Здраво феминки, после колку време добивте прва менструација по спонтан без киретажа тие што сте биле?
Zdravo na site. Sakav da ve prasam kako e podobro cistenje so kiretaza ili so medikamenti. 9ta nedela sum a plod i srceva reakcija ne se pojavi voopsto.
Можеш да одиш на киретажа со вакум да го извадат. Со таблети не се знае ни дали ќе се исчисти. Освен ако не го праќате на испитување
So tableti e polesen abortusot i realno pomalku stetno za genitalnite organi, arno ama tie se mnogu jaki apcinja i treba da se konsultiras ako imas propratno drugi dijagnozi, najveke kardiovaskularni. Jas imav klasicna kiretaza vo 9ta nedela i super pominav
Jas 10 dena bev na tableti I inekcii, ama ne se iscisti celosno pa moravme I kiretaza. Ama sepak e po lesna kiretazata ako predhodno imas primano tableti.. a moze I ke se iscistis celosno. Najmnogu efekt imav so tabletite (vaginalno).
Jas sakav sama da se iscistam no seuste nema krvarenje pa zatoa prasav sto e podobro. Vi blagodaram na odgovorite
Киретажа со вакум аспирација. По 4 месеци од киретажа пак бев бремена и имав нормална бременост. Со лесно.
Na 28.03.23 imav spontan abortus so bliznaci (12 nedela+6 dena) mi kaza posle prva mens. Da napravam ispituvanja i ako e se okej da odime pak na bebe. Edno imame bes nikakvi problemi cela bremenos nemozam da se pomiram za bliznacinjata posle kolku vreme moze pak da probyvame dali posle prva mens. Ili da se ceka? Vase mislenje ve molam
Kako gi stavavte mizoprostolot dve vo vagina i dve pod jazik istovremeno? I posle kolku vreme pocnuvaat bolkite
Jas cetiri staviv vaginalno I posle 2-3 casa mi pocnaa bolki i krvarenje, a mi rekoa deka duri posle 24 casa ke mi pocne kravatenjeto.
Здраво на сите, за жал и мене ми се случи да добијам мисед абортус, дознав во 12недела дека не се развил плодот од 8недела, срцето ми плаче до ден денес, правев киретажа, немав крвавење само првиот ден, после минимално кафеав исцедок и денес после една недела имав мала болка преку ноќта и малку крв. Дали е ова нормално? Некои доктори викаат дека едноставно е до плодот и не мора испитувања, мене не ме држи место и би направила се. Што испитувања би направиле на мое место
Жал ми е за твојата ситуација, тешко е психички да се собереш после нешто вакво. Инаку сите гинеколози се децидни дека еден спонтан не значи ништо, ама не е баш така, што треба, да абортираме на секое некое додека не испратат на испитување? Ќе ди земеш сама се во свои раце. Прво и основно плодот е најубаво да се испрати на испитување, но претпоставувам дека веќе тоа не е можно, а и разбирам дека во тој момент на шок и стрес ни па тебе ти текнало ни па на докторот. Ќе си направиш нов пап, микробиолошки брисеви, торч, панелот на тромбофилија во ману или на трансфузиологија, антитела на имунологија, проверка на тироида со се антитела, 4д ехо на матка. После 3 циклуси и хормони да се проверат. Сопругот обавезно да направи спермограм и спермокултура. Не е на одмет да направите уште од одма кариотип, но де чека многу за термин и за резултати. Направи си ова, за мирна глава па понатаму ќе тераш според насоки од доктор
Фала многу што ми запиша се, мислам дека само ние во форумов се сфаќаме, другите не можат да разберат дека не се заборава така лесно. Можам само да преболам после испитувањата, ако е се во ред и во нов поход. Од кога е најдобро да почнам со тестирања? А за нов обид ми рекоа после три менструации
Da site cetiri zaedno vaginalno, a naredniot den dve ispiv. Imav bolki ama nisto strasno, moze zaso od Kako gi staviv se bocnav I edna ketonal inekcija.
Почекај да се исчистиш скроз од киретажата, значи после 3 недели од киретажата оди за пап кај матичната и ќе ти земе и 4 брисеви. И на едно идење на клиника ќе ги оставиш брисевите и ќе ти земат крв за торч, па на имунологија за антитела. За Тромбофилија оди во Ману, 450 денари е со упат од матичен гинеколог. Јас за нови обиди би почекала уште малце