Фала ти многу на искрениот коментар, не е твојот коментар груб, груб е животот е што не соочил со вакви работи. И ние сме баш тие што се избрани да поминеме низ ова. Но нема на кого да се жалиме, мора да прифатиме тоа што не може да се смени. Многу ценам кога некој е реален колку и да е тешко, и јас се трудам да сум реална и објективна во секоја ситуација. Да треба да се има надеж и верба, тоа е нешто многу убаво, чуда се случуваат, но јас сакам да ја базирам мојата надеж на факти. Докторот вчера ме искара како сум можела да бидам таква, дека се е можно и не треба да се откажам. Но јас не се откажувам, посакувам чудо да, и повеќе од сите, но сум доволно присебна и да ја гледам реалноста. 6+6, нема срцева реакција, почнувам да крварам, дури и парченца. Не е ни до пролутекс депо што не сум примила, ни до докторот, ни до тоа колку здрава храна сум јадела. Едноставно никој не може да го смени исходот каков и да е. А ако се случи чудо , вие ќе бидете први што ќе дознаете. Фала ви многу на сите И многу ми е жал што постои оваа тема.
Да, бев на трансфер на природен циклус и генерално имам добар висок прогестерон, дури пред трансфер не ни сакав прогестерон, ама тоа е стандард и примав минимално. Јас природно на 21 ден имам околу 20, затоа уште 2-3 дена пред трансфер измерив и беше 17.5, докторот беше многу задоволен, јас пак се грижев дека е премногу, на сам ден на трансфер можам да замислам дека бил уште пораснат. Така да не мислам дека е до прогестерон, не мислам дека тоа фали.
Da, toa e dobar progesteron, ne bi trebalo da e progesteronot. Iako mojot doktor stamdard odi so visoki dozi, ali ti si super. Misli pozitivno. Inaku za uspeh, najbiten e embrionot i endometriumot, drugo se e samo poddrska. Ti posakuvam uspeh
Да, така е мила. Ендометриум, прогестерон, останати хормони, се беше во совршени граници. Ембриончето е бласто АА, меѓутоа не е генетски испитано, иако сакав и побарав ПГД, но знаеш дека во нашите центри е комплицирано за вакви тестирања. Моето размислување е дека доколку ембриончето е ок, ќе се избори, инаку неизбежно е тоа што треба да се случи, порано или подоцна. Фала многу на прдсршката, ми значи многу
Kaj mene bea kako menstrualni, samo sto ke zapocnea menstrualni bolki jas edno ketonalce si zemav i odma prestanuvaa. Samo prviot den se "bolkite" ama napi si se nekoe apce sto ti pomaga protiv bolki i nisto strasno ne e
Fala ti pred edna godina mi pravea miomektomija i sega sum nekako isplasena za ova iako mi velat deka e podobra opcija od kiretaza
Preporacliv e medimekatozen abortus, ali vo soglasnost so vasata istorija na bolest konsultiraj si doktor sto e podobro za vas Jas imav so kiretaza, po preporaka na doktor
Јас само што бев на ехо, ќе прекинам терапија (иако немав баш многу треапија освен утровестан, трансфер на природен циклус) и сега ќе чекаме природно да се случи чистење. Кажете ми за болки што да очекувам, што да земам (имам ибопрофен, спазмекс итн.) и колку најмногу смеам? Инаку да напомнам според ден на циклус 6+5, според ден на трансфер 7+1.
Doktor najdobro moze da proceni, jas koga pravev abortus doktorot mi opredeli za sto sum, se nadevam oni najdobro znaat. Soberi Mnogu mi e zal za tvojata zaguba, ama krenata glava i pozitivna misla samo. Jas vikam vo toj moment Bog taka sakal, zemal nesto za da ni dade uste poubavo . Jas toj den koga bese abortusot ispiv otprilika 3 apcinja, samo sto kje osetev bolka odma piev apce bidejki mnogu se plasam od bolka, nesakam da osekjam voopsto. Nemozam tocno da kazam za tebe kako ke bide bidejki kaj tebe se ceka prirodno da se sluci, toa treba poiskusen da ti kaze.
Фала ти многу. Така е, во право си, и јас имам тоа сфатено, сум поминала многу тешки ситуации во животот и единствено нешто што можеме да направиме е да ја чуваме главата крената и да одиме напред, многу е тешко ама нема друг начин. Тоа ми е толку врежано во потсвест што дури е ненормално можда, сакам да беше поинаку па да се изнаплачев убаво, ама не можам, една солза немам пуштено, ни една. Извини си ја отворив душата… За болките што земаше ти и по колку?
Ne treba da ja stegas dusata, isplaci se kolku sto mozes, ako ne si olesnis i stegas samo vo sebe eden den kje pukne a toj den nekoj moze ni kriv ni dolzen da go izede. Jas nedozvoluvam nikoj taga taka da vidi na mene, site se cudea, me tesea, a jas im vikav nisto strasno se slucuva, kje ostanam pak trudna. A vo sebe umirav, ama zatoa koga doznav deka treba da abortiram taka ubavo si se isplacev, spodeliv samo so soprugot za moite cuvstva on mnogu ubavo mi dade podrska i zatoa sega podobro se cuvstvuvam, spremna sum za novi obidi i dajboze sto poskoro da mi se sluci, ne gubam nikakva nadez tuku naprotiv mislam deka kje se sluci pobrzo sto ocekuvam. Seuste ti e vo potstvest bidejki go dozivuvas toa sega, ama kje pomine veruvaj, ke si se fokusiras na novi obidi. Samo mora da si razgovaras sama so sebe i da presec i da kazes gotovo ne ziveam za minatoto mora da gledam na idninata. Jas pravev medikamentozen abortus prviot den koga bese isfrlanjeto na plodot toj den imase bolki, ama stvarno malku, piev ketonal i skoro nisto ne osetiv, koga taman kje pocnese da me boli edno apce kje se napiev i odma prekinuvase, otprilika toj den tri apcinja ispiv, utredenta najnormalno kako dobieno, bolki nemase i tecenjeto na krv se namaluvase.
Vo koja nedela bese od bremenosta i kakvi bea apcinjata? Mi pomogna malku tvoeto iskustvo se nadevam ke nemam tolkavi bolki i se ke pomjne dobro
Jas bev 9ta nedela, a plodot prekina da se razbiva vo 7ma. Ne mi teknuva kako se vikaa apcinjata mislam deka pogore imam pisano. Gi davaat vo drzavna, prvo pies edno apce primer vo 10sabajle (so toa apce nisto ne se slucuva, nemas ni bolki nitu krvaris) i posle utredenta tocno vo 10 mislam deka bea dve apcinja gi stavas pod jazik da se rastopat i dve apcinja gi stavas vnatre vo vaginata najdlaboko sto mozes (mislam deka taka bese brojkata na apcinja moze i da gresam) i posle saat vreme pocnav da krvarav.
Цитотек. Се дозираат и различно се користат. Ваљда зависи од ситуацијата. Јас пример не пиев ништо, само 4 апчиња ставив вагинално. Моја другарка 6 апчиња испила.