сопругот се уште има надеж дека можеби ќе се случи чудо, но навистина сум премногу разочарана.
     
  2. blablaabla

    blablaabla Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    793
    Mnogu ubavo te razbiram bidejki i mene mi se sluci istoto. Ti pustam golema podrska i dajboze da se sluci kaj tebe cudo i da bide se kako sto treba da e pogresno nesto videno. Najubavo mozes da proveris preku beta i da vidis kako se duplira betata i so toa najdobro kje znaes na sto si. Ti posakuvam srekja i te guskam :l:
     
    На BoNaNa123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски

    Само што се вратив, ми потврдија дека плодот нема срцева акција, дури почнал и да се намалува, престанал да се развива некаде околу шестата недела. Ми дадоа пилули, да ги искористам денес или утре.
     
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.841
    Допаѓања:
    166.742
    Може е касна овулација
    Не брзај и побарај второ мислење
     
    На BoNaNa123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blablaabla

    blablaabla Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    793
    Pobaraj i vtoro mislenje, napravi i beta hcg, ne brzaj
     
    На BoNaNa123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rosberi

    Rosberi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, јас сум 6+6 според ден на трансфер. На 6+3 немаше срцева акција, но докторот рече да почекаме и да повториме во сабота, арно ама вчера почнав да имам кафеав исцедок и сабајлево отидов на преглед, докторот ми вика да почекаме до понеделник. Јас уште имам исцедок, почнав сега да гледам дека веќе и розови капки почнуваат. Не знам што ќе правам до понеделник, многу сум загрижена. Може ли да почне спонтан додека примам прогестерон? Докторот вика да го продолжам до понеделник. Се ми е измешано, ве молам за совет. Сега размислувам какви опции би ми понудиле, но може ли да почне чистењето природно до понеделник?

    Да дополнам дека имам благи болки како пред добивање.
     
  7. blablaabla

    blablaabla Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    793
    Da ne cekas, da odis na drug doktor
     
    На Rosberi и Anomis11 им се допаѓа ова.
  8. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Женски
    Отиди си на друго мислење
     
    На Rosberi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.841
    Допаѓања:
    166.742
    Нема шо друго да се праве ако си примала прогестерон депо инекција и ако примаш утрегегостан
    лежи нон стоп и нема шо друго да правиш
    добро те води докторот не ти треба друго мислење
     
  10. Rosberi

    Rosberi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека низбежно ќе имам missed, повеќе ми е дали може да ми се случи додека примам утрогестан (депо немам примено). Не знам што ќе биде до понеделник, страв ми е дека крварам.
     
  11. Rosberi

    Rosberi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Најмногу ми е дали ќе имам време да одлучам како да се изведе процедурата, или може да почне природно чистење во овие неколку дена додека примам прогестерон?
     
    Последна измена: 17 ноември 2022
  12. flow30

    flow30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Сличен случај бев и јас, и покрај утрогестанот се случи миседот. Откако дознав дека нема развој и срцева реакција требаше веднаш да одам да ме чистат, но такво какво што ни е здравството во чаир немаше доктори а во државна не ме примаа. Чекав да помине викенд и да појдам да ме чистат. Веќе во саботата почнаа болките слични на менструални болки, а следниот ден и крварев. Во понеделник ме примија во чаир за киретажа, но како ми се ближеше редот да ме оперираат се повеќе и повеќе крварев, искрено тоа беше ненормално. Благодарна сум му на Господ што отидов на време. Ова ми беше втора неуспешна бременост и киретажа, се во рок од 6 - 7 месеци и беше потешко да преживеам психички низ сето тоа. Тие што поминале низ тоа знаат, се надевам дека следната бременост ќе ни биде успешна.
    Мој совет ти е не би било лошо да побараш мислење од друг доктор нема ништо да изгубиш. Штом започнале болките и крварењето мислам дека си почнала да се чистиш сама од себе. Жал ми е, се надевам дека ќе бидеш подобро.
     
    На blablaabla и Rosberi им се допаѓа ова.
  13. Rosberi

    Rosberi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Сеуште немам јаки болки и обилно крварење. Само кафеав исцедок и сега веќе розово. Пред малку имав малечко кафено парченце како во менструација, но не знам дали беше ткиво или можеби само обоен остаток од вагиналетите (утрогестан). Можеби чистењето ќе помине и природно, без киретажа, но искрено може ќе звучи глупо но не се плашам од болките, какви и да се ќе издржам, најмногу ми е како ќе гледам буквално парчиња, што ако се гледа и ембрионот? Можно ли е тоа? Психичкиот аспект е претежок… Можеби во шок сум пишувам глупости, но се обидувам да бидам прибрана и реална.
     
