Мене ми рекоа ако не добијам за 6 недели да одам на преглед. Првиот пат добив на 37 ден, а вториот на 42 ден после киретажа.
Denes pravam 1 mesec od kiretaza, vcera imav bolki menstrualni i imam krvarejne verojatno e menstruacija? Utre sum na kontrola, dali ima vrska deka mi e dojdeno ili treba da go prezakazam pregledo za ko ce mi zavrsi?
Дали крвта од спонтан мириса поинаку? Пишував за мојата ситуација повеќе во друга тема, со близнаци сум, прокрварев, докторот се сомневаше дека е едниот близнак, ми даде терапија и сега мирувам, крварев само вчера денес е се помалку. Првично почна како водлест розев исцедок, потоа продолжи темно црвено и смени на кафеаво. Ова само вчера. Денес продолжи многу помалку, ама извинете на израз, ептен гадно кафеаво па дури и мириса поинтензивно. Следна контрола сум за некој ден. До тогаш цела прашалници сум, само читам по интернет, според описите свесна сум дека не е на арно работата, па ќе видиме дали е само едното или не дај боже го повлекло и другото. Конкретното прашање ми е, дали има правило за количината на крварењето при спонтан, бидејќи реално кај мене интензивно беше само 1 ден. Дали водлестото како течност а потоа темно кафеаво со мирис дефинитивно алудира на спонтан.
Сум немала апла спонтан. Првиот пат кога престана да се развива плодот немав воопшто крварење. Не знам дали е исто и со спонтан ама вториот пат имав моларна бременост имав кафено (како кал) цело време и Спојлер: Гадно мирисаше на скапано, на живо месо, не знам, гадно И не се скледисувај, не чекај една недела ако не можеш, оди порано на преглед.
Hsg napravi si i histeroskopija da se vide matkata i zal mi e mnogu za tvojata zaguba i ddimeri i hemostaza vo bremenost i brisevi za klamidija
Odi porano na dr i jas bev bremena so bliznaci i imav isto takvo krvarenje i edniot bliznak go izgubiv vo 6,7 ned a vtoriot fala bogu ostana I sega imam kerka 4 god ziva i zdrava
@Angella7 баш такво како што го опиша и ти, за жал. @Meckicja да ти кажам право и јас веќе мислам само за едното, нека ми прости Господ, ама ако е едното добро, лесно сум поминала. Ќе одам порано од закажаното и мене не ме држи да чекам една недела.
И јас имав слично искуство. Две недели после киретажа бев на контрола,рече се е ок, наредниот ден почна крварење кое траеше неколку дена со благи менструални болки. Пиев цикло прогинова, ми кажа да продолжам да ги пијам. Сега е веќе 5ти ден откако ги испив и очекувам редовен циклус, полека да се враќам во нормала. Како си сега? Беше на контрола?
После спонтан како се решавате на следна бременост? Кај мене помина веќе една година јас имам страв. Имав два спонтани и добро го поднесов тоа, нормално не ми беше сеедно ама цврсто се држев. Ама сега иако веднаш можев да пробувам не сакав, сега имам страв. Дури во Систина кога влегувам за сосем трета работа мене тахикардија ме мава, ми се враќа филмот за чекањето, стресот, стравот. Не знам како ќе се одлучам уште еднаш, најмногу од се ми е што син ми веќе разбира и се стресува кога одам на болница а ние немаме буквално никој кој ќе го причува и 5 минути. А последните два спонтани ми беа во сред ноќ со трчање во Систина а јас не сум од Ск. Со еден збор ужас
На колкаво растојание беа двата спонтани и дали правеше киретажа? Јас еднаш до сега во март оваа година имав киретажа, па сега одолговлекувам намерно за да помине што повеќе време, зошто се плашам дека нареден пат нема така лесно да се фати после киретажа или па биохемиска да не имам. Многу се плашам дека наредно може да биде само потешко. Дај боже да грешам
Инатот во мене не дозволи да останам само со едно. И јас имав тахикардии кога чекав ред за да влезам кај докторката ама што да се прави тоа е дел од нас, но еве веќе 22ра недела стигнав и тоа и трчам по малиот, дома се средувам јас, буквално нормално функционирам и се имам наштелувано дека не треба да мислам лошо си наоѓам занимации само па немам ни време.
Ме немаше некое време, и читам разни истории. Ама мора да сме силни и да си применуваме искуства. Јас имам до сега 3 неуспешни бремености. Првата плодот стигна до 9н. и не развиваше. Вториот пат стигнавме до 20н. и тоа е тука што најмногу ме боли (истече плодовата вода, имав покаченќни леукоцити во урина, плодот немаше аномалии) и третиот пат пак не де развиваше. кога требаше да биде 9н плодот беше 6н. Испитано хцг, хормони на 3 ден од циклус, маж ми проверен се. испитано торч инфекции, испитано генетски мутации и тромбофилија, испитано тироидни антитела. и уште резултати од кариотип да видеме. TSH моментално ми варира малку ми е покачено, па после два месеци ќе видеме како е, дали ке сум за терапија или не. Друго има ли нешто што да испитам?
Кај мене до соте резултати во ред ми дадоа клексани под сомневање дека немам протоци на плацентс и дека од тоа не ми се развиваа плодовите. А и зо првата бременост го имав овој проблем, но може да се појави во било која бременост, имало немало во прва, втора нема правило. Јани ми ги даде клексаните. И кариотипот ми беше ок иако не очекував поинаку зошто плодовите беа испитани ама ај нели да го имам на чисто.
Што би рекла @Brpbrp, инаетот не ми дава да кренам раце. Трета бременост во рок од една година со две киретажи во рок од 5м зад мене. Моите велат дека сум луда, маж ми ми се поклонува на храброста и одлучноста. Нема да останам на едно, ќе де борам до крај, не сум слабак и точка. Бетер од мене има, со по 10 абортуси, ифв и секакви интервенции, па не се даваат жените и така треба. На секое идење во систина нозе ми се тресат и враќаат, дур да влезам раце ми се потат, ми се лоши. Ама во оваа бременост влегов со се' или ништо, индифирентна, не ни разговаравме до муж за тоа, се понашавме како ништо да не било. Тек сега во 10гн маж ми прв пат ме гупна и ми погали стомак и пак е со резерва и ќе бидеме дур не се роди. Еве пред 5 дена бев на преглед се си беше во ред, вчера и денес имам тапи болки и прво си викам леле не леле што е сеа ова да не нешто не е во ред, после тоа си викам ако е не дај боже тоа, како Бог решил, така. Јас дадов се од себе, докторите исто, другото не е во моја моќ, ама нема да се предадам. Ќе родам уште две деца па светот нека се преврти
Sega kako shto razbrav Ogtt e neshto kako za skrien sheker li? Jas imam praveno i operativen zafat od cin. posle toa sr e prateno i grlo i se Grloto nema problem. Koga pravev cin mi gledaa matka vnatre se. isto taka so poslednata primav i kleksani i pak nisto
da da toa e skrien seker i najdobro e da go napraves ogtt test so insulinemija na endokrinologija i za tsh isto da se sovetuvas so endokrinolog
pravev skrien sheker pred nekoja godina, no sega da pobaram pal upat za toa i za endokrilog. uf koj ke aka pak po Skopje. ne sum od tamu . ama shto e toa e. A za kariotip mi rekoa rezultati okolu 3 meseci. Ne li mnogu