Доколку си во странство, последна опција е киретажа. И јас имав спонтан во ноември, ми дадоа таблети, крварев околу две недели,првата пообилно, втората не толку после кога бев на контрола ми кажаа дека има останато мало парченце, и дека нема потреба од киретажа за толку мало парченце, почекавме две недели дали организмот сам ќе го исфрли, потоа ми дадоа уште една доза апчиња и за среќа се исфрли. Така да мислам немаш простор за паника почекај да заврши крварењето, потоа на конѕрола ќе ти кажат каква ти е ситуацијата. Знам дека е стресно и сакаш да заврши се што е можно побрзо, но во вакви случаи е потребно само трпение и се ќе биде во ред. Секако зборувам за странство, каде кога докторите ќе слушнат киретажа веднаш кажуваат големо не, прво ќе чекаме природно па потоа ќе одлучуваме.
Koga bese na urgentno? Denes? Otkako otece te vide li doktor? Ako ne te videl doktor, odi na klinika ili vo najbliska bolnica, otok bilo kakov ne e dobro da imas Jas imav spontan, imav i kiretaza i najnormalno dobiv i si imam normalni ciklusi
Да во странство сум, бев вчера на контрола, поголемиот дел беше излезен и рече супер што природно скоро се ти излегло.Уште малку парченца беа останати од плацентата, ми даде 6 таблети да ставам долу секоја вечер и ќе добијам контракции за да ги исфрлиме парченцата. Четврток имам контрола, ако не излезат до тогаш ќе мора киретажа. Нема врска, битно пробуваме природно прво. Искрено психички многу ми е подобро откако ми излезе плацентата се. Овие денови подобро се осеќам иначе бев на работ да излудам.
Јас ослабив 3-4 кила овие дена. Не знам дал и кај мене беше оток или се здебелив ама знам дека се стопив наеднош. Ќе се вратиш и ти во нормала. За ментаруација не знам ни сама.
Мислење, совет, искуство... било што. Ми почнаа страшни болки, па почна крварење и на урнгентно утврдивме дека е спонтан... е сега ненормално сум отечена во стомакот, лицето, градите и нозете исто така. И крварам веќе 5 дена. Ме интересира дали ќе спласне сиот оток после одреден период кога ќе се исчистам, дали менструацијата ќе е редовна и навремена... искуство слично кажете. Благодарам. На ургентно отидов во средата, односно ппсле 3 дена крварење и болки.. и на ехо не се гледа бременост преку крв дозна... и со контроли ме следи, ама во вторник ми е следната па јас вака сама да прочепкам, да дознаам повеќе
Јас ноќеска имав спонтан Докторот ми рече да престанам со терапијата и Ерготил капки да земам. Дали има врска што сеуште нема ни 8 часа од Дабростонот поминато, или нема врска со нив ?
Да, ми рече да не правиме киретажа, само ќе се исчисти. За неколку дена ќе му кажам да отидам на контрола да видиме дали е исчистено.
Касно е да го редактирам последното мислење, сакав да прашам мене ми кажаа дека не ми треба антибиотик,само Ерготил, киретажа не ми направија. Ваше искуство за антибиотик при само чистење од missed ab
Кај мене се излезе природно, не морам киретажа. Ми рече за еден месец можам пак да забременам ако сакам. Ама јас не сакам сега, да се одморам психички прво.
Дали при медикаментозен абортус обилно крваревте? Јас веќе една недела крварам ама не обилно и немав болки.
Одлично. Само знаеш како викаат после ваква бременост шансите да останеш и да биде сосема се во ред сега се премногу големи. Но сепак твој избор е колку можеш ти толку психички да издржиш.
Некако многу ми е страв, цело време ќе се мислам дека пак ќе се случи и тоа 9 месеци ќе полудам.. Многу лошо..
Од искуство ти кажувам од паталец со мисед и одење по киретажи, анестезии сите бремености ми поминуваа во страв до последно. Секој пат со иста мисла, стравот нема да се изгуби исто и помислата немада те лажам за тоа ама желбата и упорноста победуваат на крај. Жално е што некои жени мораат да се борат на потешкиот пат али вреди се верувај
Да многу жално, ама скоро секоја втора жена има спонтан. Фала му на господ што имам едно дете и секој ден му се заблагодарувам, да ми се случеше ова на прво, јас ќе полудев.