Не, таа бременост, првата беше од прв месец обиди, кога се решивме за бебе, одма бидна, амс заврши со миссед во 9та недела, престана срцето, па имав киретажа со вакум аспирација.
Dali bese so celosna anestezija? I kako e toa so vakum aspiracija kade pravese ako ne e tajna? Jas treba spored menstruacija da sum 9 nedela a spored plodot deka e mal 5 nedela samo sto nema srceva rekacija i trwba da se cistam samo se misla dali so kiretaza ili so apcinja
Во плодност правев Бт, да со анестезија, заспана бев, немаше физичка болка, прелесно помина таа процедура воопшто не ми е останато како лошо искуство, ама психата беше др работа, тоа болеше.. Кај мене беше исто 9та недела според менс, прво слушнавме срце, потоа престана да чука застанало нз 7ма недела да се развива, миссед абортус беше, не спонтан оти немаше крварење воопшто, поради тоа кај миссед мора киретажа оти само не се чисти, не крвариш воопшто, за таблети незнам како е, ама се случува да не се дочисти со нив па да треба плус и киретажа, со вакум немало гребење на матката затоа била подобра опција од класична киретажа, така знам јас.. Со лесно
Neznam dali ja ima taa opcija sekade so vakum inaku da strav mi e od grebenjeto, a jas bev prv pat na eho i neznam ni dali imalo prethodno srcebienje inaku i jas nemam krvarenje se mislev da pocekam uste nekoe vreme ama velat deka e stetno ako se cekalo poveke vreme da ne se raspadne plodot inaku mi e mnogu strav sto velis psihata e posilna od se
Собери сила, најверојатно е миссед и кај тебе, штом досега не се развива мислам не е во ред. Скоро секоја 2ра жена поминува низ ова, не си сама
Ме оставија да крварам, без киретажа и без апчиња. Околу 12 дена имав, на 10 ден бев, рече скоро се е исчистено. Еве неколку дена како веќе не крварам.
Zdravo, dali moze nekoj da spodeli iskustvo za prva menstruacija posle spontan so kiretaza. Mi rekoa ke dobijam za mesec dena posle kiretazata, posle mesec dobiv samo bledo rozevo krvarenje bez bolki koe traese 5 dena, posle 5 tiot den me fatija strasni bolki, neizdrzlivi, do onesvestuvanje,no bez krvarenje. Nikako da probie. Ne znam dali treba da odam na ginekogolog ili ds cekam.
И кај мене исто се’ е измешано, на 20 ден после киретажа добив менструални болки и темно кафеаво-црвено имав на улошка, после неколку денови само светло кафеаво по малку и на крај жолто само како секрет. Не ми е јасно менструација ли беше ова или уште од чистењето? Ме заболува и стомакот ама не како за добивање, така ниско долу, и мноогу ме боли половината овие неколку дена. Некаде прочитав дека времето што е вака никакво и од интервенцијата затоа болела половина. Некој друг со вакво искуство?
Јас почнав полека да крварам, бев на контрола и ми рече “жал ми е”. После ми рече имаме три опции, природно, со таблети и на крај значи на КРАЈ киретажа. Пошто почна да крвариш ми рече, ќе чекаме самиот плод да излезе, треба да добиеш јаки менструални болки, потоа ми направи термин за две недели, значи две недели ќе чекаше природно да излезе, ама мене за среќа 3 дена после терминот 4 дена после првото крварење ме фатија болки и плодот излезе сам. За среќа се се исчистив природно и немаше потреба од киретажа.
Јас мислам дека добив период. На 25ти мај ми излезе плодот после крварев уште три четири дена. Толку брзо ?
Толку брзо е треба хормоните да се средат. Оди на гинеколог. Јас кога првев киретажа ми дадоа ерготил капки и циклопрогинова од кога ги испив после 3 ден добив циклус и после тоа нормално си тераа циклусите никогаш проблем немав.
Можно ли е а било некое мало парче, па да се дочистило? Мене откако ми заврши крварењето после спонтан, два дена немав ништо, третиот ден мало парче придружено со крварење слабо, неколку минути и толку беше. Се слушнав со гинеколог, рече најверојатно тоа мало парче не испаднало, и се дочистило.
Da prasam prasam dali imavte simptomi koga plodot imase srceva rekacija i potoa koga nemalo.. Dali primetivte nesto?