А примаш прогестерон или некаква терапија моментално? Инаку штом веќе крвариш по некоја капка има големи шанси и само да се исчисти, мислам дека нема ни да има потреба од киретажа ако почекате малку, дури мислам и дека уште поубаво така. Ти секако си во многу рана бременост и не треба да има никаков проблем. Инаку немој воопшто да се плашиш, и јас се плашев многу, но само што поминав низ истото и затоа ти кажувам дека не е ништо пострашно од обична менструација. Кај секој е различно, но јас немав ни некои болки, се беше стандардно. Крварењето еден саат само имав пообилно, на пример 2 или 3 влошки натопени и после тоа се нормално по малку. Е сега циклусот може да трае малку подолго време, но тоа е сосема нормално и не е ништо страшно. Види разговарај со докторката дали мисли дека е ок да пробате и природно ако веќе почнеш да крвариш. А што се одмесува до киретажа ни тоа не треба да е ништо страшно од се што има читано. Ако било што те интересира или ако можам да помогнам слободно пиши ми.
Денес одам на лекар, 3 пати имам веќе абортуси на 7 ден од доцнење на менструација каде со крв велат постои бременост но е рано... ќе видиме денес
Se javiv kaj maticnata mi rece dokolku imam golemo krvanje togas da otidam,inaku treba da odam utre.Na brisenje imam kafeavo se nadevam deka ke zavrsi veke sto i da e. Mnogu se plasa.
Ти пишав порака, нормално е да се плашиш и јас се плашев, но ти викам дека навистина не е толку страшно како што може си замислуваш. Се ќе биде во ред.
Плодот може да се испита, крвна слика и де димери проверив по 1 недела и после испитувањата што ќе ти ги посочи гинеколог. Некои само предлагаат, повеќето сметаат дека 1-2 спонтани не се релевантни за да пратат на испитувања, ама ќе ди инсистираш
Mene mi rekoa duri posle 4 nedeli na kontrola...jas mislam toa e nekako premnogu dolgo. Mi dadoa antibiotik 5 dena da pijam i kapki 3 dena, samo toa
Pravev da vcera, dobro pominav so celosna anestezija, nisto ne sekavas, se budis i veke si vo soba i posle pola saat ili saat te pustaat, mi dadoa antibiotik i kapki. Jas imav kako menstrualni bolki vcera, denes podobro mi e
До колку часот може да се земат резултати на трансфузиологија? За мутации конкретно. Како да прочитав до 19 часот ама не се сеќавам баш.
После биохемиска бременост, наредниот циклус ви има доцнето? Ми доцни десет дена. На 4ти ден од доцнење направив тест негативен. Неможам веќе ни тестови ни на ехо да одам. Немам енергија веќе да одам по лекари...
Оф леле... Ме замисли сега. Онака со резерва сум. Да купам, да не купам, да одам на гинеколог да неодам... И јас сама со себе незнам што да правам. Aма очигледно дека ќе мора да направам тест.