Јас побарав, матичната ми дозволи и морам да признаам дека беше болно. После 3 месеци пак останав трудна и пак неуспешна бременост ама тогаш морав на киретажа затоа што беше моларна. Со киретажата немав никакви болки, само психички ми беше потешко.
А дали испитуваше нешто мутации ова она зошто то се случило тоа два пати. И во кои недели Ти се случи
Имам мутации ама тие не направиле проблем. Се испитав после втората бременост и јас и маж ми и проблем нема. Така требало да биде ми рекоа. Како што ти кажав, за првата бременост на почетокот беше ок ама плодот си застана во 6та недела без срцева реакција и до 9та чекаа, почна да се суши, да се намалува. Сакав да направам испитувања ама докториве ми викаа нема потреба, се случува, ништо страшно и ги послушав. А во меѓувреме читав и ја истражував темата. Почекав два месеци и почнав пак со ободи. Одма останав трудна. Тогаш имав моларна, јас од тоа што го гледав на ехо знаев дека е моларна ама си ќутев. И јас и тие. Пак даваа шанса до 7ма недела, за после итно да ме пратат на киретажа. Си реков мора да имам некој проблем и ги направив сите испитувања (некои и по два пати) ама ете нема ништо. Господ знае зошто, како, што...
So kiretaza, zoso sakav da go ispitam zosto bese povtoruvacki abortus, ama nisto ne mi najdoa. Sega da se navratam, mozhebi bi odbrala so apce. Ama toa e shto e. Posle prviot spontan ispitav torc, brisevi, pap, mutacii. Posle vtoriot kariotip, tiroidna, antitela, shto sve ne i ja veke ne pamtam. Nisto ne ni najdoa, odgovor zoshto se slucilo, nema.
Неправилна гарнитура на хромозоми. Неконтролирано расте само плацента. Во мојот случај немаше плод ама и да има плод не е успешна бременост и 100% не се раѓа живо и нормално бебе.
Kolku godini imate? Molarna bremenost e povrzana so godinite na majkata Vtoro, kario tip imate li ispitano? Isto na imunologija eden razgovor da napravite so imunolog za dopolnitelni ispituvanja
29 и јас и маж ми. И кај двајцата кариотипот е добар. На имунологија ми направија уште некое испитување и тоа беше во ред. Се мислам да одам пак ама не знам што да барам. Од што многу читав за таа тема. Прати ми слободно, ама сепак не сум доктор.
Jas mislam da si odis zadolzitelno, gledaj da ti obrnat vnimanie, ne samo da te otkacat, taka trebalo da bide. Isto avtoimuni zaboluvanja da si ispitas, moze ke ti treba kortiko poddrska
Фала ти. Ме јаде црв, ќе одам пред да почнам со обиди. Приметив дека за нив се што нема очигледен проблем е "така требало да биде". Јас имам и премногу јак имунитет. Може нешто тоа да има врска?
Bas toa treba da si go ispitas, zatoa ti kazav na imunologija so site dokumenti I na maticniot ginekolog kazi mu upat za panel na avotimuni zaboluvanja i opst upat za imumologija, baraj go Petlickovski, usluzliv e mnogu, barem bese vo 2019g
Доколку сега на нареден преглед има срцева акција супер, но доколку нема ќе ти кажат докторите што понатака. Сепак они требале бета да ти испитаат 2 пати и ќе си знаела на што си.
Se oporavuvam poleka poleka.. Mnogu mi e podobro fala mu na boga, seuste osekam slabost na momenti zabrzano cukanje na srceto, imam uste krvarenje toa me zagrizuva, pijam Cikloproginova da se sredi ciklusot.. utre sum na kontrola vo klinika, ke mi kazat najverovatno sto i kako za ponatamu..
Според менструација си 10+1 недела. Според плодот и сакусот си 5+5 односно 6+0. Враќав наназад на твоите мислења и на 14ти јуни на ехо се гледал плодот дека е како за 5+5, а иста големина и на 20ти. Што ти рекоа, кога да одиш пак?
ПОНЕДЕЛНИК ми рекоа во чаир да идам да видат дали ќе има нешто ако не дирекно да ме чистат ама овој вториот гинеколог ми даде надеж некако денес планирам пак да одам кај него да видам што ќе ми каже
Не може од едно гледање на ехо да се утврди каква е ситуацијата, затоа најубаво да одиш стално кај еден доктор, а ако сакаш второ мислење можеш да отидеш и кај друг. Мислам дека денес ќе знаеш точно што се случува. Со лесно