Малце се скептици кај нас докториве одма се со став си родила едно ова е сега мајка природа. Но биди упорна и запни ги когаќе добиеш циклус после киретажата земи упат и прави испитувања. На приватно прескапо е.
Нема потреба да чекаш да добиеш прва менструација за генетски испитувања. Мене ме пратија за тромбофилии на имунологија пред да добијам. Се закажува и докторите повеќе им веруваат на тие резултати него да отидеш некаде приватно. Мој совет инсистирај да ти даде упат матичната.
Sekako deka ke baram upat ako treba i kaj drug ginekolog ke odam. A drugo sto ispituvavte osven genetski mutacii?
Кариотип за мене и сопругот. Исто направив торч и брисови. Другите девојки како што читав испитувале и антитела на имунологија.
Генетски мутации за тромбофилија, TORCH, HOMA index, тироидна комплет со антитела (TSH, FT4, FT4, anti TPO, anti TG), кариотип, Lupus anticoagulant, AFA.
Kako si devojce? Tie se specificni inekcii no bidejki si zgrizena vo bolnica mozes da si prijavis deka imas bolki. Kako si sega? Sto ti kazuvaat doktorite?
Mi napravija krvna slika dali paga hemoglobinot da ne ima vnatresno krvarenje ama bese uredno vcera denes mi e podobro ja primiv i tretata inekcija pa ke vidime utre od nea kako ke deluva.. Najverovatno bolkite mi bile od gasovi vo stomakot koj si kruzat vnatre dali od hrans ili od samata inekcija nz mi dadoa reglan vo vena.. Daj boze da bide ko sto treba samo se molam na gospod da se efikasni.
Zdravo, Posle spontan ke odam da ispituvam genetski mutacii na transfuziologija,no doktorkata mi spomna deka vo rok od eden mesec posle spontan da ispitam i antitela. Na upatot stoi vaka, dali so ova se vkluceni site ispituvanja sto se pravat vo vakov slucaj i antitela?
Кога ќе одиш таму на шалтер ќе кажеш се што може да се испита во врска со спонтан абортус, не само тоа на упатот. Ќе ти штиклира се што може, нив им е важно само да имаш упат. Ќе те чини околу 3.000 денари.
Пишаа члекнки дека сите испитувања ги правеле на трансфузиолигија. Јас кога правев ги немаа. Направи ги сите што ги имаат, па ако фали некое после ќе си доиспиташ.
Здраво, не знам од каде да почнам.. Бремена сум 8ма недела, завчера почнав по малку да крварам, бев на гинеколог вчера и виде дека матката ми беше празна, односно не беше развиен плодот и јас видов сама имаше како мало балонче. Ми рече да чекаме природно да ме фатат болки, ако не со таблетa, а крајна опција киретажа. Денес ми е се почесто крварењето, како период да имам чекам болки но никако да ги добијам. Сакам само се што побрзо да заврше, се исцрпив психички многу.
Tesko e, go pominav istoto jas krvarev skoro mesec nekolku pati se onesvestuvav ama ne pravev kiretaza. Psihicki e najtesko obidi se poveke da se zanimavas so nesto pa da izleguvas po malku.
Зошто се онесвестуваше? Доби ли јаки менструални болки? Јас 1 јуни имам контрола, ако не е излезено до тогаш ќе морам со таблета..
Jas imav kiretaza i ne e nisto strasno, niti opasno za zenata. Vprocem ako procitas kontraindikacii od tabeltite, polosi se za organizmot. Sepak poentata mi e da se slusa doktor sto ke kaze, a ne dali nie sakame ili ne, tabelti ili kiretaza, bitno e da se iscisti matkata dobro, bez razlika dali so tabelta ili kiretaza, toa si odlucuva doktor.
Мене ми рече да чекаме природно да добијам болки. Синоќа околу 4 имав како почетни менструални болки, ама по некое време прекинаа. Чекам еве и денес само по малку доаѓаат и си прекинуваат, а јас си крварам ко период да имам..
Ne znam verojatno bidejki krvarev podolgo vreme a na momenti obilno. Inace ne pravev kiretaza bidejki doktorite smetaja deka ne e potrebno.
Дали во ГАК за киретажа треба да се биде гладен/жеден и дали истиот ден те примаат или ти закажуваат за друг ден?