Кај мене беше како кај тебе, во понеделник почнав со само една капка крв и постепено се зголемуваше. После 3 дена почнав многу да крварам и многу големи болки, многу крв изгубив и на крај ме дочистија со киретажа.
А зошто таблета не ти дадоа? Ништо не знам што ќе биде со мене, еве ништо не излегува само си крварам, јаки болки немам. Сега ќе се јавам кај гинекологот да ја прашам.
Јас веќе имав сама исфрлено еден дел, ама сметам дека таблета немаше да помогне, барем крварењето немаше да ми го стопира. Јас имав толку многу крв изгубено, што кога стоев ми се вртеше цело време, железото за 1 недела од 17 на 2 ми падна. Јас и имав закажано киретажа за тој ден, само што преку ноќ сама го исфрлив ден од плодот.
Да секако, јас правев киретажа со вакум аспирација поради мртов плод во 9та недела, имав миссед абортус, самата процедура прелесна, со анестезија, ме исчистија никакви болки немав и после тоа мн малку крварев, после 4 месеци останав пак бремена и се беше во ред, нормална бременост. Направив основни испитувања, матичен што ми даде и имав уреплазма позитивна само, па пиевме антибиотик со мм и после ко ја снема одма останав бремена.
Може, повеќето од тука сме до киретажа и друга бременост. Ќе се опоравиш за неколку месеци и ќе се обидете пак.
Ne se maci, odi si vo bolnica, ke te sredat. Kiretaza voopsto ne e niti strasno, niti stetno. Podobro e pobrzo da se iscistis, otkolku da go macis organizmot. Odi si na lekar obavezno. So srekja
Здраво женски јсс дакам да прашам имав биохемиска бременост на 13мај после крварење правев хцг од 180 беше паднато на 3.3. На ехо докторкста ми кажа дека не е исчистено скроз има нешто минимално но дека нема потреба од ништо ќе се исчисти со следен циклус да стагнираме со односи цел месец и чим ми заврши да идам на ехо да ме види но дека можно е да ми касни додека се средат хормоните од самата биохемиска бременост.. еве веќе сме 25ти јас сеуште немам добиено а и немам никаков симптом. Ме фаќа страв некако дали некој бил во слична ситуација срав ми е да не се направи некој проблем .. совет ве молам ме фаќаат паники веќе ..
Се јавив во хитна, ми рекоа да пијам парацетамол и да се истуширам со топла вода, дека се е тоа нормално. Утре ќе се јавам кај гинекологот да видиме што ќе ми каже, дали ќе чекаме до четврток или не. Не знам зошто мислиш дека го мачам организмот се е ова природно, подобро природно да се исчистам него со киретажа, ако нема потреба зошто киретажа? Тоа и беше последна опција секако.
Зошто со киретажата не се гребе туку се чисти со вакум. Се даваат таблети циклопрогинова најчесто одма се средуваат хормони и знаеш дека се е исчистено и после 3 месеци почнуваш со обиди. А сега чекаш болки да те фатат ако не се доисчистило нема да смеат да те чекаат зошто сепса можеш да фатиш зошто ќе скапува и на крај пак со киретажа ќе завршиш ем си изгубила толку време ем ќе се малтретираш со 100 прегледи.
Па да се надеваме дека се сум се исчистила. Не можеш тука да им бараш одма киретажа, ти викаат пследна опција е и готово, чекај прво природно. Како сака нека е искрено од се ми е преку глава.
Ама некако и не се разбираме, нели кажав дека ме фатија болки и дека исфрлив 6 големи парки? Зошто да одам и да барам киретажа не разбирам? Чекам утре да се јавам на гинеколог да кажам што како и ќе ми каже таа кога преглед како што. Јас само прашав дали е нормално да те боли стомакот после природен спонтан, ама нема врска после се јавив во хитна ми рекоа нормално е да земам парацетамол.
Мислење, совет, искуство... било што. Ми почнаа страшни болки, па почна крварење и на урнгентно утврдивме дека е спонтан... е сега ненормално сум отечена во стомакот, лицето, градите и нозете исто така. И крварам веќе 5 дена. Ме интересира дали ќе спласне сиот оток после одреден период кога ќе се исчистам, дали менструацијата ќе е редовна и навремена... искуство слично кажете. Благодарам.