Колку клексани примаше во бременост? Можеби треба повеќе. Мене ова ми личи само на тромбофилија или евентуално антитела.
Примав секој ден од 0.4 Излезе некоја блага тромбофилија на резултатите. што не била толку страшна за да се случуваат абортусите
а на торч инфекции ми излегоа стари антитела на рубеола. што викаме ние да не е од кога сум имала сипаници
торч проверив на едно место. а зс генетески мутации во Скопје сега дали беше Имунологија не се сеќавам. Кога влагаш од главна капија скроз надоле последно е некаде и десно. Ме прати трансфузиолог. А за кои антитела поточно мислеш дали ми де испитани?
Генетски мутации е едно, антитела е друго. Антитела има многу, цела листа се, на имунологија посебно ги испитав,1250 платив за се комплет. Имунологија се наоѓа на скроз др страна од ова ти што го опиша, карши инфективна клиника е. Многу е битно да го испиташ и ова
Од првиот спонтан имаше 8,9 месеци разлика а еве од вториот веќе една година. Првиот пат бев со вакум вториот пат спонтан сама го исфрлив плодот. Нема да биде потешко за фаќање не се грижи, од прва останувам бремена, а за стравот не знам што да те советувам, јас сум моментално катастрофа со него.
Сите ги имаме тие антитела, од вакцината, IGg се, дека не се активни само носители, кај мене после првата бременост (9та недела изгуби срцева акција/миссед) испадна и Токсоплазма така IGg, ама мат рече не е од тоа, дека не е активна само сум ја прележала, па во 2ра и сега еве 3та бременост исто ја покажа IGg+.
Колку ти е ТСХ, треба под 2 да биде, од сите резултати само тоа ми беше качено, го намалив, моментално ми е 2 и тоа се загинатив дека мора да го средам, без терапија терав со исхрана само, строго внимавам ама ете пак страв. Малку ме охрабрите и вие дека морам да стиснам заби.
Кај Гордана сум. Мора да се решиш пак, вака со едно ли ќе останеш? Во последната бременост до каде стигна? Од која недела тогаш примаше клексани? Кариотипите ок ви се?
Има ли кој ден се испитуваат антитела, поврзани ли се со циклусот? За колку време излегуваат резултати? Дали треба и сопругот да испитува или само ние?
Може било кој ден, не се врзани со циклус. За сопругот знам дека има спермални антитела, нека пишат членките чиишто сопрузи испитувале