    Последна измена: 17 ноември 2022
    На flow30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rosberi

    Rosberi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Што би ми советувал друг доктор? Барем според состојбата денес (ембрионот е сеуште тука, нема срцева акција, а сеуште е рано, обично до 7ма полна се чека), мислам дека и друг доктор ќе ми кажеше да почекаме некој ден за да имаме веќе заклучок. Но веќе се гледа дека прокрварувам, нема смисла најверојатно да чекам утре и цел викенд, па и скоро цел понеделник. Ми се вртат мисли што ги пишав погоре. Ако немаше крварење најверојатно би имала време да размислам како да се одвива процесот - киретажа, природно, медикаментозно… Вака ако чекам толку време, може да е касно во понеделник, ако не грешам?
     
  15. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.710
    Пол:
    Женски
    Prvicno ne se otkazuvaj i slusaj go doktorot, nema drugi soveti, osven odmor i progesteron. Se e mozno, ima slucaevi do 3 mesec imaat iscedok i ragjaat se najnormalno.
    Ima i slucai kako mojot i so najjaki dozi progesteron, missed bese neizbezen.
    Sakam da ti kazam, deka sto i da e, prvo misli pozitivno i vtoro i da e najlosoto scenario nema od sto da se plasis. Jas imav kiretaza vo 9ta nedela i se e super sega, iako imam 40 god, imam podobri hormoni od 30 godisni, dete znam deka ke imam.
    Megutoa najbitno, ako imas bolki i krvarenje se odi na lekar uste utre, odnosno odma!
    Se nadevam deka kaj tebe ke bide se vo red, samo pozitivni misli :hug:
     
    На Meckicja и Rosberi им се допаѓа ова.
  16. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Drug dr bi ti dadel samo progesteron depo inekcija sto e ista so prolutex ako veke primas prolutex znaci pokriena si so terapija maksimalno e sega da moze da se sluci spontan abortus iako si pokriena so terapija inace daj boze da ne ti se sluci toa od srce ti go posakuvam toa inace jas imav 3 rani spontani abortusi bez kiretaza i bez apcinja pominato ednostavno samata se iscistiv
     
    На Rosberi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски

    По колку прогестерон примаш дневно? Исто и јас како тебе имав кафеав исцедок ми ја покачија дозата на два пати дневно, сабајле и вечер, исцедокот исчезна но на ултразвук немаше срцева акција јас бев 7+3, после два дена пак отидов исто така немаше срцева акција а плодот почнал да се намалува. Ми дадоа пилули, бидејќи сум во странство овде прво одат со пилули, искрено од се што прочитав искуства ми беше страв да ги искористам, но морав да поминам преку тоа. Болките беа како посилни менструални, но ми дадоа и апчиња за болки така што ми ги ублажија, а што се однесува до крварењето не беше којзнае колку обилно, нормално за прв ден на циклус. После неколку часа од крварењето излезе и плодот и оттогаш се намали крварењето како за 2 3 ден од менструација.
     
    На Rosberi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.703
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Женски
    Како девојка што има поминато спонтан пред неколку месеци и исто така без срцева акција во скоро 8ма недела, би те советувала да бидеш спремна на се, психички најпрво, па после физички. Може грубо звучам, знам дека има и чуда, ама сепак биди си спремна и на убави вести и на лоши, недај Боже. Мене вака ме советуваше матичната тогаш.
    Ако сакаш оди и на второ мислење и јас бев, ама незнам што друго би ти кажале. Ти го кажувам само моето искуство нормално, што не значи дека и твоето ќе биди такво.
    Ти посакувам многу, многу среќа и се надевам дека ќе биде едно малечко чудо и борец кое ќе биди за восхит :l:
     
    На Rosberi и Meckicja им се допаѓа ова.
  19. Rosberi

    Rosberi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Јас од трансфер од сега примам 400 навечер и 200 сабајле. Друго не ми даде докторот, може затоа што вчера кога отидов не крварев многу, само некоја кафеава капка. Инаку вчера на 6+6 сеуште немаше срцева акција. Акде ќе чекам до утре да видиме што ќе виде. Но тоа е оваа наша борба, само да имаме сила да издржиме.
     
    На BoNaNa123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.710
    Пол:
    Женски
    Samo utrogestan li primase polse transfer? Obicno tie sto sme so in vitro ne pukaat so progesteron. Progesteron ti proveri li pred transfer?
     
    На Rosberi му/ѝ се допаѓа ова.