10 dena primav terapija ama ne se Iscistiv skroz… primav I ergotil inekcii ama nisto ne mi pomognaa. Morase i kiretaza ama bese mnogu po lesno.
А дали примети дека симптомите ти ги снема во 9та како отечени гради, мачнини итн итн доколку си ги имала?
Кај мене беше 9та на преглед откриено дека нема срцева, а во 7ма имаше срцева акција, симптоми имав уште 2 недели после абортусот. Тек потоа ги снема.
Кај мене првиот пат прекинаа, вториот пат градите ми отекоа 3 дена пред киретажа и ми беа такви уште 10 дена после киретажата
Генетски мутации висок ризик од длабока венска тромбоза плус лупус атикоагулант. Се се среди со терапија аспирин пред бременост во бременост од позитивен тест клексан.
Здраво девојки, после мисед во 9та недела и извршена киретажа, сеуште немам добиено 2 месеци. Чудно е што двапати бев кај матичниот и имав двапати овулација прво лев, па десен јајник а сеуште немам добиено. Дали имате вакво искуство? И на нејзе и беше чудно дека и минатиот месец исто ми рече се спремаш за добивање а ништо не се случи.. сега пак истото... Ми рече матичната за две недели пак на преглед ако не добијам. Мислев некоја од вас ако имала за жал вакво искуство, па да сподели. Фала ви.
Немав јас таков проблем да речам, ама појди си на преглед, најдобро да се види со ехо, можи циста да се направи, знам таков случај. Милам дека хормонски апчиња и дадоа па се среди.
Зошто не ти направи додатни испитувања гинекологот , хормони да ти проверат. Јас имав мисед и по 28 дена ми дојде. Затоа провери си.
Јас сум во слична ситуација, исто мисед во 9 недела, па киретажа, па од тогаш поминаа околу 40 дена сѐ уште немам добиено. За овулација не знам дали имам. Не ти помогнав многу знам
Јас исто правев киретажа со вакуум, прашав и пред и после постапката, ми рекоа дека било со вакуум, ама во извештајот пишува дека е извршено RCUI. Дали и кај вас го пишува истото? Колку што сфатив од тоа што го видов на интернет RCUI е класична киретажа со гребење.
За жал ми рече дела морало да се чека да добијам за да ми направи хормони. Исто ми кажа дека дебелината на ѕидот пред добивање според ехото. Поради таа причина да отидам пак после 2 недели да види ситуација Се плашам да не случајно ми се искомплицирала киретажата. Сигурно беше со гребење дела плодот го испративме во МАНУ.
Се надевам се ќе биде ок и дека нема да поминуваш низ вакви маки . Најубаво отиди на преглед иако јас отидов неколку пати ама сеуште немам одговор . Фала ви секако девојки. Ви посакувам да се избориме психички побрзо со овој терет што го носиме и да си имате сите бебенца набрзо ❤️
Здраво, имав киретажа пред 1 месец. На контролата кога бев докторот ми рече дека е се ок, исчистено и дека од тој момент можам да имам однос исклучиво со заштита. Е сега од контролата која што беше две недели после киретажата имав до сега 2 пати заштитен однос. Прашањето ми е дали е нормално и зошто после односот наредниот ден или вечерта ми се појавува ептен кафеава крв на бришење или малку на секојдневната влошка. Трае ден два, после се нормализира ако немам однос... Инаку кога немам однос нормално ми е се не крварам само бело прање евентуално. Дали да алармирам кај доктор или се случува зошто уште се опоравува матката? Не знам чудно ми е, па ако има некој искуство да ми каже. Ви благодарам
Девојчиња здраво. Јас сум веќе 6ти месец после абортус со киретажа, циклус ми доаѓа редовно меѓутоа прво имам кафеав исцедок 2-3 дена па после пробива нормално менструално крварење. Ова почна да ми се случува после киретажата, претходно не ми се случувало да имам вака кафеав исцедок. Пред еден месец бев кај матичната, ме гледаше на ехо и рече дека се и личи нормално. Испитував и хормони и тие беа нормални. Дали некоја имала вакво искуство? Некако страв ме фаќа.