Здраво 8 недели сум бремена и прокрварев со болки и сега дали мора да се прави киретажа на секоја жена што има спонтан абортус или може со некој таблети или слично.. многу имам мака од инфузии и игли добивам стрес и се тресам
Јас сама се исчистив, без ништо. Зависи дали ти е нешто останало. Ако се исчистиш сама, само капки ќе добиеш.
И мене ми рекоа сега овие неколку дена ништо да не зимам. Јас имав missed во 5 недела и неколку дена. После само да одам на преглед да видат дали е се во ред и дали е чисто? Ти во кој беше?
Јас бев 7 и неколку дена. Кога почнав да крварам добив болки и веќе знаев што е. Бев во Систина, по пат веќе бев се исчистила, имав само ситно парче за кое др рече тоа не е за киретажа, дека додека се вратам дома ќе се исчисти, и со капките кои ги добив. Бев на контрола за 2 недели се беше добро. Доколку имаш обилно крварење или неиздржливи болки оди на контрола, ако си добро за 2,3 недели.
Јас воопшто и не прокрварев обилно, само свежа црвена крв на бришење. Ваљда така ќе се исчистам, иако реално и на ехо кога ме гледаше др не виде ништо
Jas sama se iscistiv vo 5,6 ned I koga sopre krvarenjeto bev na kontrola I se si bese ok pred nekolku god bese toa
Јас имав спонтан околу 7 недела крварев многу две недели, дури и го видов кога испадна, како испадна така прекина крварењето, за два дена бев на контрола, ме боцнаа прво за хцг на 0 беше, потоа и на ехо бев немаше ништо, чиста бев , ништо не ни пиев
А што е хцг, тоа кај матичен проверува? Јас гледам има сега такви парчиња крв се чистам изгледа со болки како менструални појаки малку А за бебе не видов уште дека излезе
Бета хормонот, мене ми го проверија во болница и одма после на ехо ме видоа, нема бебе да излезе, незнам како да ти го опишам
И тука да пишам јас отидов Плодност и со анестезија, заспав и ништо не сетив, апсолутно никаква болка, ништо, барем тоа самата процедура не ми беше траума тогаш, физички бев ок а ментално крш, спонтани има секоја 2ра жена, да не речам прва, пречесто е за жал и често се случува без некоја посебна причина, природна селекција. Мене матичниот гинеколог ме прати на повеќе испитувања тогаш, имам пишено во темиве пред 5 год.
Zdravo devojki, za zal vo ovaa grupa bi spodeluvale samo losi vesti no ednostavno mora da prifatime .....imam podeleni mislenje od doktorite, embrionot ne napreduva i sovet od privatna klinikata e dokolku ne prokrvaram do petok da pobaram medikamentozen abortus, od druga strana maticnata sovetuva na genetska ispituvanje, t. E. So kiretaza i nosenje na plodot vo manu, bi mi znacelo vasite iskustva i soveti,
Јас чекав 3 месеци за да почнеме пак со обиди. Прв месец откако пробуваме неуспешен, сега втор ќе видиме ..
Пододобро е да го испратиш плодот на испитување зошто никогаш не знаеш можеби нареден пат не дај боже повторно се случи повеќе на психа мава. Ова е мое мислење а ти ќе си одлучиш самата. Прочитај низ темава и за мисед абортус колку има. Мислам дек веќе преку една жена има спонтан ова веќе не е нормално.
Јас имав слична ситуација како тебе. Во Систина ме советуваа за медикаментозен, јас се запнав да биде киретажа за да го испитаме плодот, зошто ми беше 2 абортус во рок од 6м. Првиот пат абортирав дома така да немаше што да се испита. Јас би медикаментозно. Нема гребење на матка и ендометрум. Е сега, има ризик да не се исчисти се и сепак да треба киретажа. Ама еве, јас запнав, го испитав во ману (на веќе едно здраво родено дете) и немаше ништо. Подобро направете си и двајцата испитувања и обавезно кариотип и ќе знаеш на што си. Јас чекам резултати од кариотип, ама и за него ми рече генетичарот, тврдам дека ќе биде се во ред и на крај ќе ми ги препишат абортусите на "ете така требало да биде" и "се случува на секоја втора " зошто на милион направени испитувања нема да најдат причина. Сега да размислувам рационално, јас ќе одберев медикаментозен, помсла штета има, побрзо се опоравуваш
Imàs li ispitano vrodena trombofilija na imunologija I steknata na transfuziologija ako ne napravi si gi tie ispituvanja I hormoni so ogtt test so insulinemija I vitamin d na endokrinologija
Devojki mala konsultacija vecer imam zakazano na ginekolog no imam mn golem strav neznam sto da mislam sinoka imav pogolemo bolki od voobicaeno 5 nedela i 4 dena sum kaj 1casot po polnoc imav krv na brisenje crvena se do sega imam prviot pat imav i kako krv parcinja vo vc soljata neznam sto i kako da mislam?! Mozno e da e nekoj tip na krvarenje koe mozr da se sopre so nekoj vid na medikament ili sepak e spontan?!