Zdravo, jas nemav nikakvi simptomi, isti bea i koga imase srceva akcija, gadenje, glavobolka, bolni gradi, se bese isto.
Кога плодот имаше срцева реакција многу често мокрев и бев многу гладна цело време. Исто брзо се заморував, градите болни и цврсти. Други симптоми немав. После некое време останаа овие симптоми единствено градите малку ми омекнаа и не ме болеа и тоа баш тој период кога снемало срцева реакција.
Јас уште имам апетит ама не ми се спие како порано и кафето почнав пак да го пијам како порано и цигари а претходно неможев воопшто ми пречеше на желудникот. Значи може и затоа да ми се исчезнати симптомите нели
Мене само градите ми омекнаа и баш со една другарка се допишував, и викав “ко да не сум трудна”. Ете ама гадење имаше по малку само градите омекнаа и одма “???”. Имав некое предчуство и после ете почнав да крварам полека.
Не си прави лоши мисли тогаш, кај некои со тек на време им се намалуваат симптомите, не значи се’ спонтан. Која недела си?
Искрено не знам кога прекина да се развива плодот. Јас ден пред контролата во 8ма недела почнав да крварам. После следниот ден ми потврдија.
Тоа е проблемот што незнам која недела сум, едниот доктор ми рече 9 а плодот како за 5 и ми рече да одам на киретажа, а др. Дека сум покасно останала да почекам уште 10 дена као 4 со 6 недела сум, денес бев кај трет ми рече да чекам до понеделник ако не да се чистам...
Кај мене како нее развиен, нема срцева реакција а и јас веќе ги немам симптомите од претходно и ама уште немам прокрварено дали е тоа нешто да чекам да прокрварам или да одам да се чистам на време
Мене ми даде две недели да чекам да прокрварам. Добро ова мора гинеколог да го следи, ние не можеме да ти кажеме што да правиш. Имаш ли гинеколог?
1. Da odam da se cistam direkno deka trebqlo da sum 9 a plodot kako za 5 nedela, nema srceva rekacija 2. Da pocekam plodot e uste mal pokasno se. Ima. Fateno za 10.dena d a idam na kontrola, rano e uste za srceva reakcija 3. Da. Pocekam uste edna nedela ako ne da se cistam de nema dooformeno... Veke neznam. Koj sto. Mi ima kazano
Јас поминав низ истово годинава. На прв преглед само сакус, следна недела само жолто ќесе без плод, во 7ма недела плод што одговара за 6, во 8 недела плод што одговара за 5та и се суши. Срцева акција немаше о не одговараа мерките. 9гн со плод во 5та нема шанси да е покасно зачнато, преголема разлика е тоа. Почекај уште 1 недела, одлучи што ќе правиш. Со лесно
Исто ми викаа касна овулација иако им кажував дека имам точно утврдена овулација на средина на циклус. Дојди утре, дојди по два дена и така си стигнав до 9та недела (плодот одговараше за 5-6 недела) и кога почна да се суши завршив со медикаментозен абортус.
И како се реши со киретажа или медикаменти? Понеделник ќе одам здравје ако нем промени дирекно ќе ме чистат а дали знаеш да ги гледаш сликите