Нашле не нашле стапот го окркавме. И стресови и болки и се. Ќе чекам уште за најдов од ману инфо и толку. Веќе ќе почне страв да ме фаќа да легнам со маж ми
се ќе си се нареди ќе видиш. Ја си викам како бре остануваат трудни од предсемена, се пипнала а у и опс трудна. А коа го праиш нејќе да чуе Еве не нас, секој месец само таму паметот . Ама не бе! си реков ќе бидне овој и крај!!
Здраво девојки, денеска бев на контрола бидејќи имав бледо розево крварење, прилично минимално, но сакав да проверам. Уште на почетокот од бременоста неделите не се совпаѓаа, во моменотот кога по прв ден од менструација требаше да бидам 9 недела, јас бев 6та недела. Првин докторите се сомневаа на анембрионска бременост, но во 6та недела се виде срцева реакција. Денеска кога отидов на контрола, докторот ми рече дека нема срцева реакција и дека плодот стагнирал во 7ма недела, инаку јас требаше да сум крај на 8ма. Матичниот ми кажа дека ќе мора да се исчисти. Ме интересира ваше искуство? Дали некој се има чистено во Систина, кај кој лекар? Колку е безбедна интервенцијата?Како се одвива?После колку време после може да се остане бремена? И дали некој има испитувано причина во МАНУ, да сподели искуство? Се извинувам, за долгиот пост, но оваа ми е прва бременост и многу сум тажна и исплашена.
Јас бев во Систина, ме чистеа со вакум бев 10та недела, а престанало да расте во 9та. Кај доктор Јорданчо Иванов, презадоволна сум од неговиот однос и продолжив кај него да си одам. Брза интервенција и безбедна, ти ставаат анестезија целосна ,заспана си, не знам колку време траеше точно. Околу 1 ипол дојдов, во 4 веќе ме пуштија. Крварев 10 дена после тоа, ти даваат антибиотик и капки. Мене не ми го испратија плодот на испитување, пошто прележав корона и ми рекоа дека тоа е причината што застана срценцето.. ме советуваа дека 3 месеца треба да чекаме пред пак да пробаме и без односи 2 недели после интервенцијата. Те разбирам како ти е и колку е тешко. Ти посакувам лесно да помине се и не се секирај за понатака ќе биде. Ако ти се зборува, слободно пиши ми порака тука сум
Nipi, баш ми е жал што вака заврши на мене, тебе и Ивана годинава вака ни тргна за жал... имено, имам правено 2 киретажи во Систина, првата Јули 2022, втората минатата недела. Првата кај Јорданчо Иванов, втората кај Младен Ристевски. Од двајцата презадоволна. Првиот пат бев 11та недела со престанок на срцева акција во 8ма, дома го исфрлив па Јорданчо беше дежурен и ме прими итно ме среди. Ми кажа по 3 циклуси може пак обиди. Јас по 4 циклуси забременив од прва, за жал пак неуспешно. Вториов пат плодот не се ни разви, Младен предложи да одам на ГАК и да ми дадат таблетки, се со цел да не ми се гребе матка и ендометрум по 2 пат за 6 месеци, најчовечки даде предлог човекот, но како шо сум малер и се ме фаќа за викенд, на гак ќе требаше да чекам до понеделник значи 3 дена во агонија ќе бев а и ќе прокрварев. Бев решена да го испратам плодот во ману затоа и решив за киретажа. Двајцата доктори ми се погодија супер, постапката трае 15 мин, треба да си гладна и жедна, ставаат анестезија, по интервенцијата примаш инфузија, те пуштаат дома со рецепт за антибиотик, капки. Првиот пат крварев 10 дена отприлика, некаде по 2 недели бев на контрола. Сега вториов пат Младен ми даде и циклопрогинова апчиња, за обнова на ендометрум ми рече испит ги па ќе добиеш па кај мене на контрола. Во ману го носиш примерокот, плаќаш 800 денари и ви земаат крв на двајцата. Резултатите за околу 3-4 недели се готови. Во ману ќе се јавиш да ти кажат како да ти го спремат примерокот во болницата, за да го однесеш ти. Се надевам ти помогнав, ако нешто плус те интересира, пиши ми во порака. Со лесно ♡
Јас правев во Систина киретажа и плодот го испратија на цитогенетика во Ману. Професионални се, интервенцијата е со анестезија, лежиш 2 саати и те пуштаат. После примаш антибиотик и капки 2 недели. Па одиш на контрола дали е се океј. Фала богу кај мене се беше океј и од Ману немав дијагноза. За бременост планирање 3 месеци минимум е пауза, зависно од патохистолошкиот наод.
Многу, мислам околу 20.000 ден дека беше, не ми беше дадена опција сама да го носам, тоа е, се истурив пари во Систина, само нека чува Господ и нека тера на арно!
Мене ми дозволија, ама ми го заебаа примерокот. По насока од генетичарот во ману им кажав да ми го стават во физиолошки раствор зошто 3 дена требаше во комора да го чувам заради продолжен викенд. И докторот исто им кажа кога бев во сала, го слушнав пред да заспијам. Они ми го ставиле во формалин. Во ману не можеа ништо да направат..мислам ќе умрев на место
Mnogu toa neprofesionalno. Jas od Sistina cekav mesec dena za rezultatat od patohistologija po kiretazata, a od Manu moze i poveke bese. Za tolku pari, barem na vreme da me postedea, nervi iskinav toj mesec vo agonija i stresovi. Barem utesno se bese vo red
Абе утешно..ја си викам да ми најдеа нешто, бар полесно ќе преболам, ќе си речам ете, не бил плодот во ред, подобро што порано се заврши. Ако не ми најдат ништо ќе ме изеде бубачките зашто 2 пати по ред имам спонтан на 300 испитувања
Јас правев во Систина кај др. Палчевски. Презадоволна од докторот.. правев вакум и целата постапк траеше 15 минути. Заспиваш, те средуваат и се будиш. Немав крварење речиси воопшто. плодот преку нив го пратив на испитување.. чекав околу 20 дена за резултатите. Се помина во најдобар ред. Докторот е прекрасен!
За покачени вредности на TG терапија ли следува, се испаничив многу, да не е нешто опасно? Кој е добар ендокринолог на приватно?
Zdravo Porodena sum prirodbo pred tocno 3 nedeli seuste slabo krvaram no vcera bev kaj maticnata, na eho vide deka seuste ima od placentata pa mi dade upat za vo chair . Nekoja od vas so slucno iskustvo dali ke bide kiretaza ili mi spomna maticnata inekcii? Jas mislev deka e normalno do 40 dena da se cisti i da krvaram ... mozebi ne e prasanjeto za ovaa tema no neznam kade da prasam .
Ne e dobro da imas ostatoci od placentata, se slucuva toa obicno na normalen poragaj. Treba da se iscisti. Nisto strasno ne e, se pravi so anestezija, lezis 2 saati i si odis doma, ako e so kiretaza. So inekcii ne znam, nemam iskustvo