Jas bev sekoj den so inekcii progesteron i vitamini apcinja seto toa proveriv pred da zatrudna i doktorot odma mi napravi plan za spricanje koga kako
Во скоро 6та гн бев да ги проверам и забележав дека се скратени, ама не се познавав во моментот зошо секако веќе се знаеше дека не го бива плодот
Девојки едно прашање. Ова треба да ми биде трет циклус после киретажа. Претходните два циклуси ми беа уредни, како и претходно, малку пообилни од вообичаено. Е сега уште од завчера имам на бришење трагови, а никако да пробие. Мислев дека ете првиот ден така додека да пробие ама еве веќе трет ден денес така. Дали има простор за паника и некој со слично искуство?
Не е страшно, кај мене така постојано се случува пред да пробие, без разлика на спонтан дали имала, немала. Не ти е од спонтаниот, не се плаши, се случува, кај мене секој циклус е таков додека пробие.
Дечки, после миссед во 12та доколку имала некоја членка, кога добивте и дали имавте болк во гради/главоболка како во претходните циклуси пред да добиете? Јас еве месец по киретажа немам уште ништо и се секирам
Posle 40-50 dena mi dojde a pred toa ke.mi ispuka grafi,stomav se...uzasna nervoza i bolku imav dodeka probie...i mnoooogu krvarev znaci mnogu koga velam na sekoj 1 sat menav stavav 2 uloski odednas i se bev lom
Jas bev so ivf taka da nez najverojatno so pozitiven rez ke treba da primas kleksani moze I toa I toa da primas kleksani I aspirin kako jas sto bev
Добив по околу 31-32 дена. Гради ме болеа ми се зголемија баш како за пред циклус. Неколку дена пред да добијам имав и тапи болки во јајници, 2 дена пред да добијам лигав крвав исцедок дур да пробие.
Девојки, на 9ти јануари правена киретажа. Вчера добив. Ја прочитав цела тема на скоро сите им доцнело. Јас добивав обично на 30-35 дена пред киретажата. Вчера ми беше 32ри ден. Ова да го рачунам како нормален циклус? Малку е пообилно ама мислам не е страшно. И кога е најубаво да испитам хормони? Да чекам уште два циклуси?
Рачунај си го како циклус да, а за пообилно не се грижи, сосем нормално е тоа Почекај си барем уште 2 циклуси, хормоните уште не ти се средени како што треба и резултатите најверојатно нема да бидат веродостојни
Здраво...собираме документи за ин витро за второ детенце и по втор пат уште две докторки како и за синчето кога правев прегледи ми рекоа дека сум имала киретажа...но сум немала...пред 15тина години може со мм се чудевме еден месец од нигде никаде прокрварев а не ми беше време за циклус и само тој ден беше и толку...можно ли е тогаш да сум имала спонтан или грешка су? Како може да се види на ехо тоа? Стварно не ми е јасно...хаос ми е во глава од вчера повторно за ова...
Prolaktinot znae da pravi problemi, ali poveke za implantacija. Tsh isto, Kortizol.....hormoni na stres gi vikaat isto. Ako si napnata, tie tri se poremetuvaat.... Ali najcesto spontan nastanuva kako rezultat na nedobar embrion, nepravilno e razviva i eventualno endometriumot da go sledis...
Мене лани ми беа сите добри, ама се мислам пак да ги испитам, најверојатно ТСХ ми има направено проблем, во бременост нагло ми се покачило, ама се мислев пак репродуктивните да ги проверам и покрај тоа што ми беа добри.
Здраво на сите … имам многу прашања што ме мачат се надевам и докторот ке ми објасни детално … имав ран спонтан во втора недела од бременост пред тоа испитував бета беше позитивна вредност правев ивф и на 9 ти ден од трансфер беше тестот со бета … на 13 ден имав обилно крварење и на 14 ден од трансфер бев кај докторот при што кажа дека гледа нешто на его најверојатно бременост при што е многу рано да потврди и мораше бета да се испита ми беше 70 и ми се јавија ми рекоа да прекинам со терапија ран спонтан сум имала , има ли некоја со слично искуство искрено многу тешко поднесов се , и дали треба да почекам да помине време после ран спонтан