Vitamin d najdobro e da bide nad 40 i napravi si ogtt test so insulinemija ostavi ti sto zborat ginekolozite trebalo ne trebalo ti gubes bremenosti ne oni
Zal mi e , ne seg da zavrsi ova se i ke baram se da ispitaat detalno sto e problemot, ako moze da se resi problemot ok ako ne da ne se nadevam na prazno
Никогаш не сакав да пишам на темава ама Божја волја.. Девојки/жени сите кои минале низ ова и минуваме болкава и празнинава е неопислива.. Милион прашалници имам во глава, некогаш се чувствувам како да живеам друг живот, некогаш се фаќам како сеуште го галам стомакот, некогаш сум лута, некогаш ми се плаче.. Не можам да разберам што се случи.. Во 16та недела го родив моето бебе, цела недела бев отворена 2 прста со спуштен водењак, лежев една недела на клиника со крената карлица но залудно, на крај мораше да ми пуштат инфузија со провокација бидејќи немаше решение никако не се крена погоре за воопшто да постои опција за серклаж.. До сам крај срценцето му работеше, 6 часа ми течеше инфузијата, ниту една болка не добив, со саати ми беше скроз доле а од пуста желба мајчинска да го задржам ни напони немав... Неделата пред ова да ми се случи два пати бев кај матичната, првиот пат дури и цервиксот го меревме беше 37 мм, после 3 дена јас добив температура до 38,5 се движеше, траеше 2 дена за што прво пиев парацетамол па после и антибиотик почнав.. Два дена пред да се отворам бев повторно кај матичната ради температурата земавме брисеви, ниту ми спомна водењак дека се гледа ни ништо.. После два дена јас завршив на клиника.. Дојдоа резултатите од уринокултура стерилнс, брисеви само кандида, торч се во ред.. единствено крвната слика што ја направив покажуваше црп 32.. што се случи не знам, резултати од патологија за 6 месеци.. Освен што ми препорачаа пред планирање на бременост најпрво да се измери убаво цервиксот, за да се утврди дали е во ред или би имало потреба од серклаж, друго не знам што да испитувам кога ќе дојде време ама ова не би сакала никогаш повеќе да го поминувам ниту јас ниту вие...
Штом се ти е во ред најверојатно е тромбофилија во прашање, зошто не секогаш но мутациите знаат да направат проблем. Баш ми е жал што си морала да поминеш низ тоа, но едно не ми јасно доколку се било во ред со бебето иако си била 2 прста отворена не можеше барем до безбедна недела да те чекаат за да те породат? Јас сигурно со првото едно 2 недели сум е шетала со 2 прста отворенни и на крај пак со провокации бев и на крај царски завршив. Премногу чудно за ситуацијава твоја ми е некако...
За жал бебето веќе беше многу спуштено долу и цервиксот воопшто и да го немаше и после една недела лежење и крварев тие последните 2-3 дена доста наместо да ми се намалува, дента и плодовата вода беше намалена.. јас бев во грч цело време се стегав а со саати ми беше во вагиналниот канал тој ден. едноставно немаше како колку јас и да се молев тие денови да се смени ситуацијата во моментот кога почнав многу да крварам колку и да не сакав да признаам длабоко знаев дека не оди на подобро
Ниедна жена да не ти е во кожа, само тоа ќе кажам да не ти ја осети болката. Ти сегА пополека стабилизирај се колку што можеш само еден совет ќе ти кажам не се затварај дома и сама да бидеш и да се изолираш.
Ти благодарам многу Дај Боже да имам сила да ги издржам овие тешки денови и да имам храброст за понатака
Zdravo devojki.. imam istorija so spontani i imav pak na kraj na april (betata ne se duplirase) moze i biohemiska ne znam posle toa uste dodeka krvarev otidov na lekar i on mi dade letrazol da probame pak ciklusot i nisto ne se desi si pocna nov ciklus . E sega naredniot ciklus (ovoj mesec)mi pocna na vreme no so temno kafeavo sto traese edna nedela i posle si dobiv normalno ali obilno i toa traese 4-5 dena i denes 11 den od ciklus imam uste kafeav iscedok ne obilno no na brisenje .. od pamet sum izvadena .. ne znam dali za tuka e postot ali veke ne znam kaj da se prasam bev na lekar on vika deka matkata e cista endometriumot e vo red megutoa uste imam kafen sekret. Fala vi na odgovorite
За капење во базен, езеро, море.. мене ми кажаа да поминат 2 недели од киретажата. А за вежбање мислам дека не би требало да има проблем, само да не се некои тешки вежби и да не се вклучени тежини, т.е повеќе вежби за истегнување. Дигање повеќе од 3-4 кг исто не се препорачува во првите две недели од киретажата.
Ova mi e 3 nedela posle kiretaza, na kontrola sum na 26 juli, prasuvam dali moze vo bazen domasen,sakavme da go otvorime..
Мене после 2 недели ми дозволија бањање, ама на море. За се' друго, јас од страв чекав да ми помине бар првиот циклус, па после.
Мислам дека комотно можеш да се опуштиш малце во базен. Сепак само вие домашните си се бањате и сигурно ќе го одржувате, башка чим го отварате сигурно е и чиста и свежа водата. Така што без грижи!