Епа затоа и ти викам гледај позитивно не е се мед и млеко ама пак болката ти си ја знаеш каква ти е. Ете една позитивна работа е што природно остануваш бремена има на жени кои им е потешко стимулации, стоп инекции, ивф па сето тоа неуспешно години и години. Некогаш гледај и на посветлата страна, али и тие жени биле упорни и си добиле едно . Едно ќе ти кажам само биди упорна за да го добиеш тоа што сакаш
Јас како што пишав и претходно поминав без киретажа. Првите неколку дена ептен малку, од среда па наваму обилно. Имам закажано контрола за утре, ама многу се нервирам што имам вака. Можеби треба да се исчисти тоа што е, затоа што немав киретажа, ама сакам да слушнам ваше мислење и ваше искуство:
Подобро ти е природно да се исчистиш. Јас се природно се исчистив, на ехо ми виде дека нема ништп повеќе и ми рече за еден месец можам да пробам пак за бебе. Ама мене толку ме удри психички што сега не сакам така брзо да забременам.
Мене докторката ми рече кога имав спонтан да почекам 3 месеци т.е 3 добивања да имам па да забременам, и викам од што може да биде, вика дека е нормално, секоја втора имала спонтан а јас се чудам од што може а имам едно раѓање пред, и на крај испадна од хипо и хашимото, и тоа сама отидов да ја проверам штитната, имав мнооогу лоши симптоми и уште ги имам, помина повеќе од 3 месеци и уште тсх не ми паѓа и по тоа уште не смеам да забременам, и многу ми е тешко психички
Исто и јас психички многу лошо го доживеав ова. Следен пат и да забременам, цело време ова траума ќе ми биде во памет, и страв да не се случи пак.
Здраво девојки. Бев бремена 6та недела примав утрогестан 3 x1, но искрварив и примив прогестерон депо меѓутоа вчера и денес бетата опадна околу 120 и ми беше кажано да прекинам со утрогестанот за да искрварам односно да се исчистам сама. Дали некоја од вас имала вакво искуство и за колку време почнала да крвари?
За скоро ќе почнеш да крвариш малце да се исчисти телото неколку дена од прогестеронот сепак и инекција си примила.
Жал ми е, и јас поминувам низ истото.Јас почнав од третиот ден после спонтан обилно да крварам и уште имам, само не толку обилно. Се надевам дека ќе се исчисти и дека нема да имаш потреба од киретажа.
Жал ми е и за твојата загуба. Ти посакувам што побрзо да го пребродиш ова и за брзо да имаш пак две цртички.
Првиот пат после 33 дена, вториот пат ми дадоа циклопрогинова и откако го испив последното апче мислам по 3-4 дена добив. Почеток на месец ми беше киретажата, крај на месецот добив (ова за вториот пат)
Девојки, колку време после губење на рана бременост е најоптимално да се почека пред да се обидувате за бебе?
Јас после 4 месеци останав пак бремена и се беше во ред до крај со бременоста, тогаш се обидовме и одма останав, беше се во ред со испитувањата и имавме дозвола од доктор